http://www.cannabis-med.org/studies/study.php
Не знам дали имаше можност да го следиш семинарот од Rick Simpson во скопје многу че ти беше појасно, Кили таму беше...
Ова мислење е од темата за Кили, ама го цитирам тука затоа што мислам дека тука е местото за овој одговор. А и поназад на оваа тема се дискутирало за овие работи.
Како што беше напишано и на другата тема, приказни за мали деца се тоа дека причината дека садел канабис за да лечи рак и повеќето луѓе тоа добро го знаат.
Ама овие приказни отидоа многу далеку и сега има многу луѓе кои наивно веруваат во сите овие приказни, а најлошо е што има и такви случаи кога луѓето се заглавени во очај со болест и бараат секаков спас, па заведени од овие приказни одлучуваат дури и да го прекршуваат законот и да ризикуваат не само благосостојбата на болниот, туку и кривично да одговараат.
Ваквите приказни кои достигнаа во вид на пропаганда се последица на неправедната состојба на дури и криминирализираната марихуана, но неправедно е залагањето за медицинската употреба на марихуаната да биде само нечесен обид за промена на јавната свест.
Ваквата пропаганда која секојдневно ја читаме на интернет дефнитивно нема научна основа и припишува дури и мистична моќ на пушењето или правењето на екстракти од канабис.
Ветува употребата на стандардизирани лекови со такви канабиноиди, ама само како придружна терапија само за гадење, немање апетит и слични помалку бенигни состојби, далеку од лечење рак, сида и невролошки и психијатриски заболувања.
Се останато е на ниво на Баба Рада, без научна основа и навистина жално за оние на кои навистина им треба помош и незнаејќи ставаат рака во оган.