Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Да де, сите што се за државен испит со однапред дадени прашања се купени. Паметно.
Јас сум за ова, не дека ми се седнува и ми се учи прашања, него со ова ќе видиш колку скапаници што се запишале на факултет демек сега тоа е у мода, оти дома е досадно и нема што да се прави ќе испопаѓаат заслужено.
Е сега ако се пронајде у оваа група, извини, што да ти кажам друго :D
Сите се испоизнапишале и завршиле факултет, ама ако им дадеш тест со прашања шо ќе ги знаат однапред ќе се види кој е паметен, а кој не...
Аферим бе бате, аферим...[DOUBLEPOST=1419196771][/DOUBLEPOST]
За да положиш, мора да ги научиш.
Е сега, ако си учел пред тоа ќе си повториш (repetitio est mater studiorum :D ), а ако ништо не си учел и така си поминувал, сега барем ќе седнеш и ќе го прочиташ тоа што не си го читал на време.

А тие пујките што немаат капацитет да научат прашања, а не пак друго, а така поминуват, ќе си паднат поштено.
Не бате, ќе најдеш врски тестот да ти биде решен уште коа ќе го отвориш или ќе ги научиш само одговорите. Нема тоа врска со некаков си филтер на квалитет.
 
Задолжителен усен испит. Усен испит е добра ствар, али зошто да му се мешаш на професорот во неговите методи?
Друга работа, што побогу кажаа за 3-годишните студии? Какви глупости слушнав мајке ми...испаѓа тој што ќе се запише на 3-годишни ќе има повеќе кредити него тој што ќе се запише на 4-годишни (секако, под претпоставка и двајцата да сакаат да идат на мастер). На тој со 4 години, ќе му треба 1 година мастер. А тој со 3 години, ќе треба уште една година, за да дополага испити (инаку не е дипломиран и не може да запише мастер). Значи него ќе му се фати 4 + 2.
 
Јас си го кажав моето мислење, зошто сум ЗА да се полага државен испит.
Тие што се против и мислат дека можат да ја променат оваа одлука, МАРШ надвор :D
 
За да положиш, мора да ги научиш.
Е сега, ако си учел пред тоа ќе си повториш (repetitio est mater studiorum :D ), а ако ништо не си учел и така си поминувал, сега барем се седнеш и ќе го прочиташ тоа што не си го читал на време.

А тие пујките што немаат капацитет да научат прашања, а не пак друго, а така поминуват, ќе си паднат поштено.
Така де, со истиот речник од пвеводбенициве, оние што излегоа на протест се мрзи и не им се учи. Прашања немало да научат, абе тие ќе платат и ќе ги добијат решени на компјутер, само ОК да кликнат и ќе положат.
 
Се сеќаваш за постот за дискусија, и другиот каде што на Лурц објаснувам за различните типови на испити кои собираат на куп неколку предмети?
Не е тоа мешање, едноставно враќање кон старите корени на полагање испит пред професор.
 
нигде нема усен испит по светски реномираните факултети. Дури ни на медицина на Харвард каде година е 70,000$.
 
Оф топик:
Морам да спомнам за примерите од Премиерот. Овој народ си го заслужува овој Премиер со целото поси околу него. Закон. :D:D

Чисто теоретски ако треба да мерам, од ова би ме фатило поголем срам, отколку интервјуто со министерот за образование. (Инаку овој пост не е потврда дека ме фаќа срам, или дека не ме фаќа срам. Чисто теоретски)
Види сеа фаќај некоја диплома што побрзо оти се што пишуваш ќе е привилегија само на тие што ќе го положат испитот. Во иднина ако сакаш да живееш и работиш во Катангава* прво ќе треба да полагаш испит.

*Инаку оригиналната Катанга се наоѓа во Конго, помеѓу носталгичарите попознат како Заир, кој од Југославија редовно губеше во фудбал со висока гол разлика.
 
нигде нема усен испит по светски реномираните факултети. Дури ни на медицина на Харвард каде година е 70,000$.
Има има и тоа како има, само поинаку ги викаат и поинаку се вметнати на попаметен начин. Според мене усмениот испит е основа на се, но да навлегуваме во тоа.
 
Види сеа фаќај некоја диплома што побрзо оти се што пишуваш ќе е привилегија само на тие што ќе го положат испитот. Во иднина ако сакаш да живееш и работиш во Катангава* прво ќе треба да полагаш испит.

*Инаку оригиналната Катанга се наоѓа во Конго, помеѓу носталгичарите попознат како Заир, кој од Југославија редовно губеше во фудбал со висока гол разлика.

Како што го читам предлог законот и најавените измени, се чувствувам како главниот советник за предлог законот.:D:D:D

пс. Ја читаат оваа тема каде што треба. Најсериозно.:)
 
Има има и тоа како има, само поинаку ги викаат и поинаку се вметнати на попаметен начин. Според мене усмениот испит е основа на се, но да навлегуваме во тоа.
да да ама не е усен испит паѓаш или полагаш како што сака да се врати кај нас како пред 50 години, се се зема во предвид. Не може да те турне некој оти не му е денот. Мора да седиш во лабораторија или во операциона сала и да докажеш дека знаеш, после ќе ломотиш. :)
 
ама не е усен испит паѓаш или полагаш како што сака да се врати кај нас како пред 50 години, се се зема во предвид. Не може да те турне некој оти не му е денот. Мора да седиш во лабораторија или во операциона сала и да докажеш дека знаеш, после ќе ломотиш. :)
Дефинитивно. Концептот е ист. Имплементацијата различна. Студентите ги е страв од имплементацијата, барем јас така мислам. :):)
 
Дефинитивно. Концептот е ист. Имплементацијата различна. Студентите ги е страв од имплементацијата, барем јас така мислам. :):)
нема врска другар, тука кај нас мешаат приватен живот со работа и лесно може да те бутне зошто не му е денот, да не се лажеме сега. Дали еден или двајца на секој факс се професионалци во права смисла на зборот. Еве јас ќе ги кажам кај мене. Бучковска, Тентов, Календар и Тони. Тоа е. Кај овие ако сакаат и цел ден ќе полагам. Ама не може кај некои глупи дртали како Тунеска што не знае интеграл да реши да и докажувам теореми и уште да се спрдава со мене.

Да сумирам, не се плашам од усен испит, и така на електро докажувавме теореми по математиките во прва и втора, се плашам од исфрустрирана раја што од копање канали станала професор на факс.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom