Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Прво, стартната 11ка му беше грешна.
Иско МОРАШЕ да игра крило и само крило. Му успеа 2-3 пати против послаби екипи, ама Иско е далеку од Модрич за таа позиција. Мораше еден од Кедира/Иљара да стартува со Крос.

Второ Бензема не требаше воопшто да игра. Ништо не направи, само кочеше.
Роналдо и Бејл реално ја прокоцкаа утакмицата. Две 100%ни шанси мора да ги дадеш и тоа е тоа.
Бејл одигра подобро после долго време, Роналдо не направи ништо, ужас.
Хамес искрено ниеднаш не го забележав така да немам појма како одигра.

За одбраната нема што да се кажува, прво полувреме ги скинаа по десната страна, второ по левата. Да останеше Пиати да игра подолго Валенсија ќе дадеше гол уште во прво, овака само се одолжи нивниот пресврт.

Карлито беше надигран второ полувреме. Ме потсети на утакмицата против Атлетико кога изгуби Реал на Бернабе.
Како и да е, пораз за да ги разбуди и да почнат да играат. Сега се потребни ротации, и да не експериментира повеќе со Иско, фала чао.

Нека ви е среќна 2015-ата.
 
Беше прашање на време кога глупостите на Бејл ќе не коштаат. За ова се дискутираше уште пред два месеци. Не ми е криво ни за поразот ни за ебаниот рекорд, колку што имаме ушле шо наместо да биде уште подобар од лани, игра на стара слава и е 10 пати полош.
 
По којзнае колку време двајцата, Рамос и Пепе направија грешки по кои падна гол, заборавив како излгеда ова. :D

Карло е виновникот, јебига. Ваква средина против Атлетико можеби само би успеала, доколку тие се таму пасивни ко во поголемиот дел мечеви до сеа. Али можеби. Против други појаки екипи ваква средина - никако! Мора двајца позади, вака Крос ја држеше сам цела средина, никаква помош од Џамес и Иско. Вториов ги имаше карактеристичните продори али преосамено без да стори шанса.

Иначе желба ми е да отпаднеме у купот, не знам зашто, ама мислам дека така ќе биде подобро за остатокот на сезонава. :toe:
 
Хамес беше невидлив.
Бејл беше очаен.
Хесе играше како дилдо да има у газот напикано.
 
Полоша во одбрана од дамна не сме изиграле, ради тоа ја изгубивме утакмицата, а не што промашија Роналдо и Бејл. Натпреваров ме потсети како оној против Сосиедад на почетокот на сезоната.
 
Иско не беше воопшто лош. Единствено правеше глупи фаули, ама дур не примивме несреќен гол воглавном ја контролиравме утакмицата. Тактиката и не беше некоја голема пречка, едноставно подпаднавме на притисокот кој го донесе првиот гол.
Глупиот гол беше пресвртница, после следеа нервози и притисокот од публиката.
Доста добро одговоривме на тие 2 брзи гола ама јебига не влегоа неколку добри прилики.
Нема што многу да се очајува, се работеше едно од најтешките гостувања, а и среќата ни го сврти грбот.
 
и карло ја утна без кедира почна и роналдо утна празен гол од метроипол и бејл утнат е целиот све да му ибам :) аутогол си брцнавме кога требаше 2 разлика да напраиме, баксуз не затера денеска. ај мојсие ќе не извади вечерас
 
Не би рекол дека ќе речевте дека Карло е крив со составот ако тепавме. Вака и за Класикото викавте дека е самоубиство без деструктивец, па се покажа спротивното. Но еве и да утнал, се дешава еднаш у 23 утакмици. Роналдо да промаши празен гол од 2 метра, но од свртување без ориентација каде е голот се случува. Не е машина. Но ова со Бејл не се „случува“. Ова не се симптоми. Вака ако продолжи воопшто нека не се надева на нов договор. Освен што не е во форма, нема ни комерцијална вредност (ко Бекам на времето). Овој ти е ко Кака, тивка ѕвезда шо се вели.
 
Абе луѓе мора еднаш да се изгуби, 23 победи и не се малку да бидеме реални...паѓа концентрација, притисокот беше голем со овој рекордот што им беше на грб.
 
Само поради тој пост ништо не пишував. Осеќав дека си во право. :D
Колку се осеќаше денот ненормално... никогаш порано не сум успеал да погодам така за 2та тима :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom