Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Чист пенал на крајот. Абе кизнај шо утакмица имате гледано.
 

Attachments

  • Screenshot_20250904_234718_com.android.chrome_edit_1268761929180355.jpg
    Screenshot_20250904_234718_com.android.chrome_edit_1268761929180355.jpg
    91,2 KB · Прегледи: 33
  • Screenshot_20250904_234643_com.android.chrome_edit_1268751043587648.jpg
    Screenshot_20250904_234643_com.android.chrome_edit_1268751043587648.jpg
    106,1 KB · Прегледи: 34
Абе ете има сега видео анализи, прегледи и шо уште не во сите спортови, прегледаја заклучија се е чисто, сега тие шо сакат нека мислат, нека се сетат на времето како добивале утакмици особено во Битола, иако биле едно 3-4 пати подобри.

Експертите уште за то коментитат, шо да му прајш со интернет експлорер се, сега помина голот на Хосни :sekcza: следно е Гогов ја фрла топката, дискутабилната ситуација дури викендот ќе се коментира и гледа, до тогаш позз со песната од Стоја:
 
Бо гадни деца да му се одмили ракометот од вас ги отепавте ќе но врати за ова министерот ќе видите туку да прашам кај се тие правилата за последните 30 секунди баш во интервју николов и начевски го имаа кажано дека сосема други важат за крајот можи некаде да се видат иако заврши ова се мислам џабе и таа жалбата шо ја поднесија но не можи да знајш само гледам му се смачи на тој од рфм да му дава пехари само на фитиљоот не е интересно поќе барем малки треба да имаме конкуренција за да е по убо вака се мислам за брзо сите ќе кренат раце и ќе се откажат од вложувања мислам на провинциите а ние сме сигурни уште две сезони со платформата ко сум кај тоа на преносот се виде дека Зоран поќе како да се радуваше на оваа титула од колку таа во скопје не знам оти ќефој беа еден цел албум ќе си напрат со пехари на терен а шо му значеше она на Бојан дека тие си знаеле не праеле чамче муабети пак нешто егото ги мана читаат на фб коментарите или за инает на министерот не разбрав нејсе да се множат вака титулите
 
Бо гадни деца да му се одмили ракометот од вас ги отепавте ќе но врати за ова министерот ќе видите туку да прашам кај се тие правилата за последните 30 секунди баш во интервју николов и начевски го имаа кажано дека сосема други важат за крајот можи некаде да се видат иако заврши ова се мислам џабе и таа жалбата шо ја поднесија но не можи да знајш само гледам му се смачи на тој од рфм да му дава пехари само на фитиљоот не е интересно поќе барем малки треба да имаме конкуренција за да е по убо вака се мислам за брзо сите ќе кренат раце и ќе се откажат од вложувања мислам на провинциите а ние сме сигурни уште две сезони со платформата ко сум кај тоа на преносот се виде дека Зоран поќе како да се радуваше на оваа титула од колку таа во скопје не знам оти ќефој беа еден цел албум ќе си напрат со пехари на терен а шо му значеше она на Бојан дека тие си знаеле не праеле чамче муабети пак нешто егото ги мана читаат на фб коментарите или за инает на министерот не разбрав нејсе да се множат вака титулите
Vcera bev vo klubskite prostorii da si ja podignam sezonskata,na raftojte nema poke mesto za pehari.Treba da se iznajmi eden prostor samo za da se cuvaat peharite onaka nabieni eden do drug oti I tamu ke snema prostor.
 
Зоран поќе како да се радуваше на оваа титула од колку таа во скопје не знам оти
taa mestena bese brat zato ne se radvaja
:pos:
Yannick Bisson Reaction GIF by Murdoch Mysteries
 
taa mestena bese brat zato ne se radvaja
:pos:
Yannick Bisson Reaction GIF by Murdoch Mysteries
Немој бе така ќе се налутат другарките.
Две слики само шо се објавија и заќутеа сите. Тишина се до Охрид има и ќе биде до Вторник.
Ова нема да биде десет дневен помин ко шо беше на михајло. Брзо ќе го заборават до 9ти Септември.
 
Супер работа со ова статистиката но сепак како и секоја нова работа па и ова не е 100% веродостојна. Барем во првото коло на утакмици кои ги следев не е целосно точна.
Но сепак доста солидна работа за да се гледа учинокот на секој натпревар. Барем за тикварите од МТВ кои коментираат утакмици и ја следат во живо.
 
Никогаш не сме ваделе теории за разлика од вас, зс секоја утакмица де судиите, де министерот, де масоните. Поштено си ги изгубивме сите утакмици во претсезонава. Подобар тим имате, не сме комплетни, не сме воиграни и фали квалитет бар на 3 позиции (десен бек, лево крило и голман).
Пишав и тогаш, глупости од ракав не пишувам, последната утакмица лани ви ја дадоа и тоа е тоа. Дел пуштале, дел не, направено е во договор со неколку луѓе и играчи, не се сите инволвирани. Не мора да значи дека со сигрност ќе ве победевме дури и ферски да се играше. Ви пишаа што е ветено за попуштената утакмица, тоа е средување на долговите за да може да играме во ЛШ ако освоиме во иднина.
Било што било, дај боже да расте во квалитет цела лига, да има што поголеми инвестиции во повеќе тимови и дербиња да гледаме и во ЛШ ко на времето.
Сајбер, дај бе не се бламирај, жити се, како не ви се смачи?.
Барем ти си ( или беше) еден од најдобрите познавачи на спортот и пред се еден од најреалните ликови на форумот.( ама изгледа јанглаш сум бил).
Следиш долго време спорт, не ти доликуваат вакви констатации од типот на КАНО, СИМЕВ и останати експерти и сезнајковци.
Како не вадите теории на заговор по секоја изгубена битка за титула?
Па поголеми плачковци од вас нема,ниту ќе има, уште живеете во ерата на Самсоненко, титулите, долговите, тужбите од играчите, минусните салда, нас ни се смеете за Лемго, а вие бетер сте.
Ама толку разбира рајата во Скопје од ракомет, повеќето мислат дека ракометот почна да се игра во 2017 година.

Во 2023 година
генерално алиби ви беше дека Алкалоид изиграл на нож со вас, а нас лагано ни ја дал утакмицата во Автокоманда, шо не е воопшто точно, ако се погледнат двете снимки ќе се види дека Алкалоид на утакмицата со нас на 13.04.2023 година играше со двојно поголема мотивација од таа утакмица на 01.04 со вас.
Алиби ви беше дека не сме ве победиле во меѓусебен дуел таа сезона, па со самото тоа не сме биле подобри и не заслуживме титула.
Таа сезона извадивте нерешено и со Тиквеш, така да не беше решавачки за титула тој кикс во Автокоманда.
Титулата ја освојува тој шо ќе освои најмногу бодови во плеј оф, а не тој шо ќе ги добие меѓусебните дуели.

Сезона 2023/24, иста теза промовиравте, ама изумивте дека и во меѓусебен дуел во плеј оф бевте послаби ( ние добивме на + 6 во Битола, изгубивме минус 4 во Скопје).
Имавте предност од +1 бод од регукарен дел ( добиен не со ваша добра игра, туку поклонет од брзоплетоста на играчите на Пелистер во клучни моменти), ама тој +1 бод требаше да си го оправдате во плеј оф.
Вие прво гостување по Битола и со втор тим излеговте со Тиквеш, демек лагано ќе добиете, и на крај ве решија Обина и другарите.
Вината ќе си ја барате кај Бутинот и екипата шо ви играше на терен.
Демек за нас изиграл Тиквеш, филијала ни бил, такви постови теравте.
А, ако ја гледаше некој утакмицата Тиквеш-Пелистер, јасно ќе забележеше дека Тиквеш и со Пелистер изигра на нож, и победникот не се знаеше до последните 2,3 минути.
И пак иста приказна, не заслужил титула Пелистер, бла, бла.
А имавме 13-1 во плеј оф.
Пак ќе речам, титулата се освојува преку цел плеј оф, не на еден меч.
И дојде ланската сезона.
Да не одам со хронологија.
Дојде денот да ве победиме дома, по 3 години.
И оп МЕСТЕНА БИЛА? ПУШТЕНА БИЛА, ЗА ДОБРОТО НА МКД РАКОМЕТОТ, ЗА ТАТКОВИНАТА И ЗА РАЗВОЈОТ НА РАКОМЕТОТ :masa:Не од сите, од неколку играчи:pos:
Како бе местена?
:pos::pos::pos:Кои цареви сте, страшно нешто, да ве немаше требаше да ве измислат.
Кој ја намести?Ако веќе се расфрлаш со факти, дај биди конкретен.
Борозан? Се шо шутна влезе, го имаше еден од најдобрите натпревари во сезоната тој ден.
Срдановиќ намерно погоди статива? Даде 7 гола дечкото на тој меч.
Голманите ви ја наместија?
Тој беше нивниот просек преку сезоната, 7,8 одбрани.
Гоце ја намести? Шо немаше сила во две контри да истрча, таа му е силата него, секогаш така ги трча ноншалантно контрите.
Томи Бој ја намести? Дечкото си изигра ок на утакмицата, намести доста голови, изнуди пенали, тој беше просекот негов низ сите сезони кај вас.
Мечка ја намести?Аларов?
Или Томче Стојановски шо не играше:pipi:, да бе, сега ми текна, то шо не играше Томче, вардаровиот Гедеон Гвардиола, еве кој ја намести.

Фрлавте дрва и камења по Танкосен, тој ја упропастил утакмицата, а нема врска ова, освен шо промаши еден зицер ( пречка), дечкото си изигра коректно, изнуди пенали, даде неколку топки.

Таа ви беше екипата лани, џабе мрчите, џабе се вадите.
Пораз чист како солза, не ви беше крив ниту Милано, ниту помошникот, ниту Видерер, никој, самите сте криви.
Како шо бевме ние криви кога изгубивме од вас на 01.05.2022 година, иста ситуација, и бод ни требаше за титула и се распаднавме на крај на меч ко бугарска скупштина.
Не вадевме теории тогаш дека местена била, и слично, признавме спортски пораз.
Неколку месеци подоцна БАН за вас, очекувано од ЕХФ.
Нема гратиси за екипа шо не плаќа плати на играчи цела сезона, поголем резил од овај амин.
Е тоа е таа цена шо ја плативте за тие слатки титули шо ви ги донесе Самсоненко, краток и брз успех, недомаќинско работење, на крај последиците и каматата стигна за наплата, законска казнена камата и тоа, 8 проценти. :kluc::kluc:

И на крај доаѓаме до главното.
Ме интересира, од куртоазија.
Кој ви вети средување на долговите за да местите?
Државата?Приватни спонзори? Странски служби ?

Јас колку шо знам старото правно лице (Вардар на Самсоненко) не постои повеќе.( можеби грешам)
Ако не сум грешка, тие побарувања на Македа, Кањелас итн се исплатени.
Михајло се врати под назив Вардар 1961.
Како ќе средувате стари долгови на субјект кој не постои во централен регистар?
Кој ќе ви средува е подоброто прашање?
Ќе ви бришат долгови извршителите?
Доверителите ќе се откажуваат од побарувањата?ЗА ДОБРОТО НА ДРЖАВАТА :cujte:
Државата ќе ви дава дупли ваучери, за возврат, реклама на дресот.:oeoeoe:

Реалноста е дека и новиот субјект ви генерира долгови и негативен биланс.
Не се само тие стари тужби и долгови од ерата на Самсоненко.
Ама ова е Македонија и се е можно, министерство се рекламира на дресови на клуб.
И џабе ви е пак, и да ви ги исчистат сите борчови, пак ќе се заборчите, пак ќе заглават со плати и слично.
Не е ни чудо шо има негативна рецензија кај играчите Вардар, кој сериозен играч би дошол да игра пак во Скопје, поучен од искуството на претходниците, па да се брка после со арбитражи за да си ги наплати сработените плати.

П.С.

Иста приказна и сега ја терате, во уште незапочната сезона,со поразот во Суперкупот, судиите му ја дале на Пелистер. (одлуката на крај беше чиста).
Пелистер сам се доведе во ситуација да ве врати во игра, од 26-22 во 54 минута, требаше со смирена и пред се паметна игра да се приведе утакмицата кон крај, арно ама не мислеа така некои играчи на Пелистер и се дојде во неочекувана и пред се непотребно тесна завршница и крајниот резултат не е тој што требаше да стои на крај.
 
Последно уредено:
Супер работа со ова статистиката но сепак како и секоја нова работа па и ова не е 100% веродостојна. Барем во првото коло на утакмици кои ги следев не е целосно точна.
Но сепак доста солидна работа за да се гледа учинокот на секој натпревар. Барем за тикварите од МТВ кои коментираат утакмици и ја следат во живо.

Има доста грешки, се надевам се е тоа детски болести кои полека ќе се исчистат, сепак прво коло е ова ќе им дадеме шанса да се поправат.

Го гледам прво ова за Пелистер 2 - Прилеп. Јовановски, голманот пишан дека изведувал 7мерци и шутеви од крило :cool:

Тоа секако не е точно, ме натераа да проверам, место на 21 Прилеп, запишале на 12 Пелистер2...

Мора овие работи да се надминат макар и да значи дека некој од РФМ ги прегледува натпреварите и ги поправа грешките. Супер лига + Прва Лига + Жени тоа се макс 20 натпревари неделно. Со двајца 1-2 full-time вработени може ова да се направи. Или барем за суперлигата да се започне.
 
Како не вадите теории на заговор по секоја изгубена битка за титула?
Па поголеми плачковци од вас нема,ниту ќе има.
Кои цареви сте, страшно нешто, да ве немаше требаше да ве измислат.

Абе убо му пиша али на кого... Мислиш гајле им е... Не бе си терат по нивно сите карти им се отворени во секое поле и ја извртуваат топката по нивно да е...
Море дупи ги таму крепат барем забава ќе си тераме.
Од ко увидоа дека надвор била жирафата и Манасков сега пак изговорот им бил фал било она и морало пенал да биде. Па и кошарка да се играше за ничија топка фал не се свири а камоли во ракомет каде е дозволен физички контакт.

Дефинитивно најинтересните тркала излегоја да бидат.

@Saber Rider и компанијо кираџиска... има граница на вашата имагинација?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom