Во Новата година посакувам (Филм и ТВ желби)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо посебно, нека излезат сите епизоди од ГоТ наеднаш ако можит:pipi:

Мојт ќе изгледам некој од овие за суперхерои што се најавуваат и ќе ги изгледам по незнам кој пат Fight Club, Life is beautiful и уш некој...:)
 
Има доста одлични изворни материјали (надвор од стриповите и графичките новели) ако на некој му се прават одлични sci-fi, adventure, и fantasy филмови. Проблемот е дали филммејкерите се воопшто запознаени со истите, за да можат да ја разглабаат проблематиката на преведување на материјалот на големо платно.

За едни Одисеја беше супер изворен материјал, или Dune. За други Battleship е одличен изворен материјал (кој ја играл американскана подморница игра - знае).
 
Има доста одлични изворни материјали (надвор од стриповите и графичките новели) ако на некој му се прават одлични sci-fi, adventure, и fantasy филмови. Проблемот е дали филммејкерите се воопшто запознаени со истите, за да можат да ја разглабаат проблематиката на преведување на материјалот на големо платно.

За едни Одисеја беше супер изворен материјал, или Dune. За други Battleship е одличен изворен материјал (кој ја играл американскана подморница игра - знае).


Можеби знаат ама сеуште сакаат да ја молзат кравата наречена суперхерои. Сеуште има јак бизнис од тоа, само прашање е кога ќе им се скурчи на гледачите. Мислам дека имаше предупредувачки текст од Cracked за опасноста трендот на популарност за гикк работи да колапсира ако на трпезата се нуди ништо друго, туку само хамбургер.
 
Можеби знаат ама сеуште сакаат да ја молзат кравата наречена суперхерои. Сеуште има јак бизнис од тоа, само прашање е кога ќе им се скурчи на гледачите.

Зависи. Winter Soldier за мене (и сите со кои правев муабет за флимов) не делуваше како суперхеројски филм, туку како акционен филм (Џејмс Бонд со стероиди од G.I. Joe франшизата, али боље и од двете). Без разлика што се спомнуваат суперхерои во него или костимизирани борци. Дозволува suspended disbelief заради одличното режирање и продукција, како и приказната и концептите со кои си играа во филмот. Lucy е исто така добар пример како нешто што не е дел од таа франшиза но сакаше да и се приклучи, со интересен материјал и концепт. Воопшто за мене не делуваше како суперхеројски филм, иако ги имаше сите атрибути како кај добро познатите филмови. Да не е Бетмен толку познат карактер ко што е, трилогијата на Нолан може да помине како акционен сет исто така.

Мислам дека е добра идеја тоа што почнаа да вадат помалку познати карактери за кои направија/ќе прават филмови (но се надевам дека ќе се запази да не бидат стереотипно суперхеројски), како Suicide Squad, Antman, Guardians of the Galaxy итн. Разбрав дека дури и Black Panther ќе има свој филм. Примери за тие што подлегнале на тој стероид и стереотипност за жанрот се X-Men, Man of Steel, и Spiderman. Сами по себе не се лоши, некои од нив ми се и во Топ 5 филмови од изминатава година, ама се виновни за тоа што обвини во твојот пост. Нудење на продукт кој предизвикува заситеност бидејќи следи формула која "функционира". За сега барем. Guardians of the Galaxy, кога веќе го спомнав, повеќе делуваше како синтеза на елементи и емоции кои ги добив/ми беа пренесени од Star Wars и Flash Gordon, него ли како суперхеројски филм. Немаше некоја шема и тој (барем за мене).

Се додека има визионери кои стрип приказна можат да ја преведат на големото платно повеќе од само суперхеројска save-the-day шема и со добро познатите елементи и tropes, како гореспомнативе "аномалии" тогаш ќе има публика за нив во кино салите и масовна заработка за креаторите на филмот. Ова е како да кажеме дека има презаситеност од комедии и хорори. Еве, некој помал жанр да ставиме, еве зомби-хорори. Се уште ги прават, и после децении и децении од молзење на таа веќе исушена крава (пак, за мене). единствено ќе се создаде нов вид публика која ќе фанатизира околу жанрот како што сега фанатазираат за филмови со зомби, врколаци и вампири. Или ете, нешто што е за тебе попознато - mecha anime. Не верувам дека ќе изумре жанрот дури и да се забрза темпово, само ќе го загуби шармот и харизмата кај пошироката публика кој овој жанр сега го ужива.

Earthsea е добар изворен материјал кој би сакал да го видиме во 6 дела на големите екрани како тие на Толкиен. Има богата митологија, и интересни ликови. Rendezvous with Rama е уште еден бисер кој верувам дека може да мери тестиси со Interstellar, а зависно од тоа колку добро ќе биде скоцкано се, можеби и со Одисејата 2001ва (тука е помалку контраверзно дека и двете приказни се напишани од истиот писател, па ништо страшно да се ставаат рамо до рамо). Uplift серијалот на David Brin е уште еден дијамант кој со добар тим може да направи растур на бокс-офисот, но во исто време да собере и по некоја добра критика од "стручнине" страни.
 
Толстој :pos::pos:

#Толстој кружи околу столица сега има повеќе смисла
#Толстој те молам врати си го стариот ник
#Толстој он стероидс=Бомбастичен дрогираш :pos:
#Толстој те молам врати се во родниот крај
 
Последно уредено:
Толстој :pos::pos:

#Толстој кружи околу столица сега има повеќе смисла
#Толстој те молам врати си го стариот ник
#Толстој он стероидс=Бомбастичен дрогираш :pos:
#Толстој те молам врати се во родниот крај

Koга ќе видиш, ТОЛСТОЈ е анаграм на ТОЈ СТОЛ :D I see what you did here, Дрогираш.
 
Ако има некој филм за кој сакам римејк тоа е Dune (1984)

Го имаш гледано документарецот Jodorowsky's Dune? Ако некој го фати тоа чудо и го претвори конечно во филм успешно, ќе биде уште една филмска легенда и веројатно ќе предизвика бран во поп културата како ништо до сега. Според мене џабе не го нарекуваат "the greatest sci-fi movie never made".
 
Фала за предлогот Шкорпион, ете го изгледав Jodorowsky's Dune (2013) и жал ми падна за режисерот, скоро 40 години подоцна сеуште му се насолзени очите што му го земале филмот. Од почетокот мислев едноставно дека е луд :) но сега мислам дека е вистински филмоман и уметник, огромна страст за создавање. Потенцијално, филм кој ќе ја изменеше историјата на Sci-fi жанрот. @џимеј, @wot, ѕирнете го документарецот. Ќе ви треба превод, се зборува и на француски.

Се надевам на римејк, барем да изгледам една добра верзија пред да умрам.
 
Сакам да испадне филм во стилот на Хичкок :)

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Фала за предлогот Шкорпион, ете го изгледав Jodorowsky's Dune (2013) и жал ми падна за режисерот, скоро 40 години подоцна сеуште му се насолзени очите што му го земале филмот. Од почетокот мислев едноставно дека е луд :) но сега мислам дека е вистински филмоман и уметник, огромна страст за создавање. Потенцијално, филм кој ќе ја изменеше историјата на Sci-fi жанрот. @џимеј, @wot, ѕирнете го документарецот. Ќе ви треба превод, се зборува и на француски.

Се надевам на римејк, барем да изгледам една добра верзија пред да умрам.
Го гледав документарецов, мака ми е за Јодоровски, изгледа не му се наклониле ѕвездите како што треба :) Каков што е генијалец, мислам дека немаше да има подобар сци-фи филм.
А за Dune и сам Линч има изјавено дека ова е најлош негов филм и најголема грешка му е што се обидел да направи адаптација. :)
 
Мојата филмска 2014 беше катастрофална! Само една од точките во TO DO листата ја остварив (болдираната). За 2015 остануваат останатите точки:
...
Не верувам дека ќе изгледам уште многу филмови до крајот на годинава, па затоа резимето, заедно со листата желби за 2016 (препишана од лани, малку само дополнета) ќе ги пишам малку порано. Еве што посакав за 2015, колку остварив и што посакувам за 2016:

-ќе ги изгледам сите серијали филмови за суперхерои за прв пат. И Супермени, и Бетмени, и Торови и Иксменови, и Спајдермени, и Авенџери...

Сите - не успеав, но многу напредував! На почетокот на годинава имав гледано само 5-6, а на крајот:


-ќе гледам што е можно повеќе светска кинематографија, за да надоместам се што сум пропуштил

Тука многу послабо ми одеше, повторно, но изгледав десетина филмови.


-ќе ги комплетирам сите филмови од Филмскиот каталог за тапчовци

Сите, не успеав, но на добар пат сум. Ако не во 2016, за две-три години, сигурно!


-ќе присуствувам барем на 12 кино премиери/проекции

Само 3/12, за жал. :(

-ќе пробам да ги изгледам сите филмови за Бонд

Е ова е срамота - не ги ни начнав.


-ќе ја надминам бројката од 100 spotted movies

Success!
YKM7uGj.png


-ќе ја дополнам листава, по потреба... :P

Е па еве дополнувања:

-ќе изгледам минимум 30 анимирани кои сум ги пропуштил до сега. Еве како стојам со анимираните во моментов:


-ќе ги изгледам сите македонски играни филмови. До сега:


-ќе ги изгледам сите „Оскаровски“. До сега:


-во Moviespotting 2016, одиме ниво погоре. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom