kooperativa
Г-ин Пола Милениум
- Член од
- 2 октомври 2012
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 8.601
Љацо, да си ибеш векот, кај ти текна на оваАј и двете варијанти најчесто како го спремам.
Печен:
За кило врат ( ако е повеќе дуплирај) некаде околу 300 мл пиво, во твојот случај може исаглам темно пиво , сол, бибер, ловоров лист и зејтин. Ставаш се во плекче и го покриваш со фолија. Ова е варијанта за бавно печење значи околу два саати и ќе треба да не ти е на јако фурната. Ќе го проверуваш и превртуваш. Кога ќе е при крај течноста ќе ја тргнеш фолијата иќе оставиш за да се запече, се ова под надзор. )
Пржен:
На загреана тава го ставаш месото ( претходно посолено )буквално по пола минута од двете страни само да фати "коричка". Му налеваш две чаши вода, ставаш бибер во зрна и ловоров лист, намалуваш ринглата на тивко, ставаш капак и го оставаш околу саат. Ако не испари водата дорогаш го тргаш капакот, ако испари пред еден саат му дотураш. Значи да остане само месото со сосема малку вода на крај и тогаш додаваш зејтин и го пропржуваш од двете страни. Тоа е тоа.
Е. Има и зачинета вариајанта. Ако сакаш можеш да го посолиш, да му ставиш црвен пипер и зејтин и да го оставиш преку ноќ да се маринира и после бираш како да го правиш.
Сум го заборавил ова, а сега ми направи беља да го правам деновиве. Уште само да имам среќа да најдам добар врат (ако не, од мојот сечам)
Кафе, идејата со темно пиво е провокативна, не ми текнало до сега, ама вероватно ќе направам експеримент и се надевам дека ќе испадне како треба.
Само ќе направам мала промена, ќе го оставам да стои во пиво и зачини цела ноќ. Да впие од тоа пивцето и подлабоко,.... мх мх мх, уште сега можам да замислам како ќе изгледа
Скар на двете за оваа беља