У твој "шизички" стил ќе ти одговорам . So What ?Очекувам модераторите да реагираат.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
У твој "шизички" стил ќе ти одговорам . So What ?Очекувам модераторите да реагираат.
А бројот од кол-центарот што кошта милиони да си го направеа?!?!![]()
Те молам напиши детали во врска со повиците:
- од кои броеви си се обидел да се јавиш
- во кое време
Ќе се обидам да ти помогнам.
Ги добив конечно и тоа од ВИП број...не ми се верува. А од т-мобиле и оне фиксни и мобилни јавува дека не постои.
Го откажав летот и ми кажаа колку пари ќе ми вратат, кога да очекувам да се направи промената на профилот и каде ги праќаат парите?
Јас во понеделник (за 7 дена) летам до Базел но многу ми е важно да ми се погоди точно на тој датум да сум во Швајцарија, а како тргнала работава тешко... Барем да им правеа полетување од Приштина/Охрид а не вака откажи лет, најлесно е...
Можно е да имаш ограничување на повик кон посебни броеви а да не си свесен за тоа.
Што ти одговорија на горниве прашања?
Можно е, не викам не, ме зачуди дека од различни оператори истото беше. Не ги прашав тоа, затоа што многу лошо се слушавме, едвај број на резервација дур да кажам, а после пресмета таму и кажа колку пари ќе ми вратат на your account. И за тоа дали е ок три пати се препрашувавме ради линијата и ради сето тоа не ми текна да прашам на која сметка, дали во банка или на профилот на виз?
Јас во понеделник (за 7 дена) летам до Базел но многу ми е важно да ми се погоди точно на тој датум да сум во Швајцарија, а како тргнала работава тешко... Барем да им правеа полетување од Приштина/Охрид а не вака откажи лет, најлесно е...
Веројатно во банка. Зависи од тоа како сте се разбрале.
А што можат да направат аеродромот или било која друга авиокомпанија, во врска со маглата и метереолошките услови?
Дури ни државата не е крива -надвор од изборот на локацијата за аеродром, а ајде некој нека предложи подобра локација (во близина на главниот град).
Среќен ти пат. Тоа е тоа.Пријатели да прашам уште неште ( може многу замарам ама немам искуство ) дали вака треба да изгледа карта со бординг чекирана преку интернет ( ваљда сум направил се како што треба ) фала и поздрав и да се надеваме дека ќе ја снема маглава