Разликата помеѓу хејтот кон изведувачот и хејтот кон фановите

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување
Сакаш да кажеш дека луѓето се напињаат да слушаат некоја си рок музика и дека човекот е природно програмиран најмногу за турбофолкот, а цеца му е во вените? Шо има врска ако луѓето ги знаат песните на Цеца? Се е тоа пропаганда.
Не не погрешно си ме сфатил.Поентата ми е супериорноста што си ја припишува(ме). Факт е дека турбофолкот е еден од мејнстимите на ова поднебје. Можеш да не го слушаш но не можеш да го негираш овој факт.
Ете јас органски не го поднесувам. Знаеш што значи органски? Бегам ко куга од него или пробувам целосно да го исклучам слухот. Но не ми дава тоа мене за право да кажувам чија музика е супериорна и уште најважно дали таа инфериорност/супериорност (ако веќе постои) треба да се препишува и на личност што ја слуша.
Ете напраив мал парадокс погоре што изетикетирав “супериорни луѓе“, но мислам кога веќе самите си ја лепат етикетата зошто па да не.
Наречи ја пропаганда или како сакаш но факт е дека турбофолкот е субкултура во нашиве простори. Како и зошто, тоа е веќе друга тема за дискусија.
 
Интересно. Немам слушнато до сега некој металец, панкер, трансер, рапер и остали да се осеќаат на тапет, хејтани и слично. Не се замараат бе Рики. А и хејтани и вреѓани се, нели наркомани, сатанисти итн.
Најчесто слушателите на турбофоолкот сум приметил дека се сметаат за некакви калимеровци со неправди. Самите оставаат чувство како да ја имаат мувата на капата, па причина за некакво правдање и слично. Зошто?
Не треба да се замараш... Ако знаеш кои се твоите лични квалитети и вредности не би те болело стап што ќе каже некој друг. Зашто хејтот нема да исчезне од човештвото, останува на тебе како ќе го возиш.
 
Интересно. Немам слушнато до сега некој металец, панкер, трансер, рапер и остали да се осеќаат на тапет, хејтани и слично. Не се замараат бе Рики. А и хејтани и вреѓани се, нели наркомани, сатанисти итн.
Најчесто слушателите на турбофоолкот сум приметил дека се сметаат за некакви калимеровци со неправди. Самите оставаат чувство како да ја имаат мувата на капата, па причина за некакво правдање и слично. Зошто?
Не треба да се замараш... Ако знаеш кои се твоите лични квалитети и вредности не би те болело стап што ќе каже некој друг. Зашто хејтот нема да исчезне од човештвото, останува на тебе како ќе го возиш.
Си помислил дека можеби тоа е баш пошто турбофолкот е најжестоко хејтан жанр од сите?
 
Си помислил дека можеби тоа е баш пошто турбофолкот е најжестоко хејтан жанр од сите?
Да се надоврзам со мислењево на Рики, но и за металците на времето се калимерисувало кога се мислеле дека се небањати и се дрогираат. И тогаш металците калимерисувале. И праеле песни. Така да све у свое време.
 
Си помислил дека можеби тоа е баш пошто турбофолкот е најжестоко хејтан жанр од сите?
Не ми е логично, зашто тој жанр е веројатно најслушаниот на нашево поднебје.
 
Си помислил дека можеби тоа е баш пошто турбофолкот е најжестоко хејтан жанр од сите?
Нормално. Си заслужил. :D

Не не погрешно си ме сфатил.Поентата ми е супериорноста што си ја припишува(ме). Факт е дека турбофолкот е еден од мејнстимите на ова поднебје. Можеш да не го слушаш но не можеш да го негираш овој факт.
Ете јас органски не го поднесувам. Знаеш што значи органски? Бегам ко куга од него или пробувам целосно да го исклучам слухот. Но не ми дава тоа мене за право да кажувам чија музика е супериорна и уште најважно дали таа инфериорност/супериорност (ако веќе постои) треба да се препишува и на личност што ја слуша.
Ете напраив мал парадокс погоре што изетикетирав “супериорни луѓе“, но мислам кога веќе самите си ја лепат етикетата зошто па да не.
Наречи ја пропаганда или како сакаш но факт е дека турбофолкот е субкултура во нашиве простори. Како и зошто, тоа е веќе друга тема за дискусија.

Знам бе, те знам. :D

Болдираново е одговорот на целата дискусија овде за неправедниот хејт према таквиот тип на музика. Целата таа субкултура и империја со мозоци кои мислат дека навистина сме го зграпчиле животот и сме среќни што ни постои тој мејнстрим рап/турбофолк/рок безвезателен, е уствари создадена од неталентирани самопрогласени музичари со пари, со цел да се направат уште повеќе пари. И им успева фино, а Рики сеуште е тажен..
 
Да се надоврзам со мислењево на Рики, но и за металците на времето се калимерисувало кога се мислеле дека се небањати и се дрогираат. И тогаш металците калимерисувале. И праеле песни. Така да све у свое време.
Наведи примери.
 
Наведи примери.
Прашај ги само твоите дома или некој денешен senior citizen. И тие што слушале праеле бунт, и тие што органски не ги поднесувале. Коа ти викаат “као демек слушаш не знам што.. пааа јууу ти брате дрогираш се. “ Најбитно од се`, ваквите примери се случуваат во поконзервативни општества. Викате дека денес македонија не е толку... Можеби. Но сметам дека се` уште сме далеку од оној незамарантус као што слушал комшијата.
 
Хејтот за одредено миље на луѓе што слуша одреден на музика е малку незрело. Ко прво еве тргнувајќи од себе си, јас најчесто сум се поистоветувал и побрзо сум се поврзувал со личности кој слушаат слична музика како мене, ама тоа не значи дека јас нема да му дадам шанса на човекот до мене да го запознаам и под услов да ми каже дека слуша турбофолк или било што. Е сега порано и јас сум хејтал ликови што слушаат музика outside my comfort zone, али како растеш, сфаќаш дека секој си е entitled to their own opinion. Башка доаѓа еден момент кога веќе си доволно возрасен да пиеш. И ондак ти се дешаваат чуда и врагови кога си доволно начукан да уживаш и да потпевнеш некоја Цецина песна. Во слободно и трезно време јас слушам рок, ама сум 90% сигурен и гарантирам за 90% од членовите тука дека и они кога ќе испијат неколку деци повеќе алкохол се опуштаат и потпевнуваат на турбофолкот. Турбофолкот ти е модерен феномен. Тоа ти е музика што лесно влага на уво. Е сега замисли си ти да земе во песна со турбофолк инструменталка шабан шаулиќ да ти пее „лирики“ за како се оувердозирал другар му. Ако целта на одредена музика е да биде лесна на уво, нормално е и текстот како нуспојава да биде со „површна содржина“. Секој лик без разлика од годините сака да ја пушти главата на пасење и да има нешто да му труби во позадина ама не сака да биде додатно оптеретен. Реално, никад во срце не ме дирало „уно моменто успори темпо“ освен кога сум пијан. Човекот го креира својот вкус од средината што ја има и од музичката потреба што ја има. Истото иде и за комерцијлизам и хипстеризам. Потребата на еден човек да биде „комерцијала“ му е првично да се поистоветува со некоја група на луѓе, а кога ќе откриеш дека стварно ти се свиѓа тој тип на музика навлегуваш во некој други води. После решаваш во какво расположение си, и дали сакаш да ја оставиш буката во позадина да ти биде комерцијална и без некое размислување да ја слушаш или сакаш повеќе да ја истакнеш таа позадинска музика.
 
Турбо фолкот доаѓа од единствените посељачки балкански земји од Македонија. Истовремено е поп мутилација на фолклорната музика.
Ако сакате слушајте и wall noise, it's still fucking cancer.
 
Па што знам, престана народов да слуша турбофолк последниве години, барем јас таков впечаток имам.

Оф топик еден интересен текст, разлика помеѓу народна музика и турбофолк. Многу често се мешаат овие поими и страшно ме нервира.
 
Рики не е обичен човек шо слуша турбофолк. Рики го брани турбофолкот, ги брани фановите, се натега поради тоа што јадат хејт и константно пробува да се докаже дека секој има право да слуша што си сака. Ја Рики го поштувам ради тоа, ама Рики бе, премногу ја тупиш ситуацијава.

Ти браниш еден тип на забавна "музика" кој што не се прави од афинитет кон музиката, не се прави од аспект на музичка вредност, туку шоубизнис со лесно певливи мелодични текстови со цел брзо просперирање во јавноста. Поддржано од сите тие шлајм медиуми станува свест на луѓето дека таа е вистинската забавна музика, дека ако не е српскиот турбо фолк (рецимо) нема на што чаши да се кршат, луѓето нема на што да се издуваат..

