- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 1.644
- Поени од реакции
- 1.677
Значи според логикава, ако ја споредиме Русија со земји со голем број на жители (САД, Јапонија, Германија) ќе ја снема разликата во економските показатели. Во жителите е проблемот.Кафе шема муабет, веќе ми е слушнат истиов разговор и дебатиран.
Економски кога се споредуваат држави со приходи ГДП по глава, еден од критериумите потребен за споредба е приближен или ист број на жители.
А твојов модел на споредба се коси со секој економски поставен модел на компарација во економската наука.
Ако одиме со такви безмислени споредби кажи ми кои се бројките агрегатни на Полска и Чешка во споредба со Русија?
Еве земи подели го приходот кој Русија го остварува од продажба на нафта и гас, и таа бројка поделија со 148 милиони жители.
Споредбено земи ги истите бројки за нафтата и гас и подели го со население од 30 милиони жители.
Мислам и најнормален човек без познавање на економијата ќе ја спознае причината.
Русија нема 5 милиони жители како Норвешка, ниту 2 како Катар, ниту 28 како С.Арабија.
Да имаше Русија 2 милиони жители, ќе беше на ниво на Катар во поглед на ГДП.
Пример само.
Да не го барам постот каде што тврдиш дека ППП е најреален показател.Какви споредби прај феноменов, демек некој сарказам а на крај испаѓа као некој у фудбал ќе спореди напаѓач и дефанзивец... Шо е следно Катар е најразвиена држава на светот...
Настрана шала, мило ми е за Полјаците што стигнаа на ова ниво, но и тие си имаат проблеми, посебно демографски и емиграцијата како дел од тоа. Но, сепак одлично работено во пост-транзициониот период, за разлика од Украина небо земја. Но секако Спероу логика е дека Украина би била поразвиена само била про-западна, а Полска не би била на ова ниво ако била про-источна.