Рики не е обичен човек шо слуша турбофолк. Рики го брани турбофолкот, ги брани фановите, се натега поради тоа што јадат хејт и константно пробува да се докаже дека секој има право да слуша што си сака. Ја Рики го поштувам ради тоа, ама Рики бе, премногу ја тупиш ситуацијава.
Ти браниш еден тип на забавна "музика" кој што не се прави од афинитет кон музиката, не се прави од аспект на музичка вредност, туку шоубизнис со лесно певливи мелодични текстови со цел брзо просперирање во јавноста. Поддржано од сите тие шлајм медиуми станува свест на луѓето дека таа е вистинската забавна музика, дека ако не е српскиот турбо фолк (рецимо) нема на што чаши да се кршат, луѓето нема на што да се издуваат..
Новиот бран на квази музика на балканот е таква повраќаница што треба да си на лекарства ако мислиш дека е во ред.
Само да те исправам малце. Не е дека јас ја бранам музиката, колку што го бранам правото да слушам тоа што сакам, ко што рече нели. На тој дел сакав да се осврнам повеќе. Многу пати имам речено дека сум свесен дека тоа што го слушам нема некоја музичка вредност, барем не според критериумите кои некој човек како мене и тебе во одредено време и простор одлучил да ги постави за тоа што е музичка вредност, па тие критериуми денеска се општествено прифатени. Не пробувам да го наметнам мислењето дека музиката е добра, ниту да терам некого да слуша таква музика. Напротив, свесен сум дека по тој критериум не чини, но јас сум се погодил таков за мене баш таква музика да ми се свиѓа. Вкусот е субјективен, критериумот за квалитетна музика каков сака нека биде, не мора да имаме тенденција кон истиот. И нема што да се залажувам себе, да барам нешто ново и да го одбивам ова, кога ми се свиѓа оваа „повраќаница“ музика. Јас ќе си одлучам што ќе си слушам по дома, каква музика ќе ставам во телефон, што рингтон е имам и која песна ќе ми биде омилена. Се што сакав да истканам е дека не сакам тоа право да ми биде скратено, исто како што јас на никој не би му го скратил истото право за неговата музика. Пошто често слушам муабети како истата требала да биде забранета да се пушта било каде. Некој да ми забрани по дома да си слушам што сакам, мало морген.
А инаку вие што ги спомнавте навредите, што се однесува до нив, мене нема да ми бидат повредени чувствата ако некој мисли дека сум сељак чим слушам тоа. Мене не ми се свиѓа односот, некултурата. Мислам, многу е дволично и хипокритско да речеш дека некој е сељак ради тоа што слуша таква музика. Автоматски и ти си сељак пошто го вреѓаш човекот на таков начин. За овој дел апелирам на човечноста во секој од нас, колку-толку да се крене почитта кон туѓото мислење и да се стимулира културното однесување помеѓу членовите за оваа тематика. Ако веќе толку сакаш да збориш против тоа што не ти се свиѓа, аргументирај го на нормален начин, без вреѓање. Не мора на секоја тема за музика (артист, бенд, жанр или песна) која на некој не му се свиѓа, да фрчат коментари „да умрат сите што слушаат ова“, „гниди никакви едуцирајте се“, некои дебилни досетки за лајкови и слично. Тоа е тоа што мене не ми се допаѓа, а за тоа што некој ме смета за сељак ич не се секирам. Чим некој одлучил да ми го суди карактерот според само еден мој аспект без воопшто да ги запознае другите мои „доблести“ и без да ми даде „шанса“ туку од старт да ме отпише, нема што да имам било каков контакт со тој човек, уште помалку да ме тангира неговото мислење. Сметам дека ова е баш фер и треба повеќе да се припази при начинот на однесување.
Инаку темава не е конкретно за турбо-фолк. Мислам, знаев дека у таа насока ќе отиде чим јас ја отварам, али рачунајте дека општо за музиката и како се однесуваат луѓето за спротивните вкусови е
