Е како не слушна? Испитот ќе биде уште една потврда на знаењето на студентот овојпат направена од друго тело надвор од факултетот. Дали ова не е полезно за државата (пред се
)?
Како ќе биде уште една потврда за знаењето на студентот? Ова ти што го напиша е флоскула, а ќе биде аргумент кога ќе факт позади неа. Како може да биде уште една потврда, кога се бара само 6ка, со што оцените од факултетот ти остануваат. Некој ако купил диплома со просек 9,5, ќе ги научи овие 2000 прашања (отприлика 20 испити, по 100 прашања) и ќе положи со 6ка државен испит, а тој што се мачел да дојде до просек 8,0, ќе извади 8-9 на државниот испит. Но, не е битна оценката која се извадила.
Знаеш какво знаење се проверува со ваков тип на испит? Пасивно знаење, препознавање и ништо повеќе.
Како и да е, аргументот на противуставноста на конкретниот државен испит, а противуставноста и противзаконитоста на другите предложени мерки во предлог-законот се посебна тема за муабет.