А шо прајме ако двајцата постигнале по 10 гола на 15 меча? Дали тој од 5 мил е појак од овој од 30 мил, оти е помалце платен а имаат ист ефект? И при тоа игра во Стоук Сити и е главен напаѓач на тимот, убедливо најдобар стрелец и сите за него играат...за разлика од овој кој е 30м платен и игра со Перси и Руни, кои имаат дадено по 6 гола до сега и тимот има 11 различни стрелци?
Ти викам не е се во цената. Флоп е играч што потфрлил, од кој се очекувало многу повеќе. Можно е на крај Фалкао и Ди марија да завршат со ист број голови, 8 на пример. Ама Фалкао да биде флоп оти од него се очекува повеќе голови, а Ди Марија не, оти константно играл добро. Без разлика што првиот е само позајмен, другиот е платен 60 милиони.