Новиот бран на квази музика на балканот е таква повраќаница што треба да си на лекарства ако мислиш дека е во ред.
Само да те исправам малце. Не е дека јас ја бранам музиката, колку што го бранам правото да слушам тоа што сакам, ко што рече нели. На тој дел сакав да се осврнам повеќе. Многу пати имам речено дека сум свесен дека тоа што го слушам нема некоја музичка вредност, барем не според критериумите кои некој човек како мене и тебе во одредено време и простор одлучил да ги постави за тоа што е музичка вредност, па тие критериуми денеска се општествено прифатени. Не пробувам да го наметнам мислењето дека музиката е добра, ниту да терам некого да слуша таква музика. Напротив, свесен сум дека по тој критериум не чини, но јас сум се погодил таков за мене баш таква музика да ми се свиѓа. Вкусот е субјективен, критериумот за квалитетна музика каков сака нека биде, не мора да имаме тенденција кон истиот. И нема што да се залажувам себе, да барам нешто ново и да го одбивам ова, кога ми се свиѓа оваа „повраќаница“ музика. Јас ќе си одлучам што ќе си слушам по дома, каква музика ќе ставам во телефон, што рингтон е имам и која песна ќе ми биде омилена. Се што сакав да истканам е дека не сакам тоа право да ми биде скратено, исто како што јас на никој не би му го скратил истото право за неговата музика. Пошто често слушам муабети како истата требала да биде забранета да се пушта било каде. Некој да ми забрани по дома да си слушам што сакам, мало морген.


А инаку вие што ги спомнавте навредите, што се однесува до нив, мене нема да ми бидат повредени чувствата ако некој мисли дека сум сељак чим слушам тоа. Мене не ми се свиѓа односот, некултурата. Мислам, многу е дволично и хипокритско да речеш дека некој е сељак ради тоа што слуша таква музика. Автоматски и ти си сељак пошто го вреѓаш човекот на таков начин. За овој дел апелирам на човечноста во секој од нас, колку-толку да се крене почитта кон туѓото мислење и да се стимулира културното однесување помеѓу членовите за оваа тематика. Ако веќе толку сакаш да збориш против тоа што не ти се свиѓа, аргументирај го на нормален начин, без вреѓање. Не мора на секоја тема за музика (артист, бенд, жанр или песна) која на некој не му се свиѓа, да фрчат коментари „да умрат сите што слушаат ова“, „гниди никакви едуцирајте се“, некои дебилни досетки за лајкови и слично. Тоа е тоа што мене не ми се допаѓа, а за тоа што некој ме смета за сељак ич не се секирам. Чим некој одлучил да ми го суди карактерот според само еден мој аспект без воопшто да ги запознае другите мои „доблести“ и без да ми даде „шанса“ туку од старт да ме отпише, нема што да имам било каков контакт со тој човек, уште помалку да ме тангира неговото мислење. Сметам дека ова е баш фер и треба повеќе да се припази при начинот на однесување.

Инаку темава не е конкретно за турбо-фолк. Мислам, знаев дека у таа насока ќе отиде чим јас ја отварам, али рачунајте дека општо за музиката и како се однесуваат луѓето за спротивните вкусови е :)
 
Јас ќе си одлучам што ќе си слушам по дома, каква музика ќе ставам во телефон, што рингтон е имам и која песна ќе ми биде омилена. Се што сакав да истканам е дека не сакам тоа право да ми биде скратено, исто како што јас на никој не би му го скратил истото право за неговата музика. Пошто често слушам муабети како истата требала да биде забранета да се пушта било каде. Некој да ми забрани по дома да си слушам што сакам, мало морген.
Нема да се забрани ништо, што кревате паника. Имаш места каде се пушта рок, места каде се пушта хаус, каде се пушта кафанско, турбофолк, рап итн. Токму ради различните типови на луѓе и вкусови постојат овие места.
 
Aj вака кратко.

Чоекот е во постојано преиспитување на своите ставови. Впрочем и за тоа служи комуникацијата. Од друга страна упорно завлегување во одредени теми, и пробување на секое да се оправда сопствениот став, по мој заклучок асоцира на неколку работи од кои ете по мое најбитна е онаа да се нема доверба во вистината на резонираното, и пробување преку упорна битка со ставовите на другите, да се дозацврсти онаа мисла, да се излезе на крај победник, да се биде задоволен од преиспитувањето на ставовите, нешто ко официјално признание за сопственото преубедување и закотвување на мислата од претходно.

