Се согласувам со тебе со претходниот муабет дека не сте вие криви што мора да доаѓате во Скопје по подобар живот, нормално е тоа кога дебилските политичари се што може го направија во Скопје.
Вината тука е кај целиот Македонски народ што ги гласа овие багабонти кои ги заболе за своите сограѓани. И на никој досега не сум му замерил зошто дошол во Скопје, а верувам дека 80% од скопјани размислуваат исто.
Тоа со кое не се согласувам е она за кое сите кои живеете вон Скопје го сметате за предавство.
Ако отишле во Скопје и ако збореле скопски, тоа ќе значело дека си ги предале сограѓаните




Одма страв дека ќе ти залепат етикета wannabe скопјанка и слично.
ЗОШТО?
Комплекс на пониска вредност?
Не дека некој од вас ќе признае во темата, ама сигурно во детството сте имале случај каде што сте ги оговарале/сте ги напаѓале вербално или физички некои рандом фаци од Скопје кои од икс причини доаѓале во вашите градови.
Затоа со самото тоа кога ќе прозборите скопски во Скопје, ќе сметате дека сте ги погазиле некогашните идеали, сте ги предале на некој начин оние кои останале да живеат во вашиот град.
Друго објаснување за ваквата појава немам...
Јас на ова гледам вака. Без разлика дали сум во мој град или моја држава, но ми треба да искомуницирам со некого, ако треба и на албански ќе прозборам само за да се разберам. Отидов во Србија, зборам македонски, приметувам дека дел од луѓето стварно имаат проблем да ме разберат и даваат сосема трети одговори на прашањата кои сум ги поставил. Се потрудив да зборам на српски и со оглед на лошиот српски, морав и со англиски да се послужам за конечно да се разбереме.
И види, не ми е гајле дали некој ќе каже дека сум ја предал Македонија со тоа, затоа што знам дека ништо лошо не сум направил и сите искомплексирани персони може да се носат во три лепе пизде материне ако мислат спортивно

Исто важи и за дијалектите во Македонија. Целта на еден разговор е да се разбереш со соговорникот. Мене не ми пречи да збориш и на кинески, се додека се разбираме, ама ако гледаш дека стварно ништо не разбирам од тоа што ми збориш, логично е ти да прозбориш на јазик/дијалект кој е за мене разбирлив, нели?
Исто важи и за асистентите и професорите по факултетите каде што има студенти од сите градови.
Имавме еден дечко од источна Македонија кој ни беше асистент, цела група не го разбираше ништо од тоа што збореше, иако пола од групата беа токму од градови во близина на неговиот.
Ама ете може дечкото си рекол им го закопав на Скопјаните, не станав Скопјанец, не битно што студентиве ништо не разбрале од тоа што сум предавал.
Многу лоша слика имате за Скопјани, а веројатно и преголеми очекувања за жителите на Скопје.
И кога ќе дојдете да живеете тука се чудите дека стварно никој не се замара од каде сте и ве прифаќаат какви што сте.
Се распрснува како меур од сапуница тоа што ви го ставале во глава дури сте биле деца
И во целава оваа приказна најсмешни за мене излегуваат женските кои мислат дека на факултет треба да одат како ороспии затоа што мислеле дека скопјаните/ките на факс одат во вечерна тоалета и смокинзи, а не во спортски аутфит или тренерка стил, или машките кои носат по 20239023 денари за да се покажат колку пари имаат, не очекувајќи дека скопјанецот нема ебан денар во џеб и дека воопшто не сме такви какви што не претставувале
Истите тие кои од вашите сограѓани добиле функција во власта, се наполниле со пари, инвестирале само во Скопје (затоа што таму живеат и сакаат на нив да им биде убаво, а не на вас), ќе ве наречат предавници дека сте почнале скопски дијалект да зборите, а нема да се запрашаат што направиле они за оние благодарение на кои се нашле таму каде што се.
Сум кажал одамна, најголема замерка за луѓето вон Скопје ми е што прифаќаат да работат на одредени работни места за многу пониски плати од реалното и со тоа ја уништуваат конкуренцијата. Ем нивните работат во своите градови, ем им земале места на некои што стварно заслужиле, само поради тоа што се согласиле на помала плата.
Споредбата албанци - луѓе вон Скопје е излишна да се прави. Како и по многу други прашања, изгледа и за овие нешто ви наполниле глава, чим мислите дека живееме во перфектен соживот со нив и ништо не ни сметале.