Љоренте многу помалце се користи како пивот, ако така може да се каже, да прима топки на 20 метра, да се гради и да разигрува, него ли што се користеше минатата сезона, незнам зошто е тоа така.
А се покажа како прилично ефективно.
Џабе ни е ако сака и на глава нека дуби, напаѓач од негов тип, ако не дава голови, едноставно е потрошен материјал.(освен ако не напраи едно 20 асистенции у сезона
)
Факт е дека без крила он не работи, па затоа и не е цела вина на него, ама тоа е тоа. Немаме доволно квалитетни крила за таква формација.
Тим како Атлетико, што гризат максимално во одбрана, мислам дека лесно ќе се справат со него, па затоа мислам дека Мората е подобра варијанта за натпреваров, пошто е совршен микс од Тевез и Љоренте, има карактеристики и од двајцата, а тоа е права реткост за напаѓач, нешто налик на Ибра.
Ама добро, нема да ми смета и Љоренте да стартува, Мората се покажа и како одличен џокер, и сигурно ако влезе порано во игра, ќе се раздвижи играта и те како.
Во секој случај, ете, добро е што имаме неколку типа на различни напаѓачи, па може Алегри да бира.