Баш ме интересира кои ќе бидат мерните единици на полезност? (не тролам).[DOUBLEPOST=1421147992][/DOUBLEPOST]
Дали противуставноста е во самиот текст, или во самото техничко спроведување? Каква е правната последица за централизација и концентрирање моќ во надворешни тела кои сепак припаѓаат на образовниот процес?
Поважно, каква ќе биде фактичката последица од таа централизација и концентрација на моќ во одредени институции?
Противуставноста е во самиот концепт на државен испит, државата преку Одборот за акредитација и евалуација, да провери дали студентите биле добро научени од професорите и уште еднаш да ги испита на истиот материјал. Сеа сменија, Одборот нема да биде формиран од Владата, туку од Собранието, а јас искрено не гледам разлика. Собранието е политичко тело и истото ја формира и Владата на РМ. Кај нас, Собрание=Влада, посебно во сегашни услови. Нема врска тоа што Собранието со Закон ги формира државните универзитети и остава можност за отварање на приватни универзитети. Автономијата и академската слобода се објаснети во самиот ЗВО.
Понатаму, дали Собранието е стручно да го формира Одборот за акредитација и евалуација или тоа треба да го направи некој постручен, да речеме, Интеруниверзитетската конференција? Понатаму, зошто и акредитацијата и евалуацијата се надлежности ставено на исто тело. Како беше тоа, кадија те тужи, кадија ти суди. Прво ќе дава акредитација на факултетите, па после ќе провера дали ги исполнуваат критериумите. Според мене тоа треба да се две различни тела.
Факт е дека со овие промени на ЗВО, преголема надлежност и моќ ќе се стави на Одборот. Државен испит, организирање на програмите на факултетите, избор на начинот на оценување и слични работи, кои во самиот Закон се пропишани како дел од академската слобода на универзитетите. И сеа сите од овој Контра-пленумов ќе се тепаат да бидат во тој Одбор, кој да лапне повеќе паарички (не се мали пари). И ќе дојде ситуација кога тој Одбор ќе решава кој ќе добие диплома, кој нема да добие. Што ќе ти универзитети тогаш? Ако толку сакаат контрола...овај полезност за државата од високото образование, нека отворат нешто што личи на универзитет, ама да не се вика така, нека биде финансиран 100% од државата и прај што сакаш таму, произведувај „стручни“ кадри.
Да не правам едит погоре, слободно иди на страната на Собранието, во материјали најди го текстот на предлог законот. Присуство на членови од министерство за време на полагањето.
Не се нарушува автономијата никако, нормално е да има членови на извршна власт на универзитетите.
Секаде во земјите кои го имаат Болоњскиот систем, со 360 кредити се станува доктор на науки. Кај нас - магистер.