Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
А бројот од кол-центарот што кошта милиони да си го направеа?!?! :mad:
 
Те молам напиши детали во врска со повиците:
- од кои броеви си се обидел да се јавиш
- во кое време

Ќе се обидам да ти помогнам.
 
Јас во понеделник (за 7 дена) летам до Базел но многу ми е важно да ми се погоди точно на тој датум да сум во Швајцарија, а како тргнала работава тешко... Барем да им правеа полетување од Приштина/Охрид а не вака откажи лет, најлесно е...
 
Ги добив конечно и тоа од ВИП број...не ми се верува. А од т-мобиле и оне фиксни и мобилни јавува дека не постои.

Го откажав летот и ми кажаа колку пари ќе ми вратат, кога да очекувам да се направи промената на профилот и каде ги праќаат парите?
 
Можно е да имаш ограничување на повик кон посебни броеви а да не си свесен за тоа.

Што ти одговорија на горниве прашања?[DOUBLEPOST=1418648702][/DOUBLEPOST]
Јас во понеделник (за 7 дена) летам до Базел но многу ми е важно да ми се погоди точно на тој датум да сум во Швајцарија, а како тргнала работава тешко... Барем да им правеа полетување од Приштина/Охрид а не вака откажи лет, најлесно е...

Синоќешниот лет беше изведен од Охрид.

Со оглед на ситуацијата, гледам дека постои опасност од ширење голем број погрешни информации тука.
Би го замолил модераторот за троа damage control. Според ова што го гледам, последните три поплаки содржеа неточни информации. Би помогнал и би објаснил на сите, но за жал сум презафатен во моментов.

Би било добро кога луѓето би прашувале наместо да изнесуваат тврдења, за почеток.. кога веќе ги мрзи да читаат наназад низ темата.
 
Можно е да имаш ограничување на повик кон посебни броеви а да не си свесен за тоа.

Што ти одговорија на горниве прашања?

Можно е, не викам не, ме зачуди дека од различни оператори истото беше. Не ги прашав тоа, затоа што многу лошо се слушавме, едвај број на резервација дур да кажам, а после пресмета таму и кажа колку пари ќе ми вратат на your account. И за тоа дали е ок три пати се препрашувавме ради линијата и ради сето тоа не ми текна да прашам на која сметка, дали во банка или на профилот на виз?
 
Веројатно во банка. Зависи од тоа како сте се разбрале.
 
Јас во понеделник (за 7 дена) летам до Базел но многу ми е важно да ми се погоди точно на тој датум да сум во Швајцарија, а како тргнала работава тешко... Барем да им правеа полетување од Приштина/Охрид а не вака откажи лет, најлесно е...

За одложувањата на летовите треба да ја кривите АЦВ која што до ден денеска освен на телевизија никаде во реалност не започна со конкретни мерки за имплементација на понов ILS систем за слетување и полетување во Скопје. Летовите се откажани/пренасочени од сите превозници не само од Визер и сметам дека фрустрациите ги покажувате на погрешна страна.
 
Веројатно во банка. Зависи од тоа како сте се разбрале.

Како и да е, за колку време се прави тоа? И веројатно ќе добијам плус известување на мејл?
 
Ne be u zima da kupis karta od Skopje e rizik. Ne se krivi wizzair tuku od aerodromot i od agencijata za vozduhoplovstvo.
 
А што можат да направат аеродромот или било која друга авиокомпанија, во врска со маглата и метереолошките услови?

Дури ни државата не е крива -надвор од изборот на локацијата за аеродром, а ајде некој нека предложи подобра локација (во близина на главниот град).
 
Не треба да влијаат на условите треба само да го купат новиот ILS CAT 3 кој овозможува авионите автоматски да слетуваат компјутерски без никаква интервенција од човекот нешто што е практика секаде во светот освен во ретки исклучоци како Скопје. Имаме фенси аеродроми со прирачник за слетување од пред 100 години.
 
Пријатели да прашам уште неште ( може многу замарам ама немам искуство ) дали вака треба да изгледа карта со бординг чекирана преку интернет ( ваљда сум направил се како што треба ) фала и поздрав и да се надеваме дека ќе ја снема маглава
 
Attachments

  • 8a37c47de37604f4faa8e92232e9e4a34f52f0db11e6fa39701823ebdb921aae.jpg
    8a37c47de37604f4faa8e92232e9e4a34f52f0db11e6fa39701823ebdb921aae.jpg
    303,5 KB · Прегледи: 51
Пријатели да прашам уште неште ( може многу замарам ама немам искуство ) дали вака треба да изгледа карта со бординг чекирана преку интернет ( ваљда сум направил се како што треба ) фала и поздрав и да се надеваме дека ќе ја снема маглава
Среќен ти пат. Тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom