Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Починал Боро Чурлевски утрово...:(
Според мене најдобриот играч шо го носел дресот на Пелистер .
Битолска ракометна легенда.

Почивај во мир Боро.:(
 
Бог да го прости,најдобриот среден бек шо некогаш играл на овие простори,според многу ракометни стручњаци на времето еден од најдобрите ракометари во Европа,без никакво претерување..
Виртуоз.да се надеваме дека Филип достојно ќе го замени...:cuc:
 
R.I.P. Боро, најдобриот среден бек Македонец кој некогаш сме го имале :cuc:.

Македонскиот ракомет денес остана покус за едно големо име. Во 49. година од животот, по долго боледување почина легендата на македонскиот и битолскиот ракомет Боро Чурлевски.

Играчката кариера ја започна во Пелистер во 1984. година со кој 3 пати ја освојуваше вице-шампионската титула во СФРЈ во периодот помеѓу 1984. и 1990. година, Една сезона (1989) помина во Црвенка, за повторно да се врати во Пeлистер од каде во сезоната 1991/92 премина во Тутунски комбинат од Прилеп, со кој ја освои титулата во Втората ракометна лига на СФРЈ. По осамостојувањето, кариерата ја продолжи во Борец од Велес со кој во 1993 го освои Купот на Македонија, пред повторно да се врати во матичниот Пелистер, каде во период од 5 години (1994-1999) освои 4 првенства и 5 Купови на Македонија. Во сезоната 1999/00 играше во грчкиот Килкис, а кариерата ја заврши во црногорскиот тим Ловќен со кој ја освои шампионската титула во Црна Гора во сезоната 2000/01.

Има одиграно многу натпревари за Националниот тим на поранешна Југославија, освојувајќи бронзен медал на Светското првенство во Романија 1987 . Беше дел од првиот состав на македонската ракометна репрезентација со која учествуваше на ЕП во Италија во 1998. и СП во Египет наредната година.

Многу пати е прогласуван за најдобар играч и најдобар стрелец на турнирите на кои настапувал: Меѓународен турнир – Добој 1994/96 г., Струга 1994/96 г., Меѓународен турнир – Лесковац 2000 г., најдобар стрелец во 1989 г. во Светозарево и 1992г. во Струга.

Тренерската кариера ја започна во Пелистер, а работеше и во грчкиот Килкис, косовските Кастриоти и Беса, во женската екипа на Патра и во Либија.

Последен негов ангажман беше на позицијата тренер на РК Прилеп, на чија клупа седна во септември годинава.
 
цццц нека почива во мир, 49 години живот ли се...
 
Голема трагедија, бог да го прости :(
Сега ќе се пиши за него дури... А се смееја сите кога се нудеше за селектор. Не бил Боро соодветен, Ико генијалецот доби предност пред него.
И од Пелистер го избркаја заради лоша измена шо напраја играчите...
Да бевме ние луѓе кај кои има некакви морални вредности, и да се знаеше нешто од нешто барем... Место секакви шарлатани и хоштаплери шо се испревртија и во клубот и во федерацијата ќе беа луѓе како Боро. Човекот мораше на Косово да ги учи терористите да шуткат на гол, ојде во Либија... И едвај едно текстче му посвети ЗМ пред неколку месеци.
Се дури пуштаме вакви луѓе низ вода... Од нас народ не бидва.
 
Бог да го прости ...многу јак играч беше...значи панкреасот го уништи
 
Не знам шо да кажам, стварно трагедија, наеднаш пропадна човекот :(.

Ми беше чест што имав можност да се запознаам и да работам со него, вонсериски човек и вонсериски спортист, до последно се ангажираше и се бореше за клубот, не можеше без ракометот...премногу изгубивме сите што го познававме, а и ракометот во Македонија изгуби еден маестро. Секогаш отворен и за муабет и за совет и за зафрканција, буквално сите како свои деца не гледаше во овие 4 месеци дури беше со нас. Ретки се луѓето како Боро :place:
 
:(
Страшен ракометар беше Боро,имаше нешто што не се учи,што не се постигнува само со тренинг,непредвидливост,луцидност,дрскост.
Сум имал прилика да го гледам како игра мал фудбал,со/против фудбалери,и не ми се веруваше колку беше добар.Растураше човеков,имаше талент за спорт.

Бог да го прости...
 
Нека почива во мир, страшен бек, играч со мозок, гениј!
Нека наследи син му Филип со одлични игри како шо прикажваше тој !
 
Го паметам уште од кога бев дете од првите години кога почнав да следам ракомет. Беше играчиште. Да се направи all-time најдобар состав од македонски ракометари, Боро секогаш би бил во прва постава. Нека почива во мир.
 
Еј цела репрезентација е на припреми и можеа да дојдат и да му оддадат почит на Боро. А од нив ни трага ни глас.Се надевам дека нема да победат ни една на претстојното светско и конечно да оди во историјата ова генерација на ракометни профитери , од играчи до цело РФМ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom