Од Драчево потаму немате појдено,па овде ќе кажвате кај имало поубај чупиња.
@RedBlack дава инсајдерски информации,појќе во Битола е отколку во Скопје...

[DOUBLEPOST=1419761984][/DOUBLEPOST]Иначе за Боро,како и сите големи луѓе од Македонија,за жал на нив се сеќаваат само кога ќе го нема....
Никогаш не доби чоекот шанса да работи во Пелистер,нешто шо напојќе ми е криво..

Не си ги цениме нашите легенди,а за некој странци партали шо ќе дојдат трчаме се да му погодиме...
За жал зато пропадна Пелистер,зошто нашите играчи,нашите легенди шо го напрајле реномето на Пелистер секогаш биле во втор план за да играат некои од "надворешноста",ќе ме извинат ако ги наречам
КОПУЦИ(а биле копуци пред да дојдат во Пелистер)..
Луѓе како Пепи,Кире,Мојсо,Диви и компанија,играчи кои ако не беше Пелистер којзнај кај ќе завршеа,и прашање е дали ќе постигнеа и пола од ова шо се денес,посебно важи за Пепи...
И сега истиот тој Пепи,па и Кире,не најдоа за згодно да тркнат до Битола,макар и на 1 сат,да му оддадат почит на играчот шо ги напрај нив играчи,да кажат некој збор....
Без Боро и Пепи немаше да добива топки,ниту Кире кој дојде како зелкар овде,без патики немаше да стани лидер на Пелистер..
Имав прилика пред 7,8 години да прам муабет со Боро(ми даде еден куп касети од времето,и ги праевме во ДВД формат),чоекот беше енциклопедија за ракомет..
Роден тренер...
И вакви луѓе не добија шанса да работат во Пелистер,носевме секакви Џурковиќи,Мурковиќи,фрлавме пари за странци кои не изиграа ни 5 утакмици заедно...
И после Пелистер пропаднал,е ќе пропадни како нема да пропадни...
Исто важи и за селекцијата,наместо во селекцијата(во сите конкуренции)да работат играчи кои постигнале нешто во кариерата,играчи кои биле во странство,виделе како се работи,кај нас секакви индијанци станаа селектори...
Како на пример Зоран Петковски,шо ќе му кажи на децата?
Цел живот голман,ни смисол од игра,ни акции,ништо....
Да се вратам локално..
Шо е најлошо,наместо нашите легенди од типот на Заре,Иве,Аљушо да се заложат малце за Пелистер,да напрат нешто,тие гроб му копат на клубот....
Ај шо сегашната"управа"нема појма од ракомет то е точно,не се тие криви шо не знат...
Овие легендите наместо да застанат малце,да ги засукат ракајте,да речат
чекајте бе луѓе,дајте да напрајме нешто за Пелистер,за сите да видат малку добро...
Тие гроб му копат на Пелистер..
Е зато не бива од нас град,оти секој само за себе си гледа,ко ќе има пари сите ко хиени вртат,и за кратко време се ќе ебат...
Ко ќе снема сите бегат ко ѓаол од крст....
На запад плаќат за ваква историја како шо ја имаме ние,за вакви легенди,ама таму се ценат некои вредности,овде кај нас ништо не се цени,само сопствениот интерес....
Циле и неговата багра си гледа само тендери,парцели,Тројче се знај,за другите шо можат да поможат кажавме,и епилогот е следен...
Наместо сите да седнат на една маса да речат,чекајте бе луѓе,ете да се договориме Циле ќе фрли некоја банка,ете општината ќе поможи околу салата,ќе клајме луѓе од ракометот во управата,да крени гла малце клубот...
Не бе брате,душмани да беа појќе срце ќе имаја....
