Американските медиуми не ги објавија спорните карикатури
Водечките американски медиуми не се солидаризираа со европските колеги и одбија да ги објавата карикатурите од весникот „Шарли Ебдо“ на кои е муслиманскиот пророк Мухамед.
Карикатурите ги објавија помалку познати медиуми, но не и „Њујорк Тајмс“ или „Вол Стрит Журнал“. Ниту агенциите Ројтерс и Асошиејтед прес не ги покажаа материјалите (карикатурите) поради кои се убиени француските новинари за време на нападот на исламистите во Париз.
„По внимателно разгледување, уредниците заклучија дека опишувањето на карикатурите е доволно информативно за да може читателите да ја разберат информацијата“ појасни портпаролот на „Њујорк тајмс“, Даниела Родис.
Бил Маримов, уредник на „Филаделфија енкавајер“ вели дека „не постојат околности под кои би ги објавиле спорните карикатури“.
„Не беше тешко да се донесе одлука помеѓу опците да навредиме десетина милиони муслимани или да ги опишеме карикатурите со зборови“, појасни Маримов.
„Индепендент“ на својот портал објави исечени делови од карикатурата, за да не се видат деловите кои се навредливи за муслиманската заедница.
Од АП е соопштено дека агенцијата веќе долго се придржува кон насоките според кои не користи провокативни фотографиии.
„Вол Стрит Журнал“ известувајќи за масакрот во Париз понуди низа провокативни карикатури, меѓу кои и оние кои се шегуваат на сметка со религиите, вклучително и со исламот, но ниту еден од објавените цртежи не беше со пророкот Мухамед.
АП објави фотографија од Стефан Карбони, уредникот кој беше убиен во нападот на исламистие, но од фотографијата е отстранет магазинот со карикатурата на Мухамед, кој што го држеше во рацете уредникот
[DOUBLEPOST=1420848334][/DOUBLEPOST]
Headlines: How American newspapers are handling Charlie Hebdo cartoons