Разликата помеѓу хејтот кон изведувачот и хејтот кон фановите

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Возраст
30
Локација
Скопје
Очигледно е дека токму јас сум тој кој ја отвора темава од веќе познати причини, па сега кога го спуштам штитот, сакам чисто да продискутираме за феноменот при кој на форумов, а и пошироко, опстојува (и се зголемува) потребата да се докаже која музика е подобра и дека другите што слушаат различна музика се поглупи од нив. Буквално поглупи, јасно и гласно искажано и сугерирано од многу ликови.

Акцентот на дискусијава би сакал да го ставам токму на она што го пишува во насловот, поточно вториот негов дел. Имено, факт е дека сите имаме различни вкусови за музика, а тоа со себе повлекува емоции при кои оние изведувачи кои се сосема контра на она што му се допаѓа на индивидуалецот, предизвикуваат нервоза кај него и таа потреба која ја спомнав да тој го искаже истото преку негативни коментари кон фановите на таа музика кои понекогаш потекнуваат од стереотипни предубедувања. Лично, немам ништо против првиот дел, и јас имам некои музичари кои не ги сакам воопшто и не сфаќам како некој може да ги слуша, но често се воздржувам од коментари против нив. Сепак, слобода на говор е да изразиш незадоволство од одреден музичар, тоа никој не може да го брани. Но, имам многу против тоа кога омразата се пренесува врз љубителите на музиката, кога „тој што го слуша ова треба да се обеси“ и знаете какви се други коментари, коментари при кои директно се навредувани и омаловажувани луѓето поради нивниот избор за музика, музиката која е нешто без кое ниеден човек не може да живее.

Моето прашање до вас е, зошто? Зошто не можете да ги оставите луѓето да си слушаат што сакаат? Зошто мора да се мешате во нивниот личен избор? Зошто мора да го навредувате човекот поради одлуката која тој ја донел, одлука која е приватна? Зошто кај вас постои таква потреба да му го наметнете на некого вашето мислење? Зошто мислите дека некој вреди помалце од вас поради тоа што слуша музика која вие ја сметате за неквалитетна? И најважно од се, зошто сакате да му забраните на некој да слуша нешто што навистина му ја исполнува душата, што му прави да пројде низ среќни и тажни моменти во животот, исто како и вие што поминувате низ такви моменти со вашата музика?

Запаметете дека пред се, сите сме луѓе и доколку не си ги цениме меѓусебните разлики, па отидеме до степенот каде би пробале да ги елиминираме разликите, ќе станеме ништо освен копии со исто размислување и без никаква разновидност, една досадна сива позадина во која сите ќе се претопиме и ќе го преземеме првиот чекор кон апсолутна монотоност во нашата иднина на овој свет.

Ги чекам размислувања, тролањата и најлајкуваниот духовит коментар :)
 
Зошто тука прашањето е дали ти со тоа што нејќеш едни луѓе да вреѓаат други луѓе кои слушаат музика која не им се допаѓа на првиве, им го забрануваш правото на слободен говор?
Зошто да не вреѓаат луѓе?
Тука не зборуваме за тоа дали поривите им се базирани на рационални премиси, знаеме дека не им се. Бар ја знам. Нивните пориви се емотивни, елитистички и најчесто резултат на лепење етикети и симплифицирани генерализации.

Но проблемот е уште подлабок. Проблемот е во тоа што навредените се плашат дека ќе почнат да веруваат во тоа што го кажува агресорот. Дека можеби е во право...
Ако го натераат да не ги хејта за тоа што го слушаат, длабоко во себе ќе се убедат дека тоа не е вистинито. Дека општеството нема да ги осуди. Знаеш зошто? Пошто им е битно што другите мислат за нив и се вреднуваат себеси врз основа на тоа како ги вреднуваат другите.
Длабоко во себе се плашиш дека можеби тоа што слушаш Цеца ти ги придава карактеристиките кои ти ги препишуваат Анте и Станко, говнарите кои мислат дека ако слушаат бибоп џез дека го фатиле Господ за левото маде.

Оваа тема е манифестација на твоите стравови.
Не е ново тоа што луѓето се мешаат секаде, го наметнуваат својот вкус како апсолутен квалитет од истите пориви поради кои ти се фураш лошо ако некој го хејта твојот вкус.
Али глеј, не можеш да го смениш тоа.
Можеш да се помириш со плиткоста на луѓето и да не ти е гајле.

Ова ти го кажувам пошто и ја лично повремено патам од истите стравови, колку и да знам дека се нерационални. Има некоја мутава емотивна компонента у потребата да припаѓаме, да сме дел од општеството, без разлика на тоа колку сме индивидуалци и вуци самотњаци по природа (ова од себе и моите повремени асоцијални карактеристики тргам).

Ја што праам у такви ситуации? Го девалвирам у себе тој што ми се исфурал до степен на ментално хендикепиран аутист. Се осеќам боље.
Ме заболе дали е така или не...
Пробај и ти, јако е. Не се замарај да дебатираш и полемизираш со такви, нема поента.
 
Немојш да не ја хејташ онаја пример јавно шо кажвит дек е курва и дек би се клецала за пари со онај дебелион од спотон...онаја бе шо пејт "пари да видам после ќе ме ќариш" ...

Македонскиов модерен турбо фолк немојш да не го хејташ. Остај спонџи шо го фалит тој е од ова генерација сега по 14/15 години шо се и шо секојдневно се трујат со ова срање од музика.
 
Зошто тука прашањето е дали ти со тоа што нејќеш едни луѓе да вреѓаат други луѓе кои слушаат музика која не им се допаѓа на првиве, им го забрануваш правото на слободен говор?
Зошто да не вреѓаат луѓе?
Тука не зборуваме за тоа дали поривите им се базирани на рационални премиси, знаеме дека не им се. Бар ја знам. Нивните пориви се емотивни, елитистички и најчесто резултат на лепење етикети и симплифицирани генерализации.

Но проблемот е уште подлабок. Проблемот е во тоа што навредените се плашат дека ќе почнат да веруваат во тоа што го кажува агресорот. Дека можеби е во право...
Ако го натераат да не ги хејта за тоа што го слушаат, длабоко во себе ќе се убедат дека тоа не е вистинито. Дека општеството нема да ги осуди. Знаеш зошто? Пошто им е битно што другите мислат за нив и се вреднуваат себеси врз основа на тоа како ги вреднуваат другите.
Длабоко во себе се плашиш дека можеби тоа што слушаш Цеца ти ги придава карактеристиките кои ти ги препишуваат Анте и Станко, говнарите кои мислат дека ако слушаат бибоп џез дека го фатиле Господ за левото маде.

Оваа тема е манифестација на твоите стравови.
Не е ново тоа што луѓето се мешаат секаде, го наметнуваат својот вкус како апсолутен квалитет од истите пориви поради кои ти се фураш лошо ако некој го хејта твојот вкус.
Али глеј, не можеш да го смениш тоа.
Можеш да се помириш со плиткоста на луѓето и да не ти е гајле.

Ова ти го кажувам пошто и ја лично повремено патам од истите стравови, колку и да знам дека се нерационални. Има некоја мутава емотивна компонента у потребата да припаѓаме, да сме дел од општеството, без разлика на тоа колку сме индивидуалци и вуци самотњаци по природа (ова од себе и моите повремени асоцијални карактеристики тргам).

Ја што праам у такви ситуации? Го девалвирам у себе тој што ми се исфурал до степен на ментално хендикепиран аутист. Се осеќам боље.
Ме заболе дали е така или не...
Пробај и ти, јако е. Не се замарај да дебатираш и полемизираш со такви, нема поента.

Се согласувам со голем дел од постов. Точно е дека проблемов е подлабок, но ајде да се задржиме на онај површниот дел. Болдираното ме заинтригира. Што мислиш, дали музичкиот вкус има големо влијание при оформувањето на нечиј карактер ?
Често се случува некој да ги базира впечатоците за некоја личност според тоа. Само затоа што не им се допаѓа одредена музика, автоматски и фановите на истата не им се допаѓаат. А се работи за перцепција, неможе секој исто да перцепира некоја песна. Општо музиката сите различно ја доживуваат. Како што кажа се работи за етикетирање и генерализации.
Можеби и на некои луѓе музиката не им е некој голем фактор во животот? Му се допаѓа, си слушаат.

Точно, замарање и расправии не се потребни. Рики, искрено мислам дека пристапот кон проблемов ти е наопаку :D. Многу храбро од твоја страна што се обидуваш да ја разработиш тематикава, притоа директно да ги испитуваш причините за навреди, а самиот знаеш дека нема да прекинат. Фокусирајсе на тоа како да не се замараш со туѓи мислења. Музиката што ја слушаш не те дефинира како карактер, иако такви тврдења често ти наметнуваат.
Слушај си се се што ти прај ќеиф :)
 
Последно уредено од модератор:
Рики не е обичен човек шо слуша турбофолк. Рики го брани турбофолкот, ги брани фановите, се натега поради тоа што јадат хејт и константно пробува да се докаже дека секој има право да слуша што си сака. Ја Рики го поштувам ради тоа, ама Рики бе, премногу ја тупиш ситуацијава.

Ти браниш еден тип на забавна "музика" кој што не се прави од афинитет кон музиката, не се прави од аспект на музичка вредност, туку шоубизнис со лесно певливи мелодични текстови со цел брзо просперирање во јавноста. Поддржано од сите тие шлајм медиуми станува свест на луѓето дека таа е вистинската забавна музика, дека ако не е српскиот турбо фолк (рецимо) нема на што чаши да се кршат, луѓето нема на што да се издуваат..

Новиот бран на квази музика на балканот е таква повраќаница што треба да си на лекарства ако мислиш дека е во ред.
 
Ја не ни слушам многу српско, и на крај испаѓа дека 90% од луѓето што ги знам околу мене што хејтаат српско знаат текстови на некои турбо фолк песни што не се мејнстрим.

Зошто луѓето хејтаат луѓе со различно мислење од нив ? Бидејќи секој има високо мислење за себе си, и сака себе си да се смета за интелигентна личност што воопшто не е плитка.

На пример имаш спот на Гергана, и имаш спот на ..шо знам Рејдиохед.
Нормално луѓево на форумов нема да ти кажат дека им се допаѓа спотот на Гергана пошто е 90% голотија, нешто што не се асоцира со интелигенција на пример.

Истово е и кај филмови на пример.

На пример ако кажеш дека хејташ опера а слушаш бугарско ќе бидеш окарактезиран како плитка личност бидејќи повеќе уживаш во нешто со голотија него ли во нешто каде што имаш публика во која што имаш професори, доктори или што ти ја знам. Исто има и личности што уживаат во музика (а ова важи за многу работи) која што се смета за неинтелигентна (пример турбо фолк) ама во страв дека ќе бидат окарактезирани како глупи самите се убедуваат дека не им се свиѓа тоа и почињаат да слушаат друга музика за да се "вклопат" во општеството демек.

Социјален е проблемот уствари. Како мене ќе ме примат во друштво на паметни луѓе/ или како луѓето ќе ме сметаат за паметен ? А знам ! Ќе хејтам нешто што другите го хејтаат. Бидејќи нели ако не слушам некоја музика, и не зборам за истата како е тапа, како ќе дознаат другите дека сум паметен ?

Или отиди во темана за Лешоски..99% од коментарите се хејт за истиот како бил тапа и него читале и како имал ептен фанови. А буквално цела тема е со хејтери.
Што знам можда сум меѓу ретките што не хејтаат гласно нешто што не слушаат/гледаат/читаат. На Лешоски една песна му имам прочитано, не ми се допадна, не го следам, не ни зборам за него пошто..нели збориш за работи што ти се допааѓаат.
Твајлајт првиот дел го изгледав, не ми се допадна, не ги ни гледа другите делови, и не можам да зборам за квалитетот на другите филмови нели.
Од Бобан Рајовиќ да ме прашаш една песна сега нема да му знам, логично и глупо е да викам како глуп ти е вкусот за музика што не ја слушам, исто како и што не слушам дет метал па да зборам за истиот.
(гледаш сегае фалење како сум различен од другите дека не хејтам ? Сфаќаш сеа што е финтава со "другиве" и како мора да се покажеш дека си паметен ? )

Исто и на форумов е..ако не исмејуваш членови што други ги исмејуваат како ќе знаат дека си дел од кул ликовите и дека си интересен ? Не дај боже на пример да влезеш во дискусија во некој што другите го сметаат со интелигентен пошто тогаш си глуп.

Затоа Рики нема да успееш со паметните овдека и ќе се јадеш со Сунѓер Боб за лајкови (глеаш, и сунѓерот го пецнав, мора вака ако сакаш да бидеш успешен :icon_mrgr::icon_mrgr: )
 
Хејтам луѓе шо хејтат други луѓе оти хејтаат.
 
Се согласувам со голем дел од постов. Точно е дека проблемов е подлабок, но ајде да се задржиме на онај површниот дел. Болдираното ме заинтригира. Што мислиш, дали музичкиот вкус има големо влијание при оформувањето на нечиј карактер ?
Често се случува некој да ги базира впечатоците за некоја личност според тоа. Само затоа што не им се допаѓа одредена музика, автоматски и фановите на истата не им се допаѓаат. А се работи за перцепција, неможе секој исто да перцепира некоја песна. Општо музиката сите различно ја доживуваат. Како што кажа се работи за етикетирање и генерализации.
Можеби и на некои луѓе музиката не им е некој голем фактор во животот? Му се допаѓа, си слушаат.
Ја не го оспорувам фактот дека вкусот влијае при оформувањето на карактерот кај некои луѓе. Што сумњам е дека вкусот влијае кај сите луѓе. Секакви луѓе, слушаат секаков вид на музика од секакви пориви. Некои идеолошки се приврзуваат кон одредени бендови, други се заинтересирани за музичкиот аспект, а трети за да им брмчи нешто у позадина.

Пошто практично болдираното ти е исто со тоа што го пишав сеа, тоа е тоа.
 
Бмрчење во позадина воопшто не е лошо. Исто како идеолошката поврзаност и интересирање за музичкиот аспект, некои луѓе едноставно сакаат да си имаат soundtrack за филмот што го возат :).
 
@dragonsky не дека ти држи муабетов вода, но најголем дел држи оноа кај што луѓето тераат една т.н. извештачена мода или т.н. хисперизам - слушање на нешто што е демек оригинално и не припаѓа никаде, посебност yada yada yada, се` додека не им се исречи ете Рики со Цеца која 80% од балканот и` ги знае последните неколку албума. Но ете Рики е простодушен и си признава дека е само човек, док надредните ја осеќаат таа надмоќност и тераат сеир на сметка на неговиот вкус дека бил недоволно изграден. На крај вкусот е само вкус и ете можеби ќе го натера Рики повеќе да се заинтересира околу тој жанр и да истражи, или па по одредено време и да смени нешто. Менлива категорија е. Најголемиот проблем е што тие надредените забораваат кои биле пред да го заслушаат омиленото парче музика и оттука е нивниот проблем.
 
Сакаш да кажеш дека луѓето се напињаат да слушаат некоја си рок музика и дека човекот е природно програмиран најмногу за турбофолкот, а цеца му е во вените? Шо има врска ако луѓето ги знаат песните на Цеца? Се е тоа пропаганда.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Луѓево денеска се чудо, мислат дека имаат право да не бидат навредени од никого и ништо. Луѓето што слушаат српско се сељаци :icon_lol:. Ако тоа те вреѓа тоа е твој проблем не мој. Имам пријатели што слушаат српско и никад не сум им замерил што слушаат или па мислам дека јас сум подобар од нив пошо не слушам српско. Значи не ги ставам под мене.
Е сеа ако праиме муабет за музика у мои очи они секад ќе бидат сељаци :icon_lol:. Пошо објективно немоеш ни да направиш споредба у квалитет меѓу трубофолк и било која друга музика ( рок , метал , џез, блуз чак и хип хоп) толку се далеку во квалитет.
 
Рики брат, од една страна да ,на пример јас имам најмногу бурек јадено за турбофолк и фаците шо ја слушет истава музика, се имам безброј пати расправано за истото а пази, истово тебе шо ти се дешават со турбофолков, кај мене се дешавало со транс и транс журките(Наркомани, секташи, луѓе без иднина, пропалици,од дома избркани, итн итн.) Безброј муабети, глупости секакви.
Муабетов ми беше, знам како ти е и те разбирам. Сам против сите, заебано :)

Така да , неам право сеа овде да бистрам политика(ради ова погоре шо го кажав) ама најдобро решение е да не се замараш ич шо,како, кој мислит и да си рокаш како шо сакаш. :D
 
Мора да исхејтам и да си кажам дека никогаш во животов неам пуштено песна од тие Радиохеадс (или како се викет не знам) и нема ни да пуштам.
Исто толку ги хејтам и Пинк Флојдовци.
Џез слушам пошо убај деца се збирет во џез кафичи, па мора да слушам шо ке прам. Иначе и то не ме бендисвит.
Овие хард рок метал шо се дерат ко несаглам, не можам да ги смислам.

Слушам музика шо е способна да ме "возит", да ми вибрират душава и да црпам позитивна енергија. Мојт да се погодит од еден изведувач/група, само 1 песна да ми се бендисвит, џабе тие 10 албуми прает. И така со све остало...

Значит, супорт за Рики, и еден огромент хејт за тие шо мислат дека слушањето на српско било штетно по здравјето.

И така... уште еднаш еден огромен хејт до сите хејтери на српско.

:kuracc:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom