O
ob1
Гостин
Ја по непристрасно и објективно мислење од дамна немам прочитано.. браво, секоја чест.Уште со 2010? Кај пишува дека играчот треба да се бира од тимот кој освоил ЛШ?
Ноер е најреално годинава. Човекот е УБЕДЛИВО најдобар голман не само 2014, туку последниве 4-5 години. Освои светско, освои и титули со Баерн.
Меси и Роналдо се горе-долу израмнети во статистика. Меси имаше лоша сезона ЛШ, Роналдо имаше лошо светско.
Да не се повредеше на сред светско Ди Марија и поубедливо да играше со Манчестер овие 2-3 месеци сигурно ќе заменеше еден од овие.
Дакле, Ноер.
Кај менаџерите мафијашот.
Меси и Роналдо имале израмнета статистика..

Или па ај неможе Меси да земе, па нека земе Ноер, што има врска. Која иронија човече, сите викаат дека треба да земе Ноер поради СП, а за најдобар играч на СП го избраа Меси.

Според мене за играч Роналдо, по кој критериум и да ја даваат наградата (индивидуален или тимски критериум) он сепак е пред другите двајца. Тимски освои ЛШ, Европски Супер Куп и Шпански Супер Куп со можност да освои уште една титула до крајот на годинава. Индивидуално, најдобар стрелец за изминатата сезона и во ЛШ и во Ла Лига. Оваа сезона, месец ноември а он има веќе 20 гола дадено, најдобар асистент во лигата до сега. Најдобар играч во Европа избран, листата е предолга.
За најдобар тренер, ако може да ја поделат наградата сите тројца би било најфер, зашто сите тројца направија извонредни нешта со своите екипи. Карло освои ЛШ, Лев освои СП, а Симеоне освои лига покрај Барса и Реал. Кога би морало да се бира, Симеоне. Зашто за другиве двајца реално и се очекуваше дека ќе освојат ЛШ и СП, додека Симеоне тоа што го направи беше неочекувано.



