Малце оф топик, ама чисто за инфо да си знаеме колку наши пари вртат кладилнициве 
 Четирите најголеми спортски обложувалници годишно вртат околу 150 милиони евра.
Четирите најголеми спортски обложувалници годишно вртат околу 150 милиони евра.
Македонија е вистински Елдорадо за спортските обложувалници. Остваруваат огромни приходи и профити, се шират низ целата земја и вработуваат стотици луѓе, на што можат да им позавидат и најголемите компании во земјава.
На пример, четирите најголеми спортски обложувалници во Македонија- Спорт лаиф трејд, Златна копачка, Бетсити Балкан и Бет-про бил хил, само минатата година заработиле вкупни приходи од 140 милиони евра, профит од 4,3 милиони евра, а во нив биле вработени дури 970 луѓе.
Најголемата меѓу нив, спортска обложувалница Спорт-лаиф трејд, во текот на изминатата година имала приходи од близу 71 милиони евра и профит од 3,5 милиони евра. Колку за споредба Спорт лаиф трејд лани имала за 5 милиони поголеми приходи од ланецот супермаркети Веро и поголеми приходи од многу други големи компании меѓу кои и Цементарница Усје, Пивара Скопје, Фершпед, рудникот Бучим...Во обложувалницата Спорт-лаиф трејд лани работеле 511 луѓе, што е повеќе на пример од бројот на вработени во Џонсон Мети, најголемата странска инвестиција во Македонија.
Втората најголема спортска обложувалница Златна Копачка еден има годишни приходи од 41,5 милиони евра и профит од 640 илјади евра, а во неа лани работеле 233 лица.
Трета по големина е спортската обложувалница Бетсити Балкан која лани имала приходи од 16 милиони евра, профит од 170 илјади евра и вработувала 92 лица.
Најмалата меѓу нив Бет-про вил хил лани заработила приходи од 12 милиони евра и профит од 36 илјади евра, а во неа работеле 134 лица.
извор