Сфаќам од која позиција поаѓаш Вугринец игра добра одбрана, добро ги разигрува другите играчи(онај пас кон Манасков од цел терен беше спектакуларен), но зошто толкав хејт кон Кире? Па зборуваме за Кире Лазаров, веќе десетина години ја докажува својата класа во Европа. Секоја година го спомнуваат како еден од најдобрите светски играчи, во првите неколку најдобри стрелци е секоја година, најдобар стрелец на Светско и Европско, како и најмногу голови во историјата на европските купови. Најдобар македонски ракометар на сите времиња, според мене.Зошто толкав хејт кон него?!