Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајги,
деновиве сум доста мотивирана и самоуверена. Имам чуство како да можам да ја направам и најтешката работа на светот. Конечно започнав да верувам во себе онолку колку што веруваат другите во мене. И знаеш што? Одма ми донесе резултати. Сабајлево добив вест за која мислев дека е потребно чудо да се случи. Дефинитивно крајов на годинава ми носи само убави работи, нека продолжи така и во наредната.
А јас вака мотивирана се фаќам за книгата да си ги наредам десетчиња и последнава година од проклетиве студии :cool:
 
Драга,

Да ми го видиш станов ќе влезеш у мајка ми mode и ќе ми се дереш колку ми е хаос!
Мака ми е да средувам коа знам дека у сабота се пакувам и праам генералка..
Ај сеа некако напрај побрзо да помине времето и да дое сабота пошо као шо сум тргнала со поклониве ќе ми треба уше еден куфер.
 
:place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place:


image.png
 
Oд време на време ти се обраќам тука пријателе.Денес беше еден од најладните денови годинава.Бев на факултет,имаа презентација едни фацички што ги запознав таму.На враќање сретнав еден човек.Одма кога го видов ме потсети на тебе , не знам зошто и двајцата го знаевме човекот ваљда зошто учеше со тебе во средно.Си направивме муабет до кај сме што сме и што правиме во животот.Се симнав и отидов до кај Т да пиеме кафе и после да отидеме до поликника нешто да му препишат за грло.Се пукнав од смеење кога му ставаа инекција од нигде никаде.После дое и А бевме на пиво и знаеш дека А е магаре и додека не се објасни нема крај.Патем се договоривме да идеме за Маврово за нова година,доста време гајбаревме кај Т.Faithful till the end bro
 
Ме напнаа демек да сум си купела саат сериозен а не овие спортскиве што ги имам и ок, разгледувам и си викам, ај не може на женскиве саати уште по некој циркон да стаат ебате. Ги глеаш моделиве и у тебе ти пее „она је од шутка парарамрамрамрам“... :uzi:
 
Ние што не го сликаме тоа што го јадеме или пиеме ќе гориме у пеколот изгледа...
Уште не можам да ја сватам потребата кафето што го пиеш да го сликаш за на фејсбук. :toe:
 
Значи имам еден пријател, скоро, пред некоја година се oжени и има мали деца, близначиња. Да се живи и здрави. Арно ама, ја како со овоа име шо го имам, сум му прв во именикот на телефонот и бебчињата ваљда си играат со него и ми ѕвонат у денот барем еднаш обавезно. И тоа имам приметено баш ова време, околу 8 саато. И секоаш одговорам на повикот и слушам како брче некое бебе од другата страна. Смешки ми е. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom