Инаку, Antichrist го сметаат за првиот дел од „трилогијата за депресијата“ на Ларс фон Триер: вториот е Melancholia, а третиот Nymphomaniac. Не знам за тебе, ама мене Melancholia ич не ми го направи меракот - единствен филм е кој три пати го имам пуштено и три пати имам заспано на сред филм <---ова буквално!Легитимно е и ова, иако после се испомеша шо е рационално, нагони, инстинктивност. Има значи 6 фази/етапи, освен во првата филмот симплифицирано беше сведен на тоа дали Дефо ќе ја исконтролира и ќе ја излечи Шарлот, методот му беше клучната грешка "откривање и соочувањето со најдлабоките фобии" - Freud-like метод. Се потешко можеше да ја контролира, и филмот фати некои истрипани димензии, chaos reigned.
Најлошиот негов филм! Nymphomaniac уште не ми е гледан.
Такоџе, добра глума на Дензел и од него ми е ова прв филм кој го гледам, но погледнав во кои филмови глуми и налетав на добар материјал.
На тој курсот за скандинавскиот филм и ТВ на Курсера речиси и да не беше спомнат Dogville затоа што они го сметаат за американски филм, а не свој (дански, скандинавски), без разлика што Ларс е режисерот. Затоа беше и изземен од курсот.[DOUBLEPOST=1418728866][/DOUBLEPOST]A propos Antichrist - ме заинтригира една реченица која ја бев прочитал некаде, а парафразирано би звучела: Ларс фон Триер не е атеист, туку теист кој со гадење гледа кон религијата - еклатантен пример за тоа е неговиот Antichrist. Thoughts?