Знам, реално и така е. Баш во тие 2-3 години оскарите беа катастрофални. Отворив линк, точно, се борел со Инглориус Бастердс за оскар, сум го превидел ова, за мене е во најдобрите Тарантино филмови, симфонија е филмот, исто се сеќавам и на овој The Blind Side, затоа што филмот беше толку лош што не може да се заборави.
Немам како да го одбранам The Hurt Locker, јас го знам тоа
ама се водам според, ете, чувството од тогаш. Сега да го гледам пак не знам како ќе реагирам, знам само дека ќе бидам напнат и тоа е тоа.
Во следните години полоши филмови добиваа оскари, доби еден King's Speech за кој не верувам дека некој се сеќава веќе на филмов, исто The Social Network беше сериозен кандидат, просек од филм, после дојде на ред да земе Lincoln, оскар најново зеде 12 years a slave, кој уште малку и ќе биде заборавен, а никој нема да го гледа по втор пат, како ни Lincoln.
За мене последна квалитетна година на оскари беше конкуренцијата меѓу No country for old men и There will be blood. Тоа беше