ОНЕ и ВИП се споија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира вашето мислење дали тоа ќе испадне негативно или позитивно за претплатниците, со оглед на тоа дека ќе има само 2 играчи на пазарот, т-мобајл и овие заедно.
Мислам дека ќе биде негативно - ќе ги зголемат цените и своите профити
Во други држави формирање на вакви монополи го попречува државата,
Но кај нас такво нешто не очекувајте.
Нашата држава е слаба и царува корупција
 
Т-мобиле никогаш нема да паднат, држат многу јаки фирми. А и многу од приватните корисници што избегаа од нив заради скапите понуди, почнаа како попчиња да си се вракаат назад. Точно е дека крадат многу, но кој во државава не краде!? На овие другиве може целта им е да го бутнат Т-мобиле, што е многу тешко, едино ако не ја подобрат мрежата и ако не понудат многу ефтини понуди со многу гага минути и нет. Ако не понудат такво нешто наебавме три години и ке ни биде луксуз да имаме телефон на претплата. До душа со нашиве плати и дишењето е луксуз....
 
Користам Вип веќе една година, никогаш, ама никогаш досега не сум имал проблеми со мрежата, интеренетот, повиците или со сметката. Мене ми се одлични засега, имам уште помалце од година дена договор кој планирам да го продолжам.

За спојувањето не ме интересира ништо, нема да прокоментирам бидејќи не ме интересираат многу овие работи, времето ќе покаже дали е добро или не е.
 
прво не ги мешајте работите, со спојувањево на Вип и Оне не се доаѓа до монопол туку дуопол оти тука е Т-мобајл, и не е иста ситуацијата како кога грчки оте мораше да го продаде Космофон оти беше купен од Германски Тмобајл и тука ќе беше веќе монопол и ќе имаше 100% од пазарот оти немаше друг одсем нив.
Нека не ве буни пазарно учество од над 51% затоа што кога се две секако еден ќе биде над 50 % друг под. Логички :)

Е сега ова најверојатно го прават затоа што Телеком Австрија (ВИП) ќе го купи Словенскиот (ОНЕ) и со тоа ќе бидат приморани да го продадат едниот од операторите во Македонија кои ќе бидат под нивна контрола Вип или Оне, а со ова сите претплатници од двете фирми, како и Бум тв и Близу ќе останат во нивна сопственост и ќе му станат ептен јака конкуренција на Т мобајл.

Сега на АЕК и државата останува да направи анализа откако ќе се случи ова спојување, дали со 2 мобилни оператори се задоволува Македонскиот пазар или ќе доделат концесија повторно на некој нов трет мобилен оператор.(не виртуелен)

А дали ова ќе биде позитивно или негативно за нас како корисници допрва ќе видиме.
 
Се знае кои ќе бидат ефектите:

Помалце оператори, повисоки цени.

Дополнително ќе има големи отпуштања и затворање на салони, како и затворање на голем дел од телекомуникациската инфрструктура (укинување на базни станици итн.). Со ова, ќе се постигнат заштеди за обединетата компанија и ќе има поголем профит.

Математиката е јасна, но таа е во корист само на големиот бизнис, не на малиот корисник.
 
Ova ke bide beter od monopol,nikakva konkurencija ke nema t,mob ne gi interesira nisto a ovie kee gi sledat niv,i se vo krug,na steta na narodot.
 
Тие сакаат да се спојат, е сега дали од тука ќе се дозволи тоа... Не би требало, но ќе видиме.
Исто, кориснициве да ги оставиме на страна, ќе се затворат салони, дирекции, ќе се отпуштаат вработени... не е добра работа.
 
Не би било добро да се дозволи, ама ако пратиш сите медиуми веќе го „пакуваат“ ова како завршена работа.

Не ми се верува овие да лиферуваат ваква вест без тоа претходно да го уиграат со властите во Македонија. Не се до толку аматери.
 
Што бидна со спојувањето нели требаше после половина од ноември да започнат да работаат како една фирма ?? Да не знае некој повеќе информации за ова ??
 
Што бидна со спојувањето нели требаше после половина од ноември да започнат да работаат како една фирма ?? Да не знае некој повеќе информации за ова ??
Во Oне ми кажаа oд Јануари 2015 ќе билo спојувањето.
 
Тогаш ќе биде одговорот дали ќе има спојување (а ќе има) а процесот на спојување ќе трае подолго. Можно е и година две да функционираат како засебни фирми пред се да се заврши.
 
Во Oне ми кажаа oд Јануари 2015 ќе билo спојувањето.

А како ќе се спојат мислам дали ние ВИП ќе станеме или? Рекоа информации во ноември али нема ништо....
 
А како ќе се спојат мислам дали ние ВИП ќе станеме или? Рекоа информации во ноември али нема ништо....

Не, и ВИП и ОНЕ ќе станат нова фирма. Која ќе се вика некако. Водафон нешто се спомнува.
 
Не, и ВИП и ОНЕ ќе станат нова фирма. Која ќе се вика некако. Водафон нешто се спомнува.

Некако не ми е логично Водафон затоа што сепак тоа е друга фирма. Телеком Австрија си има еден бренд да речеме а1 во Австрија, Вип итн а Водафон е друга корпорација што знам....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom