Нов амбициозен тим во здравството, ќе донесе ли промени?

Очекувате ли новиот тим во Министерство за здравство да воведе ред во здравството?

  • Да

    Гласови: 30 24,6%
  • Не

    Гласови: 92 75,4%

  • Вкупно гласачи
    122
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
„Фејт“: Тодоров се согласил лекари од САД да шират протестантизам во Македонија
Проф. д-р Енди Сандерс, главниот координатор на проектот преку кој македонското Министерство за здравство носи лекари од САД за доедукација на македонските медицински професионалци, е среќен, како што вели, „што го исполнува Божјиот повик да го ’христијанизира’ по протестантски терк македонскиот народ, кој го смета за еден од ’недопрените’ од Божјиот збор, пишува Плусинфо.
Овој Обласен директор на Христијанската медицинска и стоматолошка асоцијација (ХМСА) „Августа“ и интернист, во соработка со македонската невладина организација „Линкакрос“ и македонското Министерство за здравство во земјава донесе 60 лекари од САД, а сега е на тримесечна мисија во Македонија како практичен и духовен раководител на медицинските професионалци – протестанти по религија, на кои една од двете цели им е да го „христијанизираат“ македонското население, пишува американскиот магазин „Фејт“(„Верба“).
Сандерс вчера повторно се сретна со министерот за здравство Никола Тодоров.
„Едно од најновите постигања на ХМСА „Августа“ во својата мисионерска работа за христијанизирање на народите кои не се „христијанизирани“ е мисијата во Македонија. Партнерството на нејзиниот оддел Medical Education International (MEI) (Меѓународно медицинско образование), Линкакрос, која е невладина организација од Македонија и Министерството за здравство на Македонија е приказна на комбинирањето на молитвата, подготовките и решеноста.

несаглам работа, абе задникот за беспари ќе си го продадеме
Текстот од линкот погоре од магазинот е повлечен, а го има на овој линк
http://webcache.googleusercontent.com/search?q=cache:Lth0xrJlzVgJ:faithmagazine.net/medicine-meets-ministry/
 
Последно уредено:

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Со срека нека им е,ке им треба хаха
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
ТОДОРОВ: Д - Р САНДЕРС НЕМА ДОЗВОЛА ЗА ШИРЕЊЕ НА ЕВАНГЕЛИЕТО

  • Американскиот доктор Енди Сандерс не добил никаква дозвола за ширење на Евангелието меѓу македонските лекари, тврди министерот за здравство, Никола Тодоров. Единствениот договор, вели тој, е потпишан помеѓу министерството и американската невладина организација „Линкакрос“, со кој таа се обврзува да обезбеди обука за македонските лекари од страна на врвни специјалисти од САД во повеќе здравствени области, рече Тодоров. Тој се огради од ставовите на Сандерс искажани во интервјуто за магазинот „Фејт“.





    „Се` додека јас немам поплака од ниту еден доктор, односно ниту една забалешка дека биле принудувани или фокусирани на определени религиски обреди или влијанија, немам никаков проблем со тоа што овој човек работи приватно“, изјави министерот за здравство.





    Откако интервјуто на Сандерс го обајвија и дел од македонските медиуми, тоа експресно беше отстрането од официјаната веб-страница на верскиот магазин. Во него, американскиот доктор тврди дека на покана на пратеник во македонскиот Парламент, а во договор со Министерството за здравство, лекари од САД ќе ги обучуваат нивните македонски колеги, а истовремено ќе ги прават и подобри христијани.





    Сандерс како главен координатор на проектот преку кој македонското

    Министертво за здравство во соработка со „Линкакорс“ ги носи странските лекари во земјата, за магазинот „Фејт“ вели дека главна причина за неговата мисија е можноста во Македонија да се донесе Евангелието не само до нацијата, туку и до нејзините лидери, кои имаат големо влијание како следбеници на Исус Христос. Американецот тврди дека со сето ова се согласиле македонските власти и истото го одобриле.





    Ваквите ставови на Сандерс ги оставија без зборови лекарите во земјата. Тие вчера ја повикаа Лекарската комора да го испита случајот, бидејќи како што велат, одобренијата за работа на странските лекари во Македонија ги дава таа. Но, од комората, својот став го одложија за наредната недела.
Елези: „Да не се мешаат верата и медицинската професија“
02/05/2014 20:49:00
Големина на текст:



Да не се меша верата со професоналноста во медицинската професија е ставот на претседателот на Здружението на лекари Албанци во Македонија, Невзат Елези.Тој го поздрави проектот на Министерството за здравство за доедукација на лекарите од земјава од страна на американски доктори, но порача дека верата и професионалноста во работењето не треба да се поврзуваат. Реакциите доаѓаат по објавеното интервју за верскиот магазин Фејт со докторот Енди Сандерс, кординатор на проектот кој носи лекари од САД, во кое тој вели дека негова мисија е да го шири Еванглето во земјава.

„...Во конкретниот случај треба да се одвојат овие вредности. Професијата е света и не ни треба таквата изјава, која лично сè уште не сум ја прочитал, но слушнав само тоа што ми го кажаа за тој напис“, изјави Невзат Елези-претседател на албанско лекарско друштво.

Во интервјуто докторот Сандерс меѓу другото изјавил:„Господ ни даде две величествени привилегии. Првата, можноста да влијаеме на здравствената заштита на една цела нација со проучување на новите техники и процедури кои ќе бидат внесени во медицинскиот систем. Втората и главната причина за оваа мисија е можноста да се донесе Евангелието не само на нацијата недопрена од него, туку и до лидерите на таа нација кои имаат широко влијание како следбеници на Христос“,изјави Енди Сандерс, Лекар од САД.
Магазинот наведува дека во Македонија има помалку од еден процент христијани од редот Евангелисти, а муслиманите се околу 30 отсто. Но, откако за ова интервју вчера реагираше и дел од македонската јавност, тоа исчезна од интернет-страницата од списанието Феит. Од Министерството за здравство не добивме коментар за ваквите изјави на американскиот лекар.

Бојана Симоновиќ

АМЕРИКАНСКИОТ РЕЛИГИОЗЕН МАГАЗИН "ФЕЈТ" ПИШУВА ЗА ЛЕКАРСКАТА ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА

Докторите ќе учат да бидат добри христијани

Американскиот религиозен магазин "Фејт" (Вера) објави текст за американскиот лекар и верски мисионер д-р Енди Сандерс, кој е и координатор за Програмата за престој на специјалисти од САД во јавните здравствени установи во Македонија, која веќе има три сезони.



Д-р Сандерс и министерот за здравство Никола Тодоров, во вторникот најавија дека уште 60 американски доктори ќе престојуваат во Македонија со оваа програма.
Во текстот на "Фејт" д-р Сандерс објаснува дека во програмата во Македонија, која е под покровителство на македонското Министерство за здравство, тие ги подучуваат македонските лекари и да станат подобри христијани. Откако во средата дел од македонските медиуми го објавија текстот, тој вчера стана недостапен на веб страната на "Фејт".
Според "Фејт", д-р Сандерс е евангелски христијанин, протестантско движење според чија доктрина суштината на Евангелието се состои во учењето за спасение преку вера во помирувањето на Христос, и кое најмногу верници има во САД. Д-р Сандерс е директор на евангелската Христијанска медицинска и стоматолошка асоцијација од Огаста (КМДА), во која лекарите преку својата професија ја шират верата како мисионери низ светот. Според "Фејт", здружението на д-р Сандерс верува дека е клучно евангелската вера да се прошири во Македонија, каде евангелисти се скоро 1 отсто од христијанските верници.
"Во ноември, 2011 година тимот почна да ја истражува оваа можност. Се врати повторно во септември 2012 за да се сретне со контактите кои Господ им ги пратил првиот пат. Се молевме Господ да нe поврзе со неколку доктори кои со време ќе станат зрели, верни ученици, кои ќе станат лидери на работата на Неговото кралство во Македонија", изјави Сандерс, пишува "Фејт".

"Додека бил во Македонија Сандерс вели дека му станало јасно дека Господ има многу поголеми планови. Главниот контакт на Господ овде, пратеник во Парламентот, побарал Сандерс да се сретне со министерот за здравство. Министерот предложил КМДА Огаста да испрати тим американски доктори во Македонија за да ги обучат докторите на најновите медицински техники и процедури. Сандерс јасно ставил до знаење дека целта на КМДА Огаста не е само да ги обучи докторите, туку да им го смени размислувањето така што ќе ги доближат до Господ Исус Христос оние со кои соработуваат. Владата се согласила и следел тригодишен договор, а Сандерс пристигнал за да ја води првата тримесечна сесија на програмата во февруари, 2013 година", пишува "Фејт".
"Господ ни даде неверојатни предности. Прво, приликата да влијаеме врз здравствената нега на цела една нација така што ќе ја обучиме на новите техники и процедури што ќе бидат вметнати во нејзиниот систем за примена на медицинската помош. Второ, главната мисија на службата, е приликата да се доближи евангелието не само до една недопрена нација, туку до лидерите на таа нација кои имаат далекусежно влијание врз следбениците на Исус", изјави Сандерс, кој годинава пак ќе помине три месеци во Македонија како практичен и духовен лидер на програмата", пишува "Фејт".
(Р. В.)

Извинување што ги копи пејстирам целите текстови. Се надевам дека не е проблем.[DOUBLEPOST=1399128865][/DOUBLEPOST]Мислам дека треба да има посебна тема или да се префрли во РЕЛИГИЈА за ова ама АЈ...Модераторите се Богови Амин.
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Точно на местото.Ак ти пренесит беснило лисицава, не се секирај, в болница си (y)

Фото: Млада лисица се шета во кругот на охридската болница
Вести | Охрид | 29.06.2014 13:10Посети : 461

Млада лисица деновиве е забележана во кругот на охридската општа болница. Читателка на OhridNews ги направила овие фотографии деновиве.








Поради близината на планината и полињата во околината, лисиците често се спуштаат во градската средина, велат локалните жители. Додаваат дека не е реткост да се забележи лисица во овој дел од Охрид.





Недостигот на храна и заземањето на природата од страна на човекот се причини поради кои дивите животни се почесто можат да се забележат во урбаните средини. Некои од нив се преносители на опасни заразни болести, поради што луѓето треба да бидат исклучително внимателни.


OhridNews


© 2014 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Амбициите на тимот за здраство се лук и вода...тоа се само шарени и убаво стокмени лаги:(
Само тој што немал мака со здравјето,тој незнае какво е нашево здраство:(
Не помага ни МОЈ ТЕРМИН ни ништо што го кажува Министерот:facepalm:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Точно на местото.Ак ти пренесит беснило лисицава, не се секирај, в болница си (y)

Фото: Млада лисица се шета во кругот на охридската болница
Вести | Охрид | 29.06.2014


© 2014 Ohridnews.com. Сите права се задржани.

И треба да искаса едно десетина души да збеснат малку охриџани, за се шо им прават многу мирни се :icon_lol:.

Сериозна таа е прекрасно диво суштество и шансите да има беснило се минимални, треба да се ужива во нејзината посета.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Незнаев дека и лисицата спаѓа под ингиренции на амбициозниот тим на здраството:(
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
Незнаев дека и лисицата спаѓа под ингиренции на амбициозниот тим на здраството:(
povrzano e so zdravstvo poshto se naoga vo krugot na bolnicata[DOUBLEPOST=1416073757][/DOUBLEPOST]da prasham dali nekoj znae od koga DIREKTOR na FZO e albanec ,dzemail mehazi ?????
ovie pocnaa i podmuklo da si gi imenuvaat direktorite !!!!
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
треба да се осмисли нова дијагноза за забеганоста на тој тнр амбициозен тим
( ајде креативни доктори покажете се на дело @Bojco ) , па после тоа да се бара соодветна терапија.
Тодоров оддамна требал да ја крене рачната, ама изгледа многу го тапшаат по раме тие околу него-советниците, па човекот веќе незнае дека и те како претерал со глупостите - незнае за доста.:нинџ:Ама лошо е и тоа што ни мак.јавност незнае да го искаже својот гнев
Тек допрва ќе слушнеме за „новините„ на Тодоров - ама јадни доктори , а уште појадни идни специјализанти и супспецијализанти
Ќе биде интересно, за нас кои не сме од таа бранша - :вонзем: , а нек се загрижат и нек му ја мислат оние со бели мантили -
А и што не боли уво- кога сите молчат , кога нема асални новинари, а уште помалку асални инфо-медиуми - ( а како беше Законот за јавно информирање??? постои ли ???:pos: или и тој се менува многукратно прилагодувајќи се на „нечии „ интереси?:P
се’ е отидено у две лепе пм:facepalm:

Наравоучение: сркај што ќе ти надробат :pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: osa

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Ние се споредуваме со Швајцарија и Норвешка, а и комшииве се понапред во с(о)веста за грешки

http://www.pobjeda.me/2014/11/18/radunovic-podnio-ostavku-smrt-tek-zapocetog-zivota-mora-biti-i-opomena-i-pouka/#.VG9UrjTF_Ic
života mora biti i opomena i pouka
Odbor za zdravstvo podržao je inicijativu za kontrolno saslušanje ministra zdravlja, direktora Instituta za javno zdravlje, direktora bjelopoljske bolnice i načelnika ginekologije u toj ustanovi, kao i predstavnike centara za neonatologiju iz Bijelog Polja i KCCG povodom infekcije beba u bjelopoljskom porodilištu od kojih je jedna preminula



PODGORICA – Ministar zdravlja Miodrag Radunović podnio je ostavku na tu funkciju zbog događanja u bjelopoljskoj bolnici, koja su za posljedicu imala razbolijevanje beba i smrt jednog novorođenčeta. On je odluku o ostavci saopštio u programu Televizije Crne Gore.

- Želim da putem Javnog servisa informišem javnost da me predsjednik Vlade poslije podne informisao da je prihvatio moju ostavku koju sam mu ponudio juče, prvog narednog dana po povratku iz Bijelog Polja – rekao je Radunović.

On je obrazlažući ostavku naveo da „se svaki čovjek u životu suočava sa trenucima u kojima izgubi neku bitku“.

Najteža bitka

- Mi ljekari se, poznato je, u takvim situacijama prirodom posla nađemo češće nego drugi. Ovo je bila moja najteža bitka. Dobio sam ih hiljade kao hirurg. Ovu nijesam mogao dobiti, jer sam se kasno u nju uključio, kada je već bila izgubljena. Postoje, međutim, situacije u kojima je gubitnik cijelo društvo. Ovo je jedna od takvih. Nestanak jednog mladog, tek započetog života, tragedija je koja mora biti i opomena i pouka za sve nas. Koja je to opomena i koja je to pouka? Opomena da neodgovornost i kršenje propisa i pravila dovode do nenadoknadivih gubitaka. Bebe, nažalost, umiru i u najrazvijenijim zemljama vrhunske ljekarske prakse i razvijene demokratije. Ali se u takvim društvima ne može desiti da se to dogodi zato što je zakazao dio sistema. I to mora da bude naša pouka. Ovo se događa tamo gdje nije stvoren sistem u kojem ovako nešto ne bi bilo moguće. I zato podnosim ostavku – kazao je Radunović.


И пази неверојатно, министерот за здравство бил поранешен лекар!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
А непочитувањето од страна на здравствениот систем?
И неможноста за почитување на термините - зошто сите пациенти не се 'со настинка'?

НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА „МОЈ ТЕРМИН“ МОЖЕ СКАПО ДА ВЕ ЧИНИ
НА 08 ЈАНУАРИ 2015. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Со измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, кој пред Нова година, во прво читање, беше прифатен од собраниската Комисија за здравство, се предвидува јавните здравствени установи да можат да наплатат 50 отсто од трошоците за здравствената услуга од оние пациенти што два пати во месецот или четири пати во годината не дошле на закажан преглед или операција, а воопшто или навреме не ги откажале термините, пишува денешен „Вест“.

Пациентите кои се спречени да дојдат на закажаниот термин за преглед или операција, според предложените законски измени, треба најмалку 24 часа пред закажаниот термин да го откажат.

"Јавната здравствена установа од пациентот кој повеќе од два пати во еден месец или четири пати и повеќе пати во годината го откажал прегледот без да го почитува рокот за откажување, како и од пациентот кој воопшто ниту еднаш не го откажал прегледот, може да побара при првото наредно користење на истата здравствена услуга да учествува со лични средства во висина од 50 отсто од вкупните трошоци на здравствената услуга. Пациентот во овој случај учествува со лични средства во зголемен износ само за првото наредно користење на истата здравствена услуга", стои во измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита.

Од Министерството за здравство велат дека со оваа новина во законските одредби не се казнува пациентот, туку се санкционираат несовесните и неодговорни граѓани, кои во повеќе наврати не ги откажале навреме закажаните термини или воопшто не ги откажале, а со тоа го загрозиле правото на пациентите на кои им е навистина неопходна навремена здравствена услуга.


 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
А непочитувањето од страна на здравствениот систем?
И неможноста за почитување на термините - зошто сите пациенти не се 'со настинка'?

НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА „МОЈ ТЕРМИН“ МОЖЕ СКАПО ДА ВЕ ЧИНИ
НА 08 ЈАНУАРИ 2015. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Со измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, кој пред Нова година, во прво читање, беше прифатен од собраниската Комисија за здравство, се предвидува јавните здравствени установи да можат да наплатат 50 отсто од трошоците за здравствената услуга од оние пациенти што два пати во месецот или четири пати во годината не дошле на закажан преглед или операција, а воопшто или навреме не ги откажале термините, пишува денешен „Вест“.
Јас искрено не гледам ништо погрешно во ова. Сосема е соодветно да се воведе некаков ред конечно и за пациентите. Има еден куп пациенти кои не се појавуваат и спречуваат некој кој навистина има проблем да добие поран термин. А во тек на тие 15 минути (нема да коментирам за предвиденото времетраење на прегледите), докторот не смее да прими друг пациент и автоматски се губи времето кое би можело да се искористи за друг пациент на кој очигледно би му било попотребно отколку на тој што не се појавил воопшто. Сѐ што треба е еден телефонски повик ден-два однапред. Нема баш ништо страшно во тоа.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Јас искрено не гледам ништо погрешно во ова. Сосема е соодветно да се воведе некаков ред конечно и за пациентите. Има еден куп пациенти кои не се појавуваат и спречуваат некој кој навистина има проблем да добие поран термин. А во тек на тие 15 минути (нема да коментирам за предвиденото времетраење на прегледите), докторот не смее да прими друг пациент и автоматски се губи времето кое би можело да се искористи за друг пациент на кој очигледно би му било попотребно отколку на тој што не се појавил воопшто. Сѐ што треба е еден телефонски повик ден-два однапред. Нема баш ништо страшно во тоа.
На страна тоа што приватните лекари кои имаат склучено договор со ФЗО и мора да го користат МојТермин имаат прегледи кои траат неколку пати подолго (45-60 минути), па секој ненавремено откажан термин значи изгубен саат време и не баш малку пари..
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
471
Поени од реакции
462
Јас искрено не гледам ништо погрешно во ова. Сосема е соодветно да се воведе некаков ред конечно и за пациентите. Има еден куп пациенти кои не се појавуваат и спречуваат некој кој навистина има проблем да добие поран термин. А во тек на тие 15 минути (нема да коментирам за предвиденото времетраење на прегледите), докторот не смее да прими друг пациент и автоматски се губи времето кое би можело да се искористи за друг пациент на кој очигледно би му било попотребно отколку на тој што не се појавил воопшто. Сѐ што треба е еден телефонски повик ден-два однапред. Нема баш ништо страшно во тоа.
Јас не се согласувам. Да, логично е ова, ама не е така во реалноста. Прво сакам да видам анализа колку пропуштените термини би го подобриле системот, ич или многу малку, а мерката која ја воведуваат е премногу драстична за малата промена и скудното подобрување кое евентуално би резултирало. Се воведува само како маркетинг метод за да се остави впечаток дека нешто се подобрува.
И можат да се примат пациенти пред време, докторот сигурно нема да седи празен кога пред врата има пациенти. Додека најголем проблем се недостатокот на термини, амма тоа е кај дефицитарните специјалности, ако еден термин се ослободи во неделата, а требале 30 или 100 кои чекаат, ништо нема да промени, само заплашувањето и парите за џабе земени.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Јас не се согласувам. Да, логично е ова, ама не е така во реалноста. Прво сакам да видам анализа колку пропуштените термини би го подобриле системот, ич или многу малку, а мерката која ја воведуваат е премногу драстична за малата промена и скудното подобрување кое евентуално би резултирало. Се воведува само како маркетинг метод за да се остави впечаток дека нешто се подобрува.
И можат да се примат пациенти пред време, докторот сигурно нема да седи празен кога пред врата има пациенти. Додека најголем проблем се недостатокот на термини, амма тоа е кај дефицитарните специјалности, ако еден термин се ослободи во неделата, а требале 30 или 100 кои чекаат, ништо нема да промени, само заплашувањето и парите за џабе земени.
Драстична мерка? Пациентот при следното одење плаќа 50% од тоа што би го платил за прегледот кој го пропуштил. Запознаен си со цените во јавното здравство? 30-40 денари е преглед од професор. Не можат да примаат пациенти пред време, предвидени се казни доколку докторот во времето предвидено за еден пациент прими друг. Значи тоа време е апсолутно бескорисно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom