Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
@zmej gorjanin добра рецензија си напишал за Антихрист пред 2/3 години, доста захтевен филм е.
Anyway си беше по етапи филмот (поточно 6) и тешко е да се долови и образложи се, плус убацениот суреализам со етапата кај Тројцата Питачи(The Three Beggars), и расцепкување на персонае-то кај Шарлот и Дефо, сепак немаше линеарен развој на сторија.
Од модерен научник и психолог до фаза на witch hunter.
Мора да го изгледам уште еднаш.
 
Туку пази: решил @wot да направи историски чекор и како Френки кога идел во Холивуд така и тој решил да иде на кино да го гледа Интерстелар. Ама од неискуство патот го испланирал со група жени (а што знаат жени што е кино, нели?) кои го свлечкале наместо на кино, на ракомет. Њот тука покажал епски кукавичлук и папучарлук: наместо како вистински маж да им побегне, тој им идел по умот, па 2 пати по 30 минути им се смешкал додека во себе си повторувал: ебате животот, види ме кај сум.

И ене го сега, чека да поминат Оскарите да му прераскажуваме.

Наравоучение... заборавив шо ми беше поентата...
 
@zmej gorjanin добра рецензија си напишал за Антихрист пред 2/3 години, доста захтевен филм е.
Anyway си беше по етапи филмот (поточно 6) и тешко е да се долови и образложи се, плус убацениот суреализам со етапата кај Тројцата Питачи(The Three Beggars), и расцепкување на персонае-то кај Шарлот и Дефо, сепак немаше линеарен развој на сторија.
Од модерен научник и психолог до фаза на witch hunter.
Мора да го изгледам уште еднаш.
И јас го репризирав пред една недела - за филмот може да се разврзат едно чудо дискусии.

Не видов дека некој на форумов го спомнал чичко Фројд во контекст на филмот.
 
И јас го репризирав пред една недела - за филмот може да се разврзат едно чудо дискусии.

Не видов дека некој на форумов го спомнал чичко Фројд во контекст на филмот.
Е да, Фројд од аспект на Дефо у неговата улога на терапевт и методи за терапија, али и теориите за The three beggars како дел од руски фолклор(дфак, кој чита руски фолклор?), суреализам, покајанија, зачетоци-апсолути на зло, и на крај субјективистичкиот поглед на Ларс. Wave-ови има најразлични и ќе има уште толку у наредни ревјуа за што уствари е идеата. Визуелно е неспоредлив со било што друго.
Плотот коа го видов предосеќав smthin's fuckd up over here.:unsure::cautious:
 
Затоа што очигледно нема модератор што го гледал филмов, псотов беше во темата за спојлери де. :D

Дечки едно предлогче. Во воведнава страна Ио ги пишал филмовите што поминале на дискусии, сте застанале кај Gravity, малце сте подзаспале, али нема везе, ќе ја апдејтувате.
Него предлогов ми е, покрај тоа што се ставени филмовите поминати на дискусија, врз самото име на филмот да биде линкувана страната кадешто се почнала дискусијата за тој конкретен филм. Поентата е да се прочитаат мислења за некој филм што е подоцна гледан од некого кој не учествувал во тие дискусии и слично.
Pain in the ass ќе биде малце дур се среди се' тоа, али штом се фати ред после лесно е :)
 
Е да, Фројд од аспект на Дефо у неговата улога на терапевт и методи за терапија, али и теориите за The three beggars како дел од руски фолклор(дфак, кој чита руски фолклор?), суреализам, покајанија, зачетоци-апсолути на зло, и на крај субјективистичкиот поглед на Ларс. Wave-ови има најразлични и ќе има уште толку у наредни ревјуа за што уствари е идеата. Визуелно е неспоредлив со било што друго.
Плотот коа го видов предосеќав smthin's fuckd up over here.:unsure::cautious:
Не само Фројд од аспект на Дефо, туку Фројд од аспект на Ларс. Нели имаше и теории како единствените три лика во филмот се делови од едно битие: режисерот. ТОЈ е рационалното во Ларс, ТАА е нагонското, инстинктивното, а НИК е детето во него кое умрело тогаш кога се родила депресијата.
 
Легитимно е и ова, иако после се испомеша шо е рационално, нагони, инстинктивност. Има значи 6 фази/етапи, освен во првата филмот симплифицирано беше сведен на тоа дали Дефо ќе ја исконтролира и ќе ја излечи Шарлот, методот му беше клучната грешка "откривање и соочувањето со најдлабоките фобии" - Freud-like метод. Се потешко можеше да ја контролира, и филмот фати некои истрипани димензии, chaos reigned.
 
Инаку, Antichrist го сметаат за првиот дел од „трилогијата за депресијата“ на Ларс фон Триер: вториот е Melancholia, а третиот Nymphomaniac. Не знам за тебе, ама мене Melancholia ич не ми го направи меракот - единствен филм е кој три пати го имам пуштено и три пати имам заспано на сред филм <---ова буквално! :D Најлошиот негов филм!
Nymphomaniac уште не ми е гледан.
 
Melancholia е прејако филмче, има бавен билд ап и не секој може да издржи до крај. Ама од друга страна, е најблокбастеричниот (стварно wot? зборот?) од сите негови, како Antichrist и Nymphomaniac. Meне ми е омилен поради совршениот склоп на се што барам од филмот. Суреализмот и фотографијата ги имаше и во Antichrist, додека комплетно отсуствуваа од Nymphomaniac, кој беше сув, како документарец. Но беше повеќе story driven па таму надополнуваше, за во споредба.

Ова за мене е уметност.

Страшно добар филм овој The Equalizer, ме заинтригира уште од самиот почеток и имаше страшно добар крај, уживав во целите 2 часа. Дефинитивно еден од подобрите филмови годинава, морам да го пофалам и режисерот, ќе изгледам уште некои филмови од него веројатно следниот месец :) Такоџе, добра глума на Дензел и од него ми е ова прв филм кој го гледам, но погледнав во кои филмови глуми и налетав на добар материјал.

Uste edna propaganda na merica da ja prikaze Rusija kako losiot cicko e filmov,steta za Denzel dosega nemase utka so filmovite.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom