Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знаете како,за се може да најдеш оправдување ако сакаш,за секоја работа може да дискутираш од милион аспекти,ама во случајов,кога и на мало дете му е јасно дека ова се прави само за да се земат повеќе пари,тоа е сосема непотребно.Така да,тука нема повеќе аспекти,има само еден,и има само едно прашање на кое секој треба да си даде одговор:

Дали мислите дека државата/власта/партијата/фамилијата,кој како милуе,треба да зема повеќе пари од граѓаните или не?

Ако мислите дека треба,ОК,ваше право,само имајте на ум дека,иако буџетот секоја година се зголемува,секоја година се повеќе и повеќе пари сакаат/им фалат.

Ако мислите дека не треба,тогаш треба да излезете и да протестирате,пошто ако ова глатко им помине,за брзо време на ред ќе дојде нешто друго.

Ако се побуневме за некоја од давачките кои претходно ги воведоа или за астрономските казни,можеби на хонорарците немаше да им дојде редот.Ако не се побуните за нив ќе ви дојде редот и вас,и тоа побрзо одколку што мислите.А после ебавање нема каење,еднаш изгубена слобода,право или привилегија,тешко се враќа.

Како шлаг на овој закон се хонорарците на власта/партијата,фамилијата,за кои законов не важи,кои членуваат во по еден куп комисии,агенции,дирекции,каде што ама баш ништо не работат,а земаат баснословни хонорари.
Еве еден пример,

Вакви надзорни одбори,комисии,дирекции и агенции има еден куп,за се што можете да замислите постои комисија,агенција или дирекција.

Ако на власта и фалат пари може да укине некоја од нив,да им скрати некоја привилегија на џабелебојадците таму,може да скрати некој споменик,ама пошто не се буниме,не протестираме,полесно им е да измислат нешто со што ќе брцнат подлабоко во нашите џебови,и се додека тоа глатко им мине,така ќе си тераат.

За крај,пораката која треба да се упати до власта на протестов,според мене,би била:

Ако ви фалат пари
воведете мерки за штедење
а не
мерки за цедење
Секој нов закон е со некаква комисија. Само за информација секој пратеник во македонското собрание членува во најмалку две комисии од кои месечно добива најмалку 1000 евра плус. Значи овие надзорни и управни одбори на јавни и државни дупки се награда за секој оној што ќе си го изгази името како професорицава. Многу им е гајле за народот, погледни ги предлозите за високо образование секаде ќе сретнеш комисија.

Патем најдов каде ќе ги инвестираат парите од хонорар:

Пензионерите од следната година ќе добијат бесплатен туристички викенд, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, во обраќањето на 8-та седница на Собранието на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија.

„Веќе наредната година ќе се започне со нов проект “Бесплатен туристички викенд за корисниците на пензија“ со кој ќе се овозможи дополнителна рекреација на корисниците на пензија преку користење на бесплатен викенд петок, сабота и недела со обезбеден превоз и полн пансион во туристичките капацитети во Република Македонија: Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Преспа, Берово. Проектот ќе се реализира во пролетниот и есенскиот период. Оваа услуга ќе може да ја користат до 3.000 корисници на пензија“, рече Спасов.

Во однос на подобрување на условите за живеење и престој, Спасов рече дека се преземаат активности насочени кон подобрување на условите за сместување и престој на корисниците на пензија во пензионерски домови.

„Водиме постојана грижа за повозрасните лица со цел нивна поголема исполнетост на слободното време и поголема независност во секојдневното живеење. Поаѓајќи од потребата за оформување дневни центри за старите лица во местото на живеење, развиваме мрежа од дневни центри како социјални сервисни служби за стари лица. Во 2014 година отворивме три дневни центри, а во наредниот брз временски период планираме уште три. Со овој проект имаме за цел да ја подобриме социјализацијата на повозрасните лица преку нивна секојдневна комуникација и дружење”, истакна Спасов.

http://kajgana.com/nova-privilegija-za-penzionerite-besplaten-turistichki-vikend

Ова го нема ни во најдобростоечките земји бесплатни викенди за перење пари.

Секој нов закон е бесмислен, лаком газ трагедија.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Колку што знам и они спагаат во законот. Ако би се прашувал јас не би им дал ни плата ни хонорарец нит ништо пошто не заслужиле
Ај провери за да знаеме и двајцата што пишува.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.643
Поени од реакции
865
против протестот!

како и сите што плакаат давачки така и хонорарците треба. законот вика дека ако хонорарот остварен е помал од најниската месечна плата тогаш не се плака ништо а све над што би било еднкво на плата на некој што работи цел месец е тогаш се плакаат давачките. Некои од хонорарците остваруваат приход многу поголем од многу вработени.. па ако вработени можат да плакат нема причина зашто и хонорарците да не.
Еве да ти кажам еден пример, градинарот кај нас у фирма е ангажиран хонорарно, платата му е речиси 10 000 ден. жена му не работи, има три деца од кои најголемото му е на факултет а другите 2 средно, други примања немаат од нигде,после нова година ќе мора да се осигура пензиско и здравствено што значи наместо 10 000 ден дома ке носи 6500 денари. Законот не е добро осмислен, донесен е набрзина само со цел да се полни буџетот ги заболе за народот, од овај закон најмногу ќе бидат погодени тие што најмалку имаат. Овој идиоски закон ќе не дотепа!
Јас ќе излезам на протест.
 
Последно уредено:
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.643
Поени од реакции
865
Колку што знам и они спагаат во законот. Ако би се прашувал јас не би им дал ни плата ни хонорарец нит ништо пошто не заслужиле
Политичарите не се опфатени зо законот.[DOUBLEPOST=1418767359][/DOUBLEPOST]
Затоа ти плаќаш помали давачки, вработените плаќаат повеќе. Ама добро терај што да ти кажам. Вработените во Македонија би си отсекле лев тестис за да имаат таква работа како твојата и ти пак ќе плаќаш помалку и пак не ти чини.
Кој ќе плаќа помалку? Си го читал законот??? Хонорарците ќе плаќаат повеќе од тебе, не се секирај грујо мислел и на тоа. На вработени во фирма персоналец се плаќа на нето износот, а хонорарците ќе плаќаат на бруто. П.С ти даваат хонорарче за да ги браниш?
 
Последно уредено:
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
Еве да ти кажам еден пример, градинарот кај нас у фирма е ангажиран хонорарно, платата му е речиси 10 000 ден. жена му не работи, има три деца од кои најголемото му е на факултет а другите 2 средно, други примања немаат од нигде,после нова година ќе мора да се осигура пензиско и здравствено што значи наместо 10 000 ден дома ке носи 6500 денари. Законот не е добро осмислен, донесен е набрзина само со цел да се полни буџетот ги заболе за народот, од овај закон најмногу ќе бидат погодени тие што најмалку имаат. Овој идиоски закон ќе не дотепа!
Јас ќе излезам на протест.
епа ако тој човек со толку примања треба да плати давачки не гледам никаква причина зошто другите што зимаат многу повеке не би ги платиле?
И уште една работа има луге што работат за истата цифра фул тајм и саботи и недели и они плакаат значи не е кул.
едиствена замерка според мене би било да на вакви цифри од 10 к да не треба да плакаа целосна сума односно да не паднат под минималецот. Е сега не сме сигурни ни тоа како е регулирано затоа што за примања помали или во висина на минималецот не се плакаат давачките а на 10к пак кога би му наплатиле би паднал под минималецот како што кажа. Како и да е како што кажа само тој што најмалку има го удираат најмногу.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Во моментов во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се заведени околу 295.000 пензионери, кои што земаат во просек 12.000 денари месечно. И тие редовно добиваат покачувања. ФПИОМ повеќе години наназад, за да ги исплати пензиите, покрај парите што ги собира преку придонесите, добива уште 40 проценти од своите потреби директно од буџетот на Владата.
Дефицитот на Фондот за ПИОМ, од 2006 година до денес, е зголемен скоро за 2,5 пати, вели поранешната директорка на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) Олга Михајлова Тикваровска. Според неа, јасно е дека со оваа мерка Владата се труди да пополни дел од дефицитот на фондовите (ФПИОМ и ФЗО).
Оваа година Владата на Фондот му префрла над 370 милиони евра, средства што се обезбедуваат од државниот буџет“, вели Михајлова Тикваровска.
Но, таа се сомнева дека мерката ќе ги даде очекуваните резултати. Нејзината груба пресметка вели дека со наплатата на придонесите од хонорарите во буџетот би се слеале вкупно околу 50 милиони евра. Таа не очекува да се приберат повеќе пари од придонеси како резултат на нови вработувања или повисоки плати.
Според проекциите на Министерството за финансии за следната година, се очекува од даноци и придонеси заедно да се слеат во буџетот вкупно околу 2,2 милијарди евра. Споредено со буџетот за оваа 2014 година, тоа е за 102,7 милиони евра повеќе. Толку очекува државата дополнителни приходи следната година од даноци, вклучувајќи ги и придонесите.
Ако се анализираат овие податоци ќе се види дека најголем дел овие 102,7 милиони евра разлика, Владата очекува да ги прибере токму од придонесите. Со годинешниот буџет, како придонеси се очекуваат 727 милиони евра, а со буџетот за следната 2015 година 795 милиони евра. Тоа значи дека следната година се очекува граѓаните да платат 68 милиони евра повеќе од годинава само по основ на придонес



Па нормално дека ќе земат 35 посто од хонорарци, треба некој да ги пушта пензионерите во Маврово и Охрид, кој ќе ги гласа иначе на избори
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.643
Поени од реакции
865
епа ако тој човек со толку примања треба да плати давачки не гледам никаква причина зошто другите што зимаат многу повеке не би ги платиле?
И уште една работа има луге што работат за истата цифра фул тајм и саботи и недели и они плакаат значи не е кул.
едиствена замерка според мене би било да на вакви цифри од 10 к да не треба да плакаа целосна сума односно да не паднат под минималецот. Е сега не сме сигурни ни тоа како е регулирано затоа што за примања помали или во висина на минималецот не се плакаат давачките а на 10к пак кога би му наплатиле би паднал под минималецот како што кажа. Како и да е како што кажа само тој што најмалку има го удираат најмногу.
Не си во право, има луѓе што работат за истата цифра од 10 000 ама тие луѓе имаат нето 10 000 или минимум законски загарантираната минимална плата од 8000, а примерот за градинарот е дека на ќе се спушти под минималната загарантирана плата, нели кога на 10 000 ке плати пензиским здравствено и персоналец ке ми останат 6500 ден. Зошто з анекои луѓе да важи законот за минимална плата за други не, тоа дали е фер?

Не се луѓето против закон како закон туку протиф формата на законот, многу е крш, многу не фер.

Верувам дека ќе има и хонорарци на кои им одоговара овој закон, но ако на 1000 хонорарци ке им ги реши проблемите на 90 000 ке им го загорчи животот.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.967
Според проекциите на Министерството за финансии за следната година, се очекува од даноци и придонеси заедно да се слеат во буџетот вкупно околу 2,2 милијарди евра.
Тој што го пишувал текстот има направено утка од 1 милијарда евра.
За 2014 буџетот беше ~2.9-3 милијарди евра.Кога напишав во еден од претходните постови дека за 8-9 години буџетот е двојно зголемен,не преувеличував,во 2005/2006 буџетот беше ~1.5-1.6 милијарди.

Ме мрзи да барам точни податоци и табели,кого го интересира може да расчачка,ако баба лаже,трап не лаже.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
епа ако тој човек со толку примања треба да плати давачки не гледам никаква причина зошто другите што зимаат многу повеке не би ги платиле?
И уште една работа има луге што работат за истата цифра фул тајм и саботи и недели и они плакаат значи не е кул..
Типичен одговор - на некои им е полошо, па се снаоѓаат, ќе се снаоѓаш и ти (финансиски).

Ова е грабеж. Ако не го осудуваш, го одобруваш. Нема златна средина. Ист си ко тие што го предложиле.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
Типичен одговор - на некои им е полошо, па се снаоѓаат, ќе се снаоѓаш и ти (финансиски).

Ова е грабеж. Ако не го осудуваш, го одобруваш. Нема златна средина. Ист си ко тие што го предложиле.
Многу лесно ставаш етикети и одредуваш страни.
Факт е дека не може на сите да им се погоди и факт е дека со дел се сложувам од законот АМА не целосно.
Секој има право на мислење , соглелдување а сите се наогаме во различни ситуации.
"Ако не го осудуваш, го одобруваш. Нема златна средина. Ист си ко тие што го предложиле." А овој муабет ти е премногу плиток,ограничен и типичен за некој што плука само, става етикети и покажува со прст без да знае било што за другиот.
И уште едно прашање: дали кога плукам по валадата тоа ме прави СДСМ-овец , опозиционер со корени ?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Само студентите останаа што не им прпа глас да пуштат против.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom