- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.810
- Поени од реакции
- 12.111
Доколку не може да се испраќаат пари преку македонскиот PayPal, тогаш можеш да пробаш преку словенечкиот PayPal.Еј луѓе чекајте, па погоре пишаа дека неможе на овој начин, туку дека мора стриктно да имаат buy now копче или сл.
Ако може од македонскиот paypal да се плаќа на одредена email адреса што е регистрирана на paypal, тогаш мене цела работа ми е завршена?!
Сигурно ќе успееш да ги пратиш парите, бидејќи @Volko1 во пост #2702 спомнува дека го користи/користел словенечкиот PayPal, а и @Inaoto неодамна успеа да се регистрира на словенечкиот PayPal и да ја верификува нејзината картичка, што значи дека сеуште е изводливо да се користи словенечкиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка.
Но сепак ќе мораш претходно да го решиш проблемот што го имаш со заборавената PayPal сметка, па откако ќе го решиш истиот, да се регистрираш на словенечкиот PayPal со твојата Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка. За ова јас лично би ти препорачал да го следиш мојот совет за пријавување на картичката за изгубена и да побараш од НЛБ Тутунска Банка да ти издаде нова Visa Electron дебитна картичка - откако претходно ќе ја уништиш сегашната која ќе ја пријавиш како изгубена - бидејќи оваа картичка што сега ја имаш веќе е верификувана на македонскиот PayPal, па дури и ако успееш да ја отстраниш од заборавената PayPal сметка, сепак сигурно PayPal ќе ја помни како македонска картичка и нема да дозволи нејзино верификување на словенечкиот PayPal.
Словенечкиот PayPal дозволува и купување и продавање, односно и праќање и примање пари, па сигурно ќе можеш да испратиш пари со кликнување на опцијата Send Money и со испраќање пари на физичкото лице на кое му ги праќаш парите со внесување на e-mail адресата на неговата/нејзината PayPal сметка, како што спомна @moongoses во пост #2697.