Спомнав дека истото алудира на некои работи од кои најбитна е таа што ја спомнав. Друга од тие работи е потребата да се зафркава човек на секое, ко шо јас ја дрвам со Редиохед бендот кој ете по мое е најдобар на сите времиња и секоја мисла која ми го негира моево размислување ама ич не ме тангира. Се драпам кога имам вишок време,се преубедувам затоа што ми е досадно и гледам некоја интересност во истото, со Ред Џон муабетите ни се скроз на другарска база и си правиме клизачи и тоа е тоа (ова го пишувам да не се втурни некој со аргумент, ама ти вака така само преиспитуваш). Секогаш назначувам зошто дебатирам на та тема.

Заклучок најбитен од се: Терај си го животот ко шо ти чини на курот, ако нешто ти е убаво и те радува прави го (е сега ако ја прошириме темава на што е тоа морално, бла бла, ќе појдеме у курац до недоглед али нека останеме на уметничките работи кои не исполнуваат за да не забегаме). Не си роден за да ги фасцинираш другите, ниту си роден за да им го направиш денот поубав. Направи си го на самиот себе. Те радува цеца, слушај ја, те радува Твајлајт и Патисон, гледај го. Те хејтаат оние кои дел од слободнот време трошат на перцепирање од повеќе агли и призми на уметничките дела, нека те хејтаат куро да те боли. Животов е премногу краток за да им се придава важност на овие малечки работи. Да бидеш навреден е исто непотребно. Да ја сфатиш пресериозно навредата, исто. Изживеј го животот ко шо си наумил, оствари си ја целта која си ја замислил, таа главната, и барај ја среќата низ убавите работи.

Mуабетењето нека ти биди само средство за интелектуално развивање, не зборувам за музика, општо. Биди подотворен, зато шо во спротивно ќе се окаректизираш со тврдоглавост и егоизам кои можат само да те уназадат и постават бариери во полесна и подобрра надградба како личност.
 
Ај да се умешам, иако често сум знаел да го испукам Рики и no offence ама ако би бил админ еден ден би те банирал од музика (Крајност, те почитувам како човек, не те почитувам со делот за музика).
Исто и делот за кој безрезервно се бориш, Чорба пресветиот пред многу години во една така по позната песна рече: За идеале, гину будале. И другарот Тито го пикна во затвор.
Поминаа многу години додека сфатив колку бил во право. Често влегувам во конфликти за музика. Ама скоро секогаш имам некој издржан став. Посебно кога се споредуваат изведувачи од некој сличен/ист жанр за кој што имам поголемо познавање.

Извини, во турбофолк, не сум нашол ниту еден толку добар текст, не сум нашол добар аранжман, не сум нашол мелодија. Сум нашол квази rip off на германско техно бит или happy hardcore, сум нашол воземјански силовања на сајзер додека се свират народњачки ноти. Не, лошо звучи. Ако некој нешто упорно ти пропагира нешто, не значи дека мора да го прифатиш или купиш.

Сум се движел со различни луѓе, металци, панкери и останати стереотипни суштества во тип на: наркомани, насилници, штотикурзнам се уствари најфини луѓе. А знаеш ли каде најмногу тепачки се дешавале? Свесен си дека ќори пијани металци и тие шо се шминкерите по тф локали се две различни нивоа? Свесен си дека вторите се далеку поопасни да ги сретнеш на улица кога се пијани? (првите најмногу што ќе ти направат е да те замолат за цигари пошо останале без пари ама секогаш ќе споделат чашка со тебе) А другите ќе ти акнат стереотип: беај бе наркоман. Додека самобендисано си го мерка сакото.

Така да, ако веќе ги класифицираме луѓето по музиката и ако и ти си дел од горенаведените, сериозно ми е жал. Секогаш има исклучоци, но сепак, и ние сите сме хејтерите така? Хејтери пошо не ја можеме ќелавицата кој шо не можам да го глеам пошо ми се повраќат секогаш.

За вкусови не се разговара, а уште помалку се расправа. Ако ти тоа го сметаш како уметност, како совршенство, што и да е, „проповедај“ го, но не го наметнувај. Еден ден ќе наидеш на разбирање, а останатите ќе се хејт. Get used to it, ама ипак запомни: За идеале, гину будале...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom