Не ги преценувајте овие протести. Секако дека секој најмал десничарски или подобро кажано, секој протест против странци, во Германија добива голем медиумски простор иако не е значителен.
Ова движење, ако може така да се нарече, го почнале нацисти и фудбалски хулигани (баш такви) во Келн па сега го има и во други градови. Во Дрезден моментално е најмасовен, иако Дрезден има само 2% странци а најмалку од нив се Муслимани. Но Дрезден и општо источна Германија имаат повеќе нацисти во населението.
Германците се свесни за тоа што се случува ама се спори и касно реагираат на општествени промени. Моментално навалуваат многу имигранти во Германија, многу од нив од Сирија, Арабија, Пакистан, Афганистан. Последен месец само запознав двајца Пакистанци кој за да дојдат во Германија поминале низ Македонија. Биле во Битола, Скопје и Куманово.
Со оглед на тоа дека Германските жени статистички раѓаат 1,2 деца (само Германките без странци) или можеби помалце и со оглед дека Германската нација е втора најстара во светот (после Јапонската) прашање на време е дур дојде до немири во Германија.