Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Сереотипичната консталација на гетоизирање од верска/етничка основа е извор на ваков вид на проспектива,верска определба не би требало да ти ја ограничи националната и вице верса.
Зошто тогаш слободата на изразување воопшто ја ставаш под прашање? Тоа е многу посуштинска вредност на западната цивилизација.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Напротив на германската полиција со закони и се врзани рацете. Имат милион закони за заштита на приватност. На пример нема камери во јавноста, не смеат да се снимат разговори. Еве на пример кај нас кога ќе влезе некој од страна мора да биде пријавен на некоја адреса. Тоа во Германија го нема што ќе рече врска нема кај се наоѓат луѓето кои се влезени во државата. Покрај другото Германците многу се плашат од етикетите кои им ги лепат поради нацистичкото минато. Франција, Англија, Америка и другите го немат тој терет. Затоа велам недај боже вакво нешто во Германија да се случи.
Друже,настрана тоа дали смеат,во многу голема заблуда си ако мислиш дека не пратат и не снимаат.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.707
Поени од реакции
27.670
Не беше за смеење целава ситуација денес ама...


classy 4chan /b/tard напиша:
Frenchies. First they get REKT by 2 terrorist.

Then their SWAT team is taken out by a hill.
A damn hill takes out french special forces out. REKTS them.

Then they get 4 hostages killed in the worst raid by police in probably history of raids.

And in the raid they manage to let the grill terrorist escape. The grill actually escapes.

Now the grill is escaping all of french police and army like the 2 initial terrorist. She is armed and dangerous and putting fear of God into france.

She aint bad either. I would fap to her nudes.

So is this Frances special forces/police finest hour...or dumber and dumber epic an hero of themselves?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Него колку време траеше пукањето кога тргнаа специјалните единици за да ги потепаат браќана ?
Траеше негде 2-3 минути или дека цело време ги повторуваа снимките па мене ми се причини дека толку долго траеше ?
 

L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
`The hill has been planted`
Сепак до толку да се неспремни, за една височинка толку да се мачат, имат разни начини со јаже да си помагат, многу аматерски вака изгледа
 
M

mar30

Гостин
Зошто тогаш слободата на изразување воопшто ја ставаш под прашање? Тоа е многу посуштинска вредност на западната цивилизација.
Широк поим разноврсни изразувања на слободата има, она што е главно а несватливо за главните играчи е ако идеш негде на гости со пушка како сакаш тој да дојде кај тебе? приодот за решавање на проблемот е погрешен од старт...
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.448
Поени од реакции
11.096
Не беше за смеење целава ситуација денес ама...

Како беше она - французите победиле само во француската револуција и тоа само поради фактот што се бореле против други французи :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Широк поим разноврсни изразувања на слободата има, она што е главно а несватливо за главните играчи е ако идеш негде на гости со пушка како сакаш тој да дојде кај тебе? приодот за решавање на проблемот е погрешен од старт...
Ако одиш негде на гости со пушка, многу логично е домаќинот да не те прими. Французите не оделе на гости во Северна Африка, туку како колонизатори. Значи или ќе им се поклониш или ќе погинеш.

Ова е сосема подруга и неспоредлива ситуација. Овде зборуваме за луѓе кои прво поднеле молба за добивање на државјанство, па после си даваат за право со пушка да ги „менуваат“ работите што не им се допаѓаат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Исто е егоцентрично и делумно навредливо кога некој тврди дека ги знае нашите мисли подобро од нас.
Да, гајле ми е. Пошто ми е гајле дали онаа мала стварчица наречена Човекови права им е достапна на сите. Така ми наложува свеста, сум пробал да се борам против неа.
Не, не можам да им помогнам на начин кој би направил било каква промена. Ги немам ресурсите, ни парични, ни суровински, ни човечки за да им помогнам.
Во тој контекст можам само да се нервирам и повремено да им кенкам и апелирам до тие што ги имаат.
Не ме разбра, не инсунирав дека ти се преправаш, зборував за себе. Не можам да глумам дека ми е гајле за нешто, само за да се чуствувам подобра личност, а воопшто да не ми е гајле.
Од своето лично искуство можам да ти кажам дека не ми е гајле за луѓето кои не ги познавам. Ќе слушнам дека голема поплава убила 1000 луѓе некаде во Пакистан, веста ќе ми помине низ главата, емоционално сум недопрен. Врз основа на тоа свое искуство по аналогија заклучувам дека и повеќето други прават така, но не исклучувам дека можеби се лажам.
 
M

mar30

Гостин
Ако одиш негде на гости со пушка, многу логично е домаќинот да не те прими. Французите не оделе на гости во Северна Африка, туку како колонизатори. Значи или ќе им се поклониш или ќе погинеш.

Ова е сосема подруга и неспоредлива ситуација. Овде зборуваме за луѓе кои прво поднеле молба за добивање на државјанство, па после си даваат за право со пушка да ги „менуваат“ работите што не им се допаѓаат.
Соодветно на тоа Бугарите што не се поклониле на Османлите затоа погинале?
Буквално ако читаш ондак си у право но ја таргетирам поголема слика која не се решава со оружје туку образование,економија,инфраструктура а не стај го у пустина и шо ке праи?него не им се рашава проблемот на играчите вака повеке профит има...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Соодветно на тоа Бугарите што не се поклониле на Османлите затоа погинале?
Буквално ако читаш ондак си у право но ја таргетирам поголема слика која не се решава со оружје туку образование,економија,опстесвено интегрирање а не стај го у пустина и шо ке праи?него не им се рашава проблемот на играчите вака повеке профит има...
Да де, за што друго загинале? Дале отпор на окупатор. Затоа и денес се славени како херои. Лазар загинал на Косово, не во Анадолија. Делчев, Груев, Левски, Петровиќ, Обреновиќ, Скендербег и останатите дејствувале на териториите на нивните држави или против високопозиционирани ликови од државата која ја сметале како окупатор. Не убивале Турци на улица во Истанбул. Многу погрешна и опасна паралела правиш.

Зошто Французите имаат одговорност да ги решаваат проблемите на некои што живеат во сахарските пустини?
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Американските медиуми не ги објавија спорните карикатури
Водечките американски медиуми не се солидаризираа со европските колеги и одбија да ги објавата карикатурите од весникот „Шарли Ебдо“ на кои е муслиманскиот пророк Мухамед.
Карикатурите ги објавија помалку познати медиуми, но не и „Њујорк Тајмс“ или „Вол Стрит Журнал“. Ниту агенциите Ројтерс и Асошиејтед прес не ги покажаа материјалите (карикатурите) поради кои се убиени француските новинари за време на нападот на исламистите во Париз.
„По внимателно разгледување, уредниците заклучија дека опишувањето на карикатурите е доволно информативно за да може читателите да ја разберат информацијата“ појасни портпаролот на „Њујорк тајмс“, Даниела Родис.
Бил Маримов, уредник на „Филаделфија енкавајер“ вели дека „не постојат околности под кои би ги објавиле спорните карикатури“.
„Не беше тешко да се донесе одлука помеѓу опците да навредиме десетина милиони муслимани или да ги опишеме карикатурите со зборови“, појасни Маримов.
„Индепендент“ на својот портал објави исечени делови од карикатурата, за да не се видат деловите кои се навредливи за муслиманската заедница.
Од АП е соопштено дека агенцијата веќе долго се придржува кон насоките според кои не користи провокативни фотографиии.
„Вол Стрит Журнал“ известувајќи за масакрот во Париз понуди низа провокативни карикатури, меѓу кои и оние кои се шегуваат на сметка со религиите, вклучително и со исламот, но ниту еден од објавените цртежи не беше со пророкот Мухамед.
АП објави фотографија од Стефан Карбони, уредникот кој беше убиен во нападот на исламистие, но од фотографијата е отстранет магазинот со карикатурата на Мухамед, кој што го држеше во рацете уредникот
amerikanski mediumi.jpg [DOUBLEPOST=1420848334][/DOUBLEPOST]Headlines: How American newspapers are handling Charlie Hebdo cartoons
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677

Може сум идеалист, ама верувам во тоа дека мора постојано да се унапредува општеството, а не да викаме „да ги убиеме сите муслимани, само зошто се муслимани“. Таквите ставови ми изгледаат ко да се кажани од необразовано 10 годишно дете...

И да не се лажеме и да идеме со главата у ѕид, ако некој муслиман направи карикатура од Исус или ако иде со навреди према Исус и христијанството, може не сите ама вистинските христијани сигурно ќе бидат навредени. Кога самите си правиме карикатури се ни е ок, ама ако муслиман ги прави нема да биде сеедно. Исто ко шалите на своја сметка. Се дур си правиш шала на своја сметка и најпонижувачката шала ти е смешна и ок, ама ако истата шала ја каже некој друг ќе се навредиш.
Ако пробаш да формулираш рестрикција на говор за заштита на религија, сигурен сум дека ќе повлече доста несакани последици.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom