Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Епа сеа да те прашам .... Ти се жалиш овде дека си полагал на три прашања материјал по еден предмет од 1200 + страници, кај 1 професор, по 1 предмет.. и нешто као не си најсигурен дека тоа е најсигурен начин за испитување.. а овде збориш дека треба да се воведе Државен испит, во кој во 2-ра и 4- година, ќе полагаш и тоа само факинг 5 прашања, за цела една година, од 8-9 предмети што си ги полагал и си стекнал знаење и заверил семестар дека си ја завршил годината?!?!
Па каде бе! :pos::pos::pos::pos:

у осталом ако не си задоволен од оцената, можеш секогаш да преполагаш, а и да бараш од деканат да полагаш пред комисија.. тоа се ствари што самиот Факултет т.е. Универзитет си ги решава..

А пак и од овој аспект, не глеам никаква поента за Државен испит.. :))))))))

А и од овој аспект, исто така, пак се нарушува автономијата на Универзитетите со Државниов.. ама ај..



Е тука те чекав.. ако не си експерт за образование.. онда едно е ти да сакаш да се воведе Државен испит, друго е да „Јас мислам дека ќе самиот испит ќе даде позитивен придонес можеби не којзнае каков ама ќе даде“, а сосема трето е да дадеш аргументи...

Е тоа те прашав погоре...
Реков дека не сум најсигурен дека тоа е вистинскиот начин исто како што не сум сигурен за државниот испит. Таков сум по природа скромен и не сакам да тврдам нешто за кое мислам дека немам доволно познавање. Истото би ти го препорачал и на тебе освен ако не работиш во некој сектор во образование последниве 20-30 години :-).
 
Ви се чудам на паметот, со кои влегувате ви дискусија.

пуста желба за докажување кога некој те ебава во здрав мозок..

чоек у право си ... шо да ти кажам... Не еднаш сум го помислил.. ама ај... си велиш, ваљда нешто ќе смени..... :-/
 
Префрли се на философски. :) Ако не е толку страшно тестирањево зошто тогаш толку револт :):
Зошто водењето на државата не е игра.
Ја до сега сум полагал 100 пати и едно вакво полагање на глуп државен испит ни мене ни на некој друг студент ќе му биде страшна работа, зошто и претходно сме полагале, ама не е тоа поентата. Еве мене пример за да се спремам за државниов испит би ми требало 1 недела, ама пак ќе кажам не е тоа поентата.
Поенатата е да воведуваме мерки кои ќе имаат долгорочен ефект, не е поентата да воведуваме глупости у државава (а глупостите што се случуваат се премногу). Поентата е да го направиме нашето општество подобро. Поентата е да направиме вистински промени во образованието и вистински тоа да се промени на подобро.
Еве спомнав и погоре со правосудниот испит, државата никогаш нема да признае дека згрешила, што е катастрофално. Затоа и сега на правниците во материјалот за правосуден испит им се вклучени и 50 глупави книги, само за да се покаже дека преведувањето на странските книги не е промашен проект...
Ради ваквите глупи и непромислени промени ние сме пример на 123то место (иако годинава се очекува да одиме уште подоле) по слобода на медиумите и на претпоследно место во Европа според тие стандардни тестови што ги решаваат основците (не знам деца од кое одделение ги решаваа ваквите тестови)...
Ете затоа е револтот и протестот.
 
Ви се чудам на паметот, со кои влегувате ви дискусија.

Барем некој друг ќе го прочита паметот. На избори не можеш да си го презентираш, на сопсвениот советник во општина не може да си го презентираш, во партија не смееш да си го презентираш, на сопствениот пратеник не можеш да си го презентираш, на фејсбук не смееш да си го презентираш, во официјалните институции не можеш да си го презентираш.

Едно обично пиво со пријатели е мачно и летаргично, а што останало за другите социјални интеракции.

Ешалоните се недопирливи, допирливите креваат раменици, никој ништо не знае, никој ништо не може да одлучи, се некој непознат налага нешто, човек да не знае како да се однесува со другите, без разлика на која опција припаѓаат. :(
 
Реков дека не сум најсигурен дека тоа е вистинскиот начин исто како што не сум сигурен за државниот испит. Таков сум по природа скромен и не сакам да тврдам нешто за кое мислам дека немам доволно познавање. Истото би ти го препорачал и на тебе освен ако не работиш во некој сектор во образование последниве 20-30 години :).

:pos::pos: Од твоја уста во нивни мофлести партиски уши! ахахах Дај боже да работев у таков сектор :-))))

А за Државниов испит.. чоек мењаш мислење од страна во страна.. ама ај... Поентата ми е ако не си толку сигурен за Државниот испит, немој толку жустро да го браниш како што го браниш страници наназад....

А за вистинскиот начин на полагање.. ти реков.. си имаш деканат.. комисии.. професори, асистенти, демонстратори.. таму ќе бараш.. А не еден државен испит се ова да ти го „преиспитува“... абе не ме зезај чоек..
 
:pos::pos: Од твоја уста во нивни мофлести партиски уши! ахахах Дај боже да работев у таков сектор :))))

А за Државниов испит.. чоек мењаш мислење од страна во страна.. ама ај... Поентата ми е ако не си толку сигурен за Државниот испит, немој толку жустро да го браниш како што го браниш страници наназад....

А за вистинскиот начин на полагање.. ти реков.. си имаш деканат.. комисии.. професори, асистенти, демонстратори.. таму ќе бараш.. А не еден државен испит се ова да ти го „преиспитува“... абе не ме зезај чоек..
Па добивам потреба да одбранам нешто кога гледам како еден објавува вест и после него во рок од 60 минути се фрлаат дрва и камења од 20 души со коментари од три збора - глупости, ѓубре, срамота и тн. :-) А тоа дека жустро сум бранел не е точно и самиот викаш дека дури ти личело и дека сум ги менувал ставовите така да...
а за вистинскито начин - а што мислиш кој ги составува овие прашања и целиот систем? Еве во моментов има преку 300 професори доценти и други научни работници кои го поддржаа законов и сигурно ќе бидат дел од неговото креирање. Или тоа не ти значи ништо пошто нели овие се продадени за мали пари џубриња и не знам што.[DOUBLEPOST=1421157386][/DOUBLEPOST]
Зошто водењето на државата не е игра.
Ја до сега сум полагал 100 пати и едно вакво полагање на глуп државен испит ни мене ни на некој друг студент ќе му биде страшна работа, зошто и претходно сме полагале, ама не е тоа поентата. Еве мене пример за да се спремам за државниов испит би ми требало 1 недела, ама пак ќе кажам не е тоа поентата.
Поенатата е да воведуваме мерки кои ќе имаат долгорочен ефект, не е поентата да воведуваме глупости у државава (а глупостите што се случуваат се премногу). Поентата е да го направиме нашето општество подобро. Поентата е да направиме вистински промени во образованието и вистински тоа да се промени на подобро.
Еве спомнав и погоре со правосудниот испит, државата никогаш нема да признае дека згрешила, што е катастрофално. Затоа и сега на правниците во материјалот за правосуден испит им се вклучени и 50 глупави книги, само за да се покаже дека преведувањето на странските книги не е промашен проект...
Ради ваквите глупи и непромислени промени ние сме пример на 123то место (иако годинава се очекува да одиме уште подоле) по слобода на медиумите и на претпоследно место во Европа според тие стандардни тестови што ги решаваат основците (не знам деца од кое одделение ги решаваа ваквите тестови)...
Ете затоа е револтот и протестот.
Све добро ама медиумиве како ги врза не знам :-) А иначе за основците сакаш да кажеш дека настрадале ради реформите а порано бевме меѓу топ 5 во Европа?
 
Па добивам потреба да одбранам нешто кога гледам како еден објавува вест и после него во рок од 60 минути се фрлаат дрва и камења од 20 души со коментари од три збора - глупости, ѓубре, срамота и тн. :) А тоа дека жустро сум бранел не е точно и самиот викаш дека дури ти личело и дека сум ги менувал ставовите така да...
а за вистинскито начин - а што мислиш кој ги составува овие прашања и целиот систем? Еве во моментов има преку 300 професори доценти и други научни работници кои го поддржаа законов и сигурно ќе бидат дел од неговото креирање. Или тоа не ти значи ништо пошто нели овие се продадени за мали пари џубриња и не знам што.

Така де.. „си мењаш сликици панини со фудбалери“... јасно е ;)
 
Све добро ама медиумиве како ги врза не знам :) А иначе за основците сакаш да кажеш дека настрадале ради реформите а порано бевме меѓу топ 5 во Европа?
Зошто и состојбата во медиумите е производ на лоши политики.
Не знам кое место биле основците пред 10 години, ама сигурно не биле претпоследни во Европа. Ова место денес е резултат на политиките кои се водат во последните 10 години, а кои се базираат на вакви непромислени и глупи „реформи“.
 
Бардовци даде оглас:

"НЕКОЈ ГИ ОСТАВИЛ ПОРТИТЕ ОТВОРЕНИ, НИ ИЗБЕГАА НЕКОЛКУ ПАЦИЕНТИ СОРОСОИДНИ, КЕ ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ПО ЗБУНЕТАТА СОСТОЈБА И ПИШМАН -АЏИСКО ОДНЕСУВАЊЕ, АКО ГИ ВИДИТЕ ВЕ МОЛИМЕ ВРАТЕТЕ ГИ, НИ НЕДОСТАСУВААТ ПРЕМНОГУ А И ТЕГЛИТЕ СЕ ПОЛНИ БЕЗ НИВ ! " :lolzz:
@Crazy in Love @Acid Што се чека, па типов уште не е баниран? :ban:
 
@Crazy in Love @Acid Што се чека, па типов уште не е баниран? :ban:
Затоа што беше навредуван неколку пати пред да го објави тоа.[DOUBLEPOST=1421158188][/DOUBLEPOST]
Зошто и состојбата во медиумите е производ на лоши политики.
Не знам кое место биле основците пред 10 години, ама сигурно не биле претпоследни во Европа. Ова место денес е резултат на политиките кои се водат во последните 10 години, а кои се базираат на вакви непромислени и глупи „реформи“.
Навлегуваш во политички води а нели се ова започна како протест за самиот испит и беа повикувани сите без разлика на партија и идеолошки убедувања а богами и боја на кожата.
 
Навлегуваш во политички води а нели се ова започна како протест за самиот испит и беа повикувани сите без разлика на партија и идеолошки убедувања а богами и боја на кожата.
Тргнавме да збориме малце пошироко од државниот испит, и не гледам што во тоа е политички води. Дури и да е, не знам зошто моиве зборови ги поврзуваш со студентскиот пленум и со маршовите ?
Да, маршовите беа и останаа такви како што спомна, без оглед на партија, идеологија, етничка припадност.
 
"Студентите се информираат за датумот и времето на полагањето на државниот испитот најмалку три дена пред одржувањето на државниот испит."
- казната за неположен е до 200 евра, а известувањето се брои во денови. Сериозно

20 предмети полагаш наеднаш, а датум за полагање може да ти кажат 3 дена пред полагањето :popce:
 
Дали следува дека сите професори, доценти, асистенти кои се на некој начин сврзани за политиката и политичките партии се исто корумпирани?
Не сите...Ниту сите политичари не се корумпирани, а камо ли сите други кои не се професионални политичари
Но секако дека има.
Всушност многу мал процент на универзитетски наставници се занимаваат со политика.
 
Затоа што беше навредуван неколку пати пред да го објави тоа.[DOUBLEPOST=1421158188][/DOUBLEPOST]
Навлегуваш во политички води а нели се ова започна како протест за самиот испит и беа повикувани сите без разлика на партија и идеолошки убедувања а богами и боја на кожата.
Пошто јас влегов во вербален дуел со него, можам слободно да кажам дека не упатив ниту една навреда кон него. Тој дојде на темава, почна да пишува постови дека све е супер, дека владата и премиерот се супер, работат за доброто итн итн (нели, аргументите не мора да се кажат). Ок, јас му вратив со иронија, и имам секакво право на тоа: Му реков дека сме скоро ко Финска и дека супер е ова. Е тој тогаш почна со навредите, односно со лепењето етикети соросоид, сдсмовец и слично, и тоа не само кон мене. (патем кажано, тој отворено кажа дека е од владеачката партија, така да ние не му залепивме ниедна етикета затоа што немаше потреба за тоа). Јас му реков дека зборува глупости, но не му реков дека е глуп (а и искрено не го мислам тоа, туку мислам дека е трол/спамер/што и да е), за он да ми врати со провокатор и dick, или на нашки, нешто ко кретен. И после продолжи со: да живее грујо, владата итн итн, јас само добронамерно и суптилно му кажав дека можеби ќе биде ок да побара некаква стручна помош, не е срамота тоа, 21ви век сме. :)
Али нека го бе, нека не го банираат. :D Убаво е да се види лицето на власта и нејзините подржувачи.

Патем, Брутус, Владата и Собранието носат политички одлуки, така функционира еден политички систем. Така да политичко и партиско не мешај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom