Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има производи од Heinz во Скопје и ако ги има кај можам да ги најдам нормално освен мајноез дали има и други?
 
Дали има производи од Heinz во Скопје и ако ги има кај можам да ги најдам нормално освен мајноез дали има и други?

Има, во Тинекс и Веро. Ја имам купувано кечап и сос за салата со вкус на лук. Сигурно имаше и некои други вкусови од сосовите за салати.
 
Дајте некоја идеја за нешто “ново“ да зготвам. Она стандардното, боранија, грашак, тавче ориз и сл е веќе видено, ..... сакам да проширам хоризонти и збогатам мени. Е сега, има еден мал услов, а тоа е да не се окапува на шпорет, ....... јбга, краток е денот за да се помине 2-3 саати во кујна.
Било која сугестија е добродојдена:noze:

Ти најдов нешто друго, со состојки кои лесно можат да се најдат кај нас. Ајвар со пилешко и ориз. Ако те фати око, кажи да го преведувам.
 
Хахахаххха, кај ме најде, ајвар немам :D Ај ќе купам една тегла од тинекс, .... преведи(y)

Да ти пратам? :D

1кг пилешко бело месо
2дл крем фреш (ако не можеш да најдеш, земи обична павлака)
3дл полномасно млеко(или зголеми ја дозата на павлака ако сакаш)
156 гр. ајвар
лажичка мед
1-2 чешниња лук
100 гр. рендан кашкавал
сол, бел бибер

За сервирање:
Ориз за 5-6 порции
брокула, карфиол и моркови
(сѐ вариш)

Го редиш пилешкото во подмачкана тава за печење. Во еден сад ги матиш останатите состојки и ги истураш врз пилешкото. Ставаш да се пече на 175 степена околу 45 минути. Откако ќе помине времето, го ставаш ренданиот кашкавал одозгора, враќаш тавата во кујна, ја покачуваш температурата на 200 степена и оставаш да се пече уште 20-тина минути.

Вадиш од рерна, сликаш и ја постираш сликата на форум додека да се олади јадењето.
 
Штом најдам време го правам, ..... можда и утре, али не ветувам
 
Готвачи, ми треба рецепт за торта , поточно за фил за торта без користење на миксер. Немам миксер при рака :D
 
Единатвено што ми текнува во моментов е пудинг со овошје внатре. Ама не да ти се излади премногу дека нема со што да ги измутиш грутките после. :))
 
Свинскиот врат го печете или го пржите како подобро излегува? И некој ако има некаков рецепт да сподели алал да му речам :)
Во Дане е најдобар али аш нема Дане :D
 
Свинскиот врат го печете или го пржите како подобро излегува? И некој ако има некаков рецепт да сподели алал да му речам :)
Во Дане е најдобар али аш нема Дане :D

Ај и двете варијанти најчесто како го спремам.

Печен:
За кило врат ( ако е повеќе дуплирај) некаде околу 300 мл пиво, во твојот случај може исаглам темно пиво :), сол, бибер, ловоров лист и зејтин. Ставаш се во плекче и го покриваш со фолија. Ова е варијанта за бавно печење значи околу два саати и ќе треба да не ти е на јако фурната. Ќе го проверуваш и превртуваш. Кога ќе е при крај течноста ќе ја тргнеш фолијата иќе оставиш за да се запече, се ова под надзор. :))

Пржен:
На загреана тава го ставаш месото ( претходно посолено )буквално по пола минута од двете страни само да фати "коричка". Му налеваш две чаши вода, ставаш бибер во зрна и ловоров лист, намалуваш ринглата на тивко, ставаш капак и го оставаш околу саат. Ако не испари водата дорогаш го тргаш капакот, ако испари пред еден саат му дотураш. Значи да остане само месото со сосема малку вода на крај и тогаш додаваш зејтин и го пропржуваш од двете страни. Тоа е тоа.

Е. Има и зачинета вариајанта. Ако сакаш можеш да го посолиш, да му ставиш црвен пипер и зејтин и да го оставиш преку ноќ да се маринира и после бираш како да го правиш.

:pijani:
 
Го чукаш месото како шницли или така на парчиња го сечеш?
Првата варијанта ми изгледа полезетска :)
 
Го чукаш месото како шницли или така на парчиња го сечеш?
Првата варијанта ми изгледа полезетска :)

Не го чукам за да не биде посуво. Кога е убаво парчето е мнооогу посочно.
За таа варијанта внимавај само на плекчето. Пример ако ти е многу големо кога ќе ги ставиш тие 300 мл пиво ( на едно кило ) може да дојде малку течност, во тој случај стави и околу 100-150 мл вода.
Ако ти е за Нова Година тука ќе сум ако заглавиш. :pipi:
 
Како се прават оние чоколадните елкички со екструдиран ориз, не можам да најдам слика на нет, се надевам ќе се сетите на кои мислам.. :noze:
 
Како се прават оние чоколадните елкички со екструдиран ориз, не можам да најдам слика на нет, се надевам ќе се сетите на кои мислам.. :noze:
Чоколадни шишарки да не се? Или јок? :X3::D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom