Најдов на нет еден прилог, кој добро ја осликува проблематиката за која што дискутиравме малку... иако е вон темата (економично), сепак се работоти за затоплување... Во случајот загревање со дрва и јаглен... во случајот во Србија - град Ужице, веројатно по големина може целиот да го собере во арената Филип II.... (се извинувам што е на чужд јазик, ама добро го разбираме нели)? Поентата ми е штетноста од користење цврсто гориво за загревање:
http://www.novosti.rs/vesti/srbija.73.html:409907-Uzicane-davi-cadj
Užičane davi čađ
Milionske investicije i gasovod nisu smanjili katastrofalno zagađenje vazduha. Ordinacije pune dece. Jedini „lek“ prelazak na gas, ali narod nema para
UŽICE - Krivac što su ovih dana ordinacije na dečjim odeljenjima Doma zdravlja i Opšte bolnice u Užicu pune obolelih mališana, dobro je poznat - masovno grejanje na drva i ugalj. I ove zime prouzrokovano je katastrofalno zagađenje vazduha. Nivo čađi u užem centru grada u jednom trenutku bio je pet puta iznad dozvoljene vrednosti. Nepodnošljiv smog izaziva akutne i hronične probleme i zdravima, a kamoli najmlađima.
вели во написот: нивото на pM честички во кубен метар е 240 милрограми те. чад... (максимално дозволено е 50 иако СЗО препорачува пониски вредности) Во Скопје Битола Тетово... (тоа е чинам половина Македонија!?)... оди и до кај 500! Барем во Ск... кога имаше мерења! Сега незнам дали има, ама немам сретнато, ми се чини дека никој не објавува! Голем фактор и причинител што СК го става на листата на најзагадени градови во Европа на прво место!!!
Да, економично е и многу убаво, па и не многу штетно за оној во просторијата го користи, освен ако не спие нели во таа просторија - греењето на дрва, најубаво, најромантично - милина! Ама на Шапка, во Маврово, Кицбил, Боровец, Шамони или Гармиш Партен Кирхен.... ама не во Лондон, Београд, Москва, Париз... па и во помали градови како Скопје Битола Тетово...дури и уште помали! Ете го примерот со Ужице Србија. Ужице кое зимно време станува Узас-е....ни кажува дека ни помалите градови не се поштедени!....И да замислиме што би се случило, доколку властите дозволат, а народот се префрли од централно, плин или од струја на дрва... во Берлин Париз или Лондон...само 30% од домакинствата преминат на цврсто ‘‘романтично‘‘ затоплување!? Близу милион оџаци! Ужице во споредба би изгледал како ботаничка градина!
И уште нешто. Ќе повторам,скапите инвертори и клими се привилегија на богатите граѓани, но не сум убеден дека и клима уредите се!... Па видовме дека дузина луѓе на форумов, па и лично јас што познавам неколкумина ми имаат кажано користат и се презадоволни од загревање со обични клима уреди кои на пазарот чинат колку обична печка на цврсто гориво - толку цца 200 Евра! Да се потсетиме дека трошат 2-3 пати во просек помалку од било кое електрично грејно тело! Можат да се користат до -7 степени целзиусови... е сега, за сите 5-10 дена во годината, во кои температурата оди под -7 бил голем проблем!? Дури и во тој случај некои тврдат немаат проблем и на тие ниски температури, па ги користат без поголеми проблеми обични клими, секако на тие температури и COP факторот не е таков, те не се премногу економични, ама сепак се работи за десетина дена ... и верувам не би било трагично како опција, ако сите тие дестина дена со поларни температури во грејната сезона (поладни од -10) се користи и дополнително ел. грејно тело. Сепак грејната сезона не е 10 дена туку е 6 месеци! Не обидувајки се и немајки намера да ја оспорам вредноста и квалитетот на топлинските пумпи, инвертори... кои нудат и поголема економичност, подолготрајни се и овозможуваат многу поголем квалитет на загревањето..... но сепак и обичните клими можат да си ја вршат работата, а рековме чинат од 12-20К....