@Darling - Io Sono е филмоман, но не и аниме фан, или барем не ми има таков впечаток оставено. Но се надевам ќе му влијаеме малце, па ќе чепне нешто од аниме серијалов или долгометражните проекти
.
За другово се согласувам. Немаме еквивалент на Марвел кој би се грижел интелектуалната стока да биде егзекутирана до максимум тука како кај филмскиве адаптации на стриповите. Јас колку што знам, студиото кое е позади анимето и креаторот на мангата не се дел од работната сила која ќе работи на филмов, а доволен црвен аларм е тоа што пак после не знам кој пат, играат на whitewash картата, како кај многу филмови наназад, а најнов пример е филмов со Мојсеј сега што излезе. Не би ме чудело и да сменат локација, наместо во Јапонија да е во САД, ликовите американци со амерички имиња и презимиња, и сајбер-терористие да се од Средниот Исток или Русија. Мислам, до толку се глупави некогаш, да ова и да звучи смешно може на крај тоа да биде производот и да земеме да се крстиме.
Ќе оставам простор за benefit of the doubt, и ќе следам како се развива се, па тогаш повалидно мислење ќе имам. Инаку се работи и на live action филмска адаптација и на Attack on Titan, само за неа барем чув ќе има азиски актери/ки, со азиска ко-продукција, па веројатно нема да биде толку sucky ко овој (доколку така испадне).