FIFA Ballon d'Or 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар играч и тренер во 2014 година?

  • Вкупно гласачи
    174
Роналдо / Симеоне

Роналдо заради константноста скоро целава година, плус имаше и одличен тимски успех, Симеоне заради фантастичнио успех со тимот на Атлетико Мадрид.

Ноер е фантастичен голман, моментално најдобриот, но сепак нема толкав импакт во играта колку што има еден Роналдо или еден Меси.
Плус, титулата на Германија ја донесе колективот пред се а не поединец кој одскокнувал од другите.

Така да, според мене, Роналдо е играчот кој највеќе ја заслужува оваа награда годинава.

Друго, статистикава погоре искрено ме изненади малце. Очекував бар 15 гола да му бега Роналдо на Меси а не да се толку блиску статистички во можеби најдобрата календарска година на Роналдо и една од најнеконстантните на Меси во последните 4/5 години.
А, тоа значи дека Меси за негов критериум поставил ептен висок стандард, па година во која ќе постигне 60 гола и над 20 асистенции ти изгледа као просек.:eek:

Трето, баш пред некој ден си помислив дека Роналдо како што тргнал ќе има шанси да го стигне Меси за највеќе голови во една календарска година, али како што гледам сега по статистиката далеку е од тоа, 55 гола има а останато уште 30 дена до крај на годинава. Меси у календарска 2012 ги имаше 91, со што само се потврдува високиот стандард што го поставил малиот за него.
 
Уште со 2010? Кај пишува дека играчот треба да се бира од тимот кој освоил ЛШ?

Ноер е најреално годинава. Човекот е УБЕДЛИВО најдобар голман не само 2014, туку последниве 4-5 години. Освои светско, освои и титули со Баерн.

Меси и Роналдо се горе-долу израмнети во статистика. Меси имаше лоша сезона ЛШ, Роналдо имаше лошо светско.

Да не се повредеше на сред светско Ди Марија и поубедливо да играше со Манчестер овие 2-3 месеци сигурно ќе заменеше еден од овие.

Дакле, Ноер.

Кај менаџерите мафијашот.
Со оглед на тоа што никот мој ќе наговести да мислите дека не сум реален, ќе пробам да сум субјективно објективен. :D Биле во обратна ситуација Меси и Роналдо, каде што Роналдо имал подобра статистика но Барса беше Европски првак што беше доволна причина Меси да ја добие златната топка. :)
 
Јас не реков Меси да освои. Реков дека имаат изедначена статистика. Ноер.
 
Со оглед на тоа што никот мој ќе наговести да мислите дека не сум реален, ќе пробам да сум субјективно објективен. :D Биле во обратна ситуација Меси и Роналдо, каде што Роналдо имал подобра статистика но Барса беше Европски првак што беше доволна причина Меси да ја добие златната топка. :)
Роналдо откако дојде во реал и меси откако ја освои првата златна топка во 2009, во ниедна сезона наредните 4 години роналдо немаше повеќе голови и асистенции дадено од меси.
 
Роналдо откако дојде во реал и меси откако ја освои првата златна топка во 2009, во ниедна сезона наредните 4 години роналдо немаше повеќе голови и асистенции дадено од меси.
2013 - Меси 45 гола, Роналдо 69
2014 - Меси 52, Роналдо 55, има уште да се игра.

-
2011 - Меси 59, Роналдо 60.

2012 знаеме сите. 2010 не знам.

А ако зборуваш за сезонски, те потсетувам наградата е за календарскиот период, Јануари-Декември.
 
Роналдо откако дојде во реал и меси откако ја освои првата златна топка во 2009, во ниедна сезона наредните 4 години роналдо немаше повеќе голови и асистенции дадено од меси.
Мисли за 2011, кога Роналдо имаше еден гол повеќе од Меси, а 18 асистенции и 4 трофеи помалку.
 
2013 - Меси 45 гола, Роналдо 69
2014 - Меси 52, Роналдо 55, има уште да се игра.

-
2011 - Меси 59, Роналдо 60.

2012 знаеме сите. 2010 не знам.

А ако зборуваш за сезонски, те потсетувам наградата е за календарскиот период, Јануари-Декември.
Јас ти кажувам за годините кои меси освои златна топка, зашто ти рече дека роналдо во тие години имал подобра статистика од меси, а што ги мешаш ти 2013 и 2014 незнам.

2009
Messi 41 goals
Cristiano Ronaldo 30 Goals

2010
Messi 60 goals
Cristiano Ronaldo 48 Goals

2011
Messi 59 goals
Cristiano Ronaldo 60 Goals

2012
Messi 91 goals
Cristiano Ronaldo 63 Goals

Што кажува дека освен во 2011 каде има само 1 гол повеќе но освои се друго, не дека вртам на трофеи, но 1 гол повеќе не е критериум за златна топка, па според тоа мора на некоја друга споредба да се сврти.
 
Значи Роналдо оваа година е неприкословен.Освои Лига на Шампиони и Купот на Шпанија и игра феноменално ,за разлика од Меси кој имаше падови и не освои ништо .
Платини го наметна Ноер затоа што од светскио првак морало да биде најдбориот(пазите Меси