ТОДОРОВ: Д - Р САНДЕРС НЕМА ДОЗВОЛА ЗА ШИРЕЊЕ НА ЕВАНГЕЛИЕТО
-
Американскиот доктор Енди Сандерс не добил никаква дозвола за ширење на Евангелието меѓу македонските лекари, тврди министерот за здравство, Никола Тодоров. Единствениот договор, вели тој, е потпишан помеѓу министерството и американската невладина организација „Линкакрос“, со кој таа се обврзува да обезбеди обука за македонските лекари од страна на врвни специјалисти од САД во повеќе здравствени области, рече Тодоров. Тој се огради од ставовите на Сандерс искажани во интервјуто за магазинот „Фејт“.
„Се` додека јас немам поплака од ниту еден доктор, односно ниту една забалешка дека биле принудувани или фокусирани на определени религиски обреди или влијанија, немам никаков проблем со тоа што овој човек работи приватно“, изјави министерот за здравство.
Откако интервјуто на Сандерс го обајвија и дел од македонските медиуми, тоа експресно беше отстрането од официјаната веб-страница на верскиот магазин. Во него, американскиот доктор тврди дека на покана на пратеник во македонскиот Парламент, а во договор со Министерството за здравство, лекари од САД ќе ги обучуваат нивните македонски колеги, а истовремено ќе ги прават и подобри христијани.
Сандерс како главен координатор на проектот преку кој македонското
Министертво за здравство во соработка со „Линкакорс“ ги носи странските лекари во земјата, за магазинот „Фејт“ вели дека главна причина за неговата мисија е можноста во Македонија да се донесе Евангелието не само до нацијата, туку и до нејзините лидери, кои имаат големо влијание како следбеници на Исус Христос. Американецот тврди дека со сето ова се согласиле македонските власти и истото го одобриле.
Ваквите ставови на Сандерс ги оставија без зборови лекарите во земјата. Тие вчера ја повикаа Лекарската комора да го испита случајот, бидејќи како што велат, одобренијата за работа на странските лекари во Македонија ги дава таа. Но, од комората, својот став го одложија за наредната недела.
Елези: „Да не се мешаат верата и медицинската професија“
02/05/2014 20:49:00
Големина на текст:
Да не се меша верата со професоналноста во медицинската професија е ставот на претседателот на Здружението на лекари Албанци во Македонија, Невзат Елези.Тој го поздрави проектот на Министерството за здравство за доедукација на лекарите од земјава од страна на американски доктори, но порача дека верата и професионалноста во работењето не треба да се поврзуваат. Реакциите доаѓаат по објавеното интервју за верскиот магазин Фејт со докторот Енди Сандерс, кординатор на проектот кој носи лекари од САД, во кое тој вели дека негова мисија е да го шири Еванглето во земјава.
„...Во конкретниот случај треба да се одвојат овие вредности. Професијата е света и не ни треба таквата изјава, која лично сè уште не сум ја прочитал, но слушнав само тоа што ми го кажаа за тој напис“, изјави Невзат Елези-претседател на албанско лекарско друштво.
Во интервјуто докторот Сандерс меѓу другото изјавил:„Господ ни даде две величествени привилегии. Првата, можноста да влијаеме на здравствената заштита на една цела нација со проучување на новите техники и процедури кои ќе бидат внесени во медицинскиот систем. Втората и главната причина за оваа мисија е можноста да се донесе Евангелието не само на нацијата недопрена од него, туку и до лидерите на таа нација кои имаат широко влијание како следбеници на Христос“,изјави Енди Сандерс, Лекар од САД.
Магазинот наведува дека во Македонија има помалку од еден процент христијани од редот Евангелисти, а муслиманите се околу 30 отсто. Но, откако за ова интервју вчера реагираше и дел од македонската јавност, тоа исчезна од интернет-страницата од списанието Феит. Од Министерството за здравство не добивме коментар за ваквите изјави на американскиот лекар.
Бојана Симоновиќ
АМЕРИКАНСКИОТ РЕЛИГИОЗЕН МАГАЗИН "ФЕЈТ" ПИШУВА ЗА ЛЕКАРСКАТА ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА
Докторите ќе учат да бидат добри христијани
Американскиот религиозен магазин "Фејт" (Вера) објави текст за американскиот лекар и верски мисионер д-р Енди Сандерс, кој е и координатор за Програмата за престој на специјалисти од САД во јавните здравствени установи во Македонија, која веќе има три сезони.
Д-р Сандерс и министерот за здравство Никола Тодоров, во вторникот најавија дека уште 60 американски доктори ќе престојуваат во Македонија со оваа програма.
Во текстот на "Фејт" д-р Сандерс објаснува дека во програмата во Македонија, која е под покровителство на македонското Министерство за здравство, тие ги подучуваат македонските лекари и да станат подобри христијани. Откако во средата дел од македонските медиуми го објавија текстот, тој вчера стана недостапен на веб страната на "Фејт".
Според "Фејт", д-р Сандерс е евангелски христијанин, протестантско движење според чија доктрина суштината на Евангелието се состои во учењето за спасение преку вера во помирувањето на Христос, и кое најмногу верници има во САД. Д-р Сандерс е директор на евангелската Христијанска медицинска и стоматолошка асоцијација од Огаста (КМДА), во која лекарите преку својата професија ја шират верата како мисионери низ светот. Според "Фејт", здружението на д-р Сандерс верува дека е клучно евангелската вера да се прошири во Македонија, каде евангелисти се скоро 1 отсто од христијанските верници.
"Во ноември, 2011 година тимот почна да ја истражува оваа можност. Се врати повторно во септември 2012 за да се сретне со контактите кои Господ им ги пратил првиот пат. Се молевме Господ да нe поврзе со неколку доктори кои со време ќе станат зрели, верни ученици, кои ќе станат лидери на работата на Неговото кралство во Македонија", изјави Сандерс, пишува "Фејт".
"Додека бил во Македонија Сандерс вели дека му станало јасно дека Господ има многу поголеми планови. Главниот контакт на Господ овде, пратеник во Парламентот, побарал Сандерс да се сретне со министерот за здравство. Министерот предложил КМДА Огаста да испрати тим американски доктори во Македонија за да ги обучат докторите на најновите медицински техники и процедури.
Сандерс јасно ставил до знаење дека целта на КМДА Огаста не е само да ги обучи докторите, туку да им го смени размислувањето така што ќе ги доближат до Господ Исус Христос оние со кои соработуваат. Владата се согласила и следел тригодишен договор, а Сандерс пристигнал за да ја води првата тримесечна сесија на програмата во февруари, 2013 година", пишува "Фејт".
"Господ ни даде неверојатни предности. Прво, приликата да влијаеме врз здравствената нега на цела една нација така што ќе ја обучиме на новите техники и процедури што ќе бидат вметнати во нејзиниот систем за примена на медицинската помош. Второ, главната мисија на службата, е приликата да се доближи евангелието не само до една недопрена нација, туку до лидерите на таа нација кои имаат далекусежно влијание врз следбениците на Исус", изјави Сандерс, кој годинава пак ќе помине три месеци во Македонија како практичен и духовен лидер на програмата", пишува "Фејт".
(Р. В.)
Извинување што ги копи пејстирам целите текстови. Се надевам дека не е проблем.[DOUBLEPOST=1399128865][/DOUBLEPOST]Мислам дека треба да има посебна тема или да се префрли во РЕЛИГИЈА за ова ама АЈ...Модераторите се Богови Амин.