Сите се еднакви пред законот, само некои се повеќе еднакви од други. Затоа благородништвото нема да плаќа 35 проценти данок на своите хонорари.
И ова ти било правна држава, оваа држава не почитува одлука на нејзиниот суд ако одлуката е против нејзе и нема механизам со кој ќе се спроведе таа судска одлука.
Поправено. Информацијата беше лажно пласирана од некои медиуми. Членот од предог законот е јасен:
2. Договори кои не се опфатени согласно законските одредби од ЗПЗСО:
- Примања на професионални спортисти (премии, трансфери),
- Примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции (избрани и именувани лица),
- Надоместок по основ на стипендии,
- Договори за јавна работа кој ги склучуваат единиците на локалната самоуправа,
- Договор за закуп,
- Волонтерство согласно со закон,
- Надоместок за судии, поротници, вешти лица, и стечајни управници,
- Надоместок за врвни спортисти,
- Договор за дело, авторски договор и друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичко лице – корисник на пензија според прописите од пензиското и инвалидско осигурување не подлежат на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.
"Тој појасни дека сите избрани и именувани лица односно носители на јавни функции коишто ќе остварат дополнителен приход, по основ на авторски договор или договор за дело исто така подлежат на задолжително плаќање на социјални придонеси за сумата којашто ја оствариле, што значи дека и избраните лица, односно функционерите се опфатени со мерката воведување во задолжително социјално осигурување на приходите стекнати по основ на авторски договор и договор за дело."