Погрешно сте ме разбрале сите, значи сега не е темава дали јас сакам или не сакам да емигрирам и дали ќе успеам или нема да успеам, темата е дали реално може човек што нема раб. искуство стекнато во австралија, н.з, британија, уса, и роднини во Аус да емигрира, во Аус на пример,
иначе за мене не се секирајте, си имам јас доволно средства да си живеам и во мкд, него муабет ми беше за друго дај малце олабавете, зборам реално кои се шансите да емигрира човек во Аус без раб. искуство стекнато во австралија, н.з, британија, уса..... јас лично сакам сега да стекнам некое раб. искуство на дефицитарнава струка тука, во МКД, па да си ја пробам среќата на огласите во Аус (медицинско иам средно не факс), значи некој да ме вработи ДИРЕКТНО ОД МКД без да вложувам во АУС образование и слични тракатанци,
магистрирав на право, што нема шанси да најдам работа во странство било кај, ко правник, а да давам 50.000$ за студирање во Аус тоа нема шанси, тоа зборам, не би инвестирала во образование, толкава сума зашто е ризик, да голем ризик, иако имам роднина еден што инвестираше во студирањето толкава сума и сега работи во Англија во банка и зима 6000 фунти плата, да не велам дека не, ама ете јас конкретно не би ризикувала, он ризикуваше, доби, но познавам и примери што ризикувале( си ги дале паричките, ги исцедиле ко лимони) па не се вработија по странство туку си седат, се вратија во МКД.
Лично јас сакам да заминам да поработам негде на страна, чисто да видам како е, тука имам работено државно и не ми се допаѓа воопшто, ниту условите ниту ништо, тука ако работам само некоја приватна фирма може да си отворам или канцеларија, државно не.
И дечки не зезајте не е црно или бело се, и тука во мкд на некој му цветаат ружи и во странство има секакви луѓе и намачени од работа и ненамачени од работа, јас не сум била во странство никогаш да работам, и баш ми е криво што не заминав дур студирав да видам како е бар на некој месец, а и не само работата и животот. иначе нож до коска не им е дојдено на луѓево за Австралија, конкретно највеќе луѓе моментално емигрираат во Германија, и јас учам германски и ако не австралија, Германија сигурно би сакала да поработам да видам како е, таму е и полесно за одење, само јазикот е тежок и малце напорен за учење, ама се се постигнува ако се посвети човек.