Дека гледам не е спомнато овде се уште, се решив јас да споделам:
Scarlett Johansson е
официјално потпишана да ја глуми Motoko Kusanagi, главниот протагонист во live action филмската верзија на култниот манга и аниме серијал
Ghost in the Shell пренесуваат
Nerdist и
Variety. За тие кои не се запознаени со приказната, се работи за општество во релативно блиска иднина каде голем дел од популацијата има и/или е зависна од кибернетски импланти и додатоци во помал или поголем процент, каде вештачките интелигенции постојат и шетаат меѓу луѓето како андроиди, или човечка свест целосно префрлена во роботизирано тело. Виртуелниот свет и интернетот прераснале во суштинска потреба во текот на еден ден кај дост алуѓе, и каде сајбер-тероризмот достигнува крајно опасни размери и реперкусии, далеку поопасни од било која форма на тероризам денес.
Kusanagi е лидер на специјална единица за Јавна Безбедност наречена Section 9, која се бори против растечката закана на сајбер-тероризмот. Приказната ги истражува филозофските и моралните импликации од растечката зависност на виртуелниот простор и технологијата и како тие би го обоиле тогашното/денешното општество во некоја блиска иднина, и кои биле инспирација назад во 1995та за создавање на аниме-то, но важат за уште позначајни денес, 20 години подоцна, ако се осврнеме какво е општеството денес и во која насока иде. Еден вид уметничка и филозофска критика на растечката популарност и резултирачка романтизација на трансхуманизмот и технологизацијата на секојдневниот живот. Како фан, можам само да кажам дека филмов ќе биде love it all или hate it all, дури и меѓу тие кои не се фанови и немаат претходно искуство со приказнава и светот во кој се раскажува.
Прв црвен аларм ми е што филмов го создаваат луѓе од Холивуд, а не соодветен еквивалент од Јапонија, Холивуд има лоша репутација да усерува азиска интелектуална стока (дали преку правење римејци, или свои верзии на на некој материјал, или некакви си адаптации кои се за нигде. Верувам многу малку луѓе тука знаат дека оргиналната приказна за Resident Evil е од јапонско потекло). Стивен Спилберг наводно е заинтересиран веќе поодамна за ваква адаптација што до некаде може да се смета за сигурно, но во последно време не ми се допаѓаат многу работи што биле средени од негива страна (барем не толку колку други). Друг црвен аларм, карактерот дава увид дека е од Јапонија и дека е со азиска позадина, а ќе ја глуми европјанка. До толку не можеа да најдат актерка со азиско потекло, од цел Холивуд? Ја сакам Скарлет, ама не баш сегде и на секој начин. Тука некако ми штрчи. Се надевам дека барем убаво ќе одглуми и ќе го долови карактерот, кога веќе официјално влегла како главен лик во филмов. Последниот црвен аларм е општо за филмов, после The Machine, Transcendence, Automata и ред други флмови со слична тематика Холивуд е решен изгледа да ја цеди кравата наречена cyberpunk до последната капка млеко. Обично кога ова се случува со трендовите најчесто ја усеруваат работата.
Можеби е ова одраз на inner fanboy disservice впечаток и ништо повеќе. Можеби и ќе биде супер, што знам. Anyone else, thoughts?
--------------------------------------
За тие што немаат поим за ни за мангата, ни аниме серијалот и долгометражните едиции, прво еден минутен молк...
... А сега малку со visual tease, и препорака да ги изгледате во што поскоро време доколку немате серија за гледање + празен простор од 2-3 филма: