Ova sto go pisuvas brat e naucna fantastika. Po tvoe ako gream so panelki i imam izolacija od 15 Kw za m2, 100 m2 za 5 meseci grejna sezona, vo prosek ce gi gream so:
5mes.x30dena=150 denax24 casa=3600 casa, 1875kw/h:3600= 520W/h
Koj e toj sto vo Makedonija ce gree stan od 100m2 so fasada od 30 m2 koja ce cini 1000e i ce se gree so 0.5 Kw/h potrosuvacka na cas? Pazite sto pisuvate! Kolku sto jas znam 50KW za m2 e super super izolacoja, a 150kw po m2 e prosecna izolacija.
Se nadevam deka ce se slozis deka nesto ne e vo red so gorniot post, bidejci ako e taka i jas bi se slozil so tebe deka klimata ne e najeftina investicija tuku vakva "kosmicka" izolacija greenje na sialici, kompjuter i TV, duri nema da mora ni panelka....
Златко, математиката е комплетно точна и е во ред.
Знам дека многу луѓе не се запознати со концептот на пасивна градба. Кај пасивната градба објектот така да се изразам се загрева сам од себе, поточно се загрева од топлината која ја испуштаат уредите во домот и самите луѓе. Пример само еден човек испуштал околу 100W за 1 час. Целта е да се отфрли потребата од греење и грејни тела за загревање на објектот. Има и други елементи за да може куќата да се класифицира како пасивна како на пример, воздушна заптивност, потрошувачка на сите други електрични уреди не поголема од 120KWh на годишно ниво, па тоа бара електрични апарати од А+++ категорија, но тоа не е релевантно за загревањето. После 2020 сите објекти кои ќе се градат во ЕУ мора да бидат пасивни.
Самиот концепт не е нов. Првата пасивна куќа е изградена во раните 90 во Дармштад. Концепот е тестиран и потврден во пракса.
Еве неколку линкови за да се запознаеш со самиот концепт.
http://passiv.de/en/
http://en.wikipedia.org/wiki/Passive_house
Накратко да објаснам, целта е потребата од енергија за затоплување на биде не поголема од 15KW по 1м2 на годишно ниво. Генерални насоки се U за надворешните ѕидови вредостите да не бидат поголеми од 0,15W/m2/K и за прозорите 0,8W/m2/K. Да објаснам. U вредноста покажува колкава топлина се губи преку 1м2 од ако разликата помеѓу температурите од едната и другата страна е 1К. Инаку 1К=1 степен целзиусов. Значи ако твојата проектирана температура во станот е 20 степени а надвор е -15 тогаш разликата е 35 степени или 35*0,15=5,25. Во таков случај ти губиш 5,25W топлинска енергија која мора да ја надокнадуваш за температурата да биде константна. Меѓутоа ако соседниот стан до тебе е исто така загреан на 20 степени, преку заедничкиот ѕид не губиш топлина бидеќи температурите се исти. Заради ова јас реков дека во стан температурата се губи само преку еден ѕид (надворешниот). Е сега обичната цигла (гитер блок) односно ѕид изѕидан со неа, која најчесто се употребува во изградбата кај нас има U вредност од околу 1,5 и за да се добие 0,15 мора да се употреби некаква изолација која најчесто е стиропор. Кај прозорите ситуацијата е многу поедноставна. Скоро секој профил со 3 стакла каде едното е Low-E стакло и има исполна од аргон, постигнува вредности од 0,8 или многу блиску до 0,8.
Еве ти најдов и еден калкулатор за да видиш различни пресметки за U вредностите кај различни градежни материјали и потребните изолации. (
http://ytong-calc.cmass3.info/).
Значи погоре споменатите 15KW/m2 се однесуваат на потребата од енергија за топлење а не за изолацијата.
Потребата од 50KW за 1м2 е не е ништо посебно. Со потрошувачка дури и според македонските стандарди не си во А класа. Еве ти енергетски пасош од зграда од Адора, таму можеш да ја видиш енергетската класификација на потребите за греење.
http://adora.com.mk/mk/vesti/78-vesti/450-prv-energetski-pasosh
Од 50 до 100 KW/m2 е C klasa. Сметај дека нашата класификација е малку полабава од EU.
Е сега зошто јас реков дека 60.000 се потребни за изолација на стан ако има 30м2 надворешен ѕид.
http://mega-ku.mk/flaer/
Види ги цените за рофикс термоизолациониот системот. Со 5цм стиропор цената на материјалот е 555 денари. Е сега потребата на останатите елементи лепак, арматурна мрежа и сл, со искучок на типлите не зависат од дебелината на стирипорот но зависат од површината. Стиропорот се пресметува со 1цм дебелина. Така во флаерот цената на 5 цм стиропор е 150 денари, односно 30ден од 1цм дебелина. 20цм дебелина на стиропорот ќе додаде уште 450 денари, односно целиот систем со 20цм ќе кошта околу 1000 денари, работната рака е до 600денари за 1м2. Еве уште 400 денари непредвидени трошоци.
Значи ако сакаш евтино да се грееш а си во зграда најдобро е да ги убедиш комшиите да наместите термоизолација на целата зграда. Што можеби е најголем проблем. Кај куќа е друг проблем бидејќи надворешните зидови кои треба да се изолираат ретко кога се помалку од 250м2.
Има една добра книга за широката јавност ако сакаш да научиш нешто повеќе за греење, ладење и системи за греење и ладење.
Stedljivije grejanje од Tomislav Toth, мислам дека ако ја побараш на интернет ќе ја најдеш.
Во краен случај мислам дека можеш и да ја симнеш програмата КnaufTerm за пресметка на топлински загуби. Голем дел од енергетскиве контролори мислам дека ја користат токму оваа програма за издавање на енеретски сертификати. Таму можеш да ја си играш и со димензиите и типот на изолација и да пробаш различни сценарија пред да наместиш изолација, односно да видиш колку се топлинските загуби со различни изолации. Мислам дека имаше и еден пример во самата програма за Битола, за некоја банка. Програмата мислам дека е freeware. Побарај ја на http://www.knaufinsulation.rs/
Се извинувам да долгиот пост, ама морав да објаснам некои работи.