Не би рекол дека ќе речевте дека Карло е крив со составот ако тепавме. Вака и за Класикото викавте дека е самоубиство без деструктивец, па се покажа спротивното. Но еве и да утнал, се дешава еднаш у 23 утакмици. Роналдо да промаши празен гол од 2 метра, но од свртување без ориентација каде е голот се случува. Не е машина. Но ова со Бејл не се „случува“. Ова не се симптоми. Вака ако продолжи воопшто нека не се надева на нов договор. Освен што не е во форма, нема ни комерцијална вредност (ко Бекам на времето). Овој ти е ко Кака, тивка ѕвезда шо се вели.
Ја ќе речев дека го утна составот и да тепавме. Пола од постов горе го мислев уште на полувреме кога водевме 1-0.
Да имаа само две шанси Валенсија и да паднеа головите само од нив немаше да има критики за составот, се случува. Ама тие матер им ебаа на средината, Крос беше притиснат, Иско беше притиснат и не доби ни еден дуел.
За во Класикото стартувавме со Крос и Модрич и јас бев сигурен дека тоа ќе функционира ок бидејќи и двајцата се средњаци, за разлика од Иско кој е многу поофанзивен од Крос и Модрич. На Бенземата не му се играше исто така. Ова се круцијалните грешки во составот, а според мене ова ќе беше идеално:
---------------Касиљас ---------------
Дани-Рамос-Пепе-Марсело
----Иљара/Кед----Крос-------------
Хамес--------------------Иско--------
------------Бејл---Роналдо----------
Тешки гостувања сезонава се Барса, Атлетико, Валенсија, Севиља и Виљареал, кај некои од овие мора да игра со подефанзивен состав. Карло мораше да го научи тоа до сега, али ситуацијата со Иско денес му беше последен тест дека неможе секогаш Иско да игра на местото на Модрич. Го има Иљара, го има Кедира. Впрочем само едно не ми е јасно, ситуацијата со Иљара.
Иљара сосема солидно си ги извршува задачите за да Иско игра на негово место, мислам колку можеш повеќе да го изебеш некого во паметот со ова. Играч кој до вчера играше полу-напаѓач да ти го земе местото на кое си играл цел живот. Тури му пепел на овој, нека го шитнат уште сега бидејќи во Реал му отиде кариерата.