Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Ниту Јован ниту Павле не се повикувале на еврејската традиција, ниту пак подучувале во синагоги и биле ословувани како раби - учител.

Тачно: Јован и Савле беа хиндуски традиционалисти и читаа проповеди од Ведите...[DOUBLEPOST=1421671528][/DOUBLEPOST]
Никаде во евангелијата фарисеите не го обвинуваат за тоа, а ако бил ерген, и ако се претставувал како учител, итекако ова ќе било предмет на обвинување од страна на еврејските свештени авроритети.

Фарисеите и садукеите се надмудруваа со Христа по прашањата од Законот Мојсеев, а евреите од Синедрионот и регуларните свештеници, Го обвинија Христа оти се изедначил со Бога, нарекувајќи се Себе Си „Син Божји„.

Така, ниту еден писмен еврјески традиционалист не Му најде маана на Христа, поврзана со Неговата безбрачност.

Плус, сам Христос, Мајката Божја, Св. Јован Крстителот, Св. Ап. Павле и други, со својата безбрачост, се претходници на монаштвото.
 
Тачно: Јован и Савле беа хиндуски традиционалисти и читаа проповеди од Ведите...[DOUBLEPOST=1421671528][/DOUBLEPOST]

Фарисеите и садукеите се надмудруваа со Христа по прашањата од Законот Мојсеев, а евреите од Синедрионот и регуларните свештеници, Го обвинија Христа оти се изедначил со Бога, нарекувајќи се Себе Си „Син Божји„.

Така, ниту еден писмен еврјески традиционалист не Му најде маана на Христа, поврзана со Неговата безбрачност.

Плус, сам Христос, Мајката Божја, Св. Јован Крстителот, Св. Ап. Павле и други, со својата безбрачост, се претходници на монаштвото.
Ниту Павле ниту Јован не подучувале во синагоги и не биле ословувани како раби (учител)! Колку што имале врска со хиндуизам и веди, толку имале врска и со јудеизам и еврејска традиција.
Што се однесува до фарисеите, тие го обвинувале Исус за многу нешта, но никаде не е обвинет дека не е семеен човек! А ерген да влезе во синагога, да чита од тората и да му се обраќаат со учителе (раби) е невозможно.
 
Ниту Павле ниту Јован не подучувале во синагоги и не биле ословувани како раби (учител)!

Генијален заклучок...

Посебно ценам генијални мисли кои се однесуваат на очигледни нешта: да, Јован бил пустник и секако дека не подучувал во синагога (во пустината немало синагоги, нали..), а Савле бил фарисеј, еден вид еврејски секташ па секако дека подучувал во синагога. Види во Делата Апостолски, 9.1. и 9.2 од каде е видливо дека Савле имал контакти со еврејските свештеници и синагоги и со старозаветните Писма. Јовановите ученици се наведени во Матеј, 9.14.

Затоа пак сам Христос Е именуван со „рави„ од предавникот Јуда. Види во Матеј, 26.25.

Он сам се именува за „рави„ со Матеј, 23.8.[DOUBLEPOST=1421679344][/DOUBLEPOST]
Што се однесува до фарисеите, тие го обвинувале Исус за многу нешта, но никаде не е обвинет дека не е семеен човек!

Тоа и јас го велам: оти да имаше потреба од брак за да биде учител, тогаш Христос би бил клеветен од фарисеите и за тој Негов „пропуст„.[DOUBLEPOST=1421679425][/DOUBLEPOST]
А ерген да влезе во синагога, да чита од тората и да му се обраќаат со учителе (раби) е невозможно.

Христов воопшто не поучувал според Тората, туку спред својата наука. Токму затоа, Он го укина јудаизмот и ја основа Црквата, како новозаветен одбран народ Божји.
 
Генијален заклучок...

Посебно ценам генијални мисли кои се однесуваат на очигледни нешта: да, Јован бил пустник и секако дека не подучувал во синагога (во пустината немало синагоги, нали..), а Савле бил фарисеј, еден вид еврејски секташ па секако дека подучувал во синагога. Види во Делата Апостолски, 9.1. и 9.2 од каде е видливо дека Савле имал контакти со еврејските свештеници и синагоги и со старозаветните Писма. Јовановите ученици се наведени во Матеј, 9.14.

Затоа пак сам Христос Е именуван со „рави„ од предавникот Јуда. Види во Матеј, 26.25.

Он сам се именува за „рави„ со Матеј, 23.8.[DOUBLEPOST=1421679344][/DOUBLEPOST]

Тоа и јас го велам: оти да имаше потреба од брак за да биде учител, тогаш Христос би бил клеветен од фарисеите и за тој Негов „пропуст„.[DOUBLEPOST=1421679425][/DOUBLEPOST]

Христов воопшто не поучувал според Тората, туку спред својата наука. Токму затоа, Он го укина јудаизмот и ја основа Црквата, како новозаветен одбран народ Божји.
Савле бил римјанин а не фарисеј, Јован бил пустиник, самопрогласен пророк, ни едниот ни другиот немале титула раби. Исус од друга страна, многу пати е ословуван како раби и според евангелијата го читал законот (тората) во синагоги. За некој што не е семеен човек, тоа е невозможно, еврејските старешини никогаш не би дозволиле ерген да подучува и да се нарекува раби.
 
Може ли некој да ми даде 5 црвсти докази за постоењето на бога?
 
Ај вие што сте по христијани од мене кажете ми ова држи вода или....?



Нововоспоставената традиција фрлање на светиот крст во вода на празникот Богојавление воопшто не е во согласност со христијанските традиции и не треба да се прави, вели теологот Јован Таковски, професор по догматика на Богословскиот факултет на МПЦ „Свети Климент Охридски“.

Зошто сметате дека ова е спротивно на христијанските канони?

- Овој обичај не е христијански, не е православен. Тој е преземен од грчките обичаи, исто како што презедовме и некои други обичаи што воопшто не ни се својствени, како што се палењето бадник или колењето курбан. Ваков обичај се појави во Грција кон крајот на 19 век, во периодот кога Грчката православна црква беше во најголема духовна криза. Оттаму се прошири и кај нас. Имаше обид да се прошири и во Русија, но таму го спречија. Тој воопшто не се практикува во најголемиот дел од православните земји. Се прави само во Грција, кај нас и во поново време во Србија, но пак под грчко влијание. Во другите православни земји се прославува така како што треба, само со светење вода. На Света Гора, на пример, монасите само го спуштат крстот во водата за да ја осветат и ништо повеќе.

Во моите проучување на свети Климент Охридски, на пример, никаде не сум нашол дека Богојавление се одбележува со фрлање на крстот. Тој ги повикува верниците да се причестат, да земат света вода, да ја однесат во домовите, но никогаш не му се случило да го фрли крстот во водите на Охридско Езеро. Она што се прави по нашите цркви како празнична служба е во ред, с` до моментот кога се фрла крстот. Значи ли ова дека оние верници што во близина немаат реки и езера, не можат да го прослават празникот како што треба?

Дали на ова ги предупредивте владиците од Светиот синод на МПЦ?

- На тоа им укажував во повеќе наврати, но одговорот секогаш беше ист: како на народот да му се објасни дека ваквата традиција воопшто не треба да се прави. Ми рекоа, гледаш колку народ се собира на бреговите на реките. Оттогаш, не е ништо сменето и празнувањето оди по старо.

Имате ли чувство дека ова прослава на извесен начин се комерцијализира, дека се делат подароци, поради кои се случуваат и тепачки меѓу верниците?

- Да. Факт е дека чинот на фрлањето на светот крст во водите е искомерцијализиран. Со тоа добива димензии што ја надминуваат суштината на празникот. Се добива впечаток како добивањето фрижидер или шпорет да е најголем мотив за фаќањето на крстот. Ја слушнав изјавата на едно момче што го фати крстот и рече дека е добар „христијанин“. Замислете, не знае ни зборот христијанин правилно да го искаже. Има многу трагикомични ситуации при ваквото празнување. Едноставно, не можам да го одобрам тоа. Затоа и никогаш досега не сум отишол на Камениот мост во Скопје да го гледам фрлањето.

превземено од: http://think.mk/pregled/frlanjeto-na-krstot-ne-e-hristijanski
 
Савле бил римјанин а не фарисеј,.

Седи, „0„.[DOUBLEPOST=1421877027][/DOUBLEPOST]
Савле бил римјанин а не фарисеј,

Савле бил евреин, припадник на фарисејската еврејска секта, познавач на Стариот Завет и на еврејската традиција, а бил римски граѓанин според римското право, бидејќи тогашниот Израил бил окупиран од римските цареви и империјалисти.[DOUBLEPOST=1421877426][/DOUBLEPOST]
Јован бил пустиник, самопрогласен пророк,

Јован е старозаветен монах, не е самопрогласен, туку од Бога одбран, да го најави почетокот од Христовата спасителна задача.
 
Последно уредено:
Седи, „0„.[DOUBLEPOST=1421877027][/DOUBLEPOST]

Савле бил евреин, припадник на фарисејската еврејска секта, познавач на Стариот Завет и на еврејската традиција, а бил римски граѓанин според римското право, бидејќи тогашниот Израил бил окупиран од римските цареви и империјалисти.
Значи ти упорно тврдиш дека според еврејската традиција, нема ништо погрешно во тоа ерген да биде прифатен како раби, да подочува во храмот и слично?!
 
ни едниот ни другиот немале титула раби..

Од проста причина, што не ни биле дел од официјалното еврејско свештенство.[DOUBLEPOST=1421877529][/DOUBLEPOST]
За некој што не е семеен човек, тоа е невозможно, еврејските старешини никогаш не би дозволиле ерген да подучува и да се нарекува раби.

Како што е познато, еврејските старешини уопште не се занимавале со „брачната„ Христова состојба, туку со сосема дуги нешта.
 
Од проста причина, што не ни биле дел од официјалното еврејско свештенство.
Епа тоа е поентата! Ти се повикуваш на еврејската традиција! Еве што напиша:
Христос беше повлечен од световни дејанија, поради потребата од навршување 30 годишна возраст, од која, по еврејската традиција, човекот можел да почне да се занимава со учителска дејност.
Ако Исус не бил женет, нема теоретски шанси фарисеите да не упатиле ниту една критика поради тоа! Нема теоретска шанса да подучувал непречено, да бил нарекуван раби и да го читал законот (тората) во храмот![DOUBLEPOST=1421877749][/DOUBLEPOST]
Како што е познато, еврејските старешини уопште не се занимавале со „брачната„ Христова состојба, туку со сосема дуги нешта.
Тоа некоја баба што знае само свеќи да пали да ја лажеш. Еврејското свештенство не би дозволило такво нешто ни во сон.
 
Ако Исус не бил женет, нема теоретски шанси фарисеите да не упатиле ниту една критика поради тоа! .

Посочи каде е забележана таа критика кон Христа.[DOUBLEPOST=1421877862][/DOUBLEPOST]
Тоа некоја баба што знае само свеќи да пали да ја лажеш.

Напиши ми една вистина. Една, не две, не три...[DOUBLEPOST=1421877930][/DOUBLEPOST]
Еврејското свештенство не би дозволило такво нешто ни во сон.

Нагаѓаш...
Или, и нагаѓањата ти е вистинити по автоматизам.[DOUBLEPOST=1421877993][/DOUBLEPOST]
Епа тоа е поентата! Ти се повикуваш на еврејската традиција! Еве што напиша:
.

Знам што напишав: дека Христос ја следел и еврејската традиција.
 
Посочи каде е забележана таа критика кон Христа.
Па тоа е поентата! Нема никаде критика дека бил ерген! А ако бил, нема теорија ниеден еврејски свештеник да не го обвини поради тоа! Евреите си имаат строги правила и услови! Ако некој не е семеен човек, неможе да се бави со учителска дејност! Неможе да биде нарекуван раби, неможе да влегува во храмот и да чита од списите![DOUBLEPOST=1421878351][/DOUBLEPOST]
Нагаѓаш...
Или, и нагаѓањата ти е вистинити по автоматизам.
Не нагаѓам, знам!
 
Савле бил евреин, припадник на фарисејската еврејска секта, познавач на Стариот Завет и на еврејската традиција, а бил римски граѓанин според римското право, бидејќи тогашниот Израил бил окупиран од римските цареви и империјалисти.
Не е точно.
Со тоа што Рим ќе окупирал некои делови, тоа население не станувало граѓанин на Рим. Исус не бил граѓанин на Рим, ниту Петар Јаков Марија.....
Римското граѓанство било комплицирана категорија составена од многу компоненти и нивоа кои на различен начин се заслужувале. Пошто Савле бил богаташ, веројатно е да тој свој статус го купил (еден од начините) или служел како римски легионер 20 години (друг начин) или го добил како награда за особен служба на Рим и римската власт. Како син на евреин (неримјанин), тој немал римско граѓанство по автоматизам.
Повеќе пати велев, седнете проучете историја и ќе ви станат јасни работоите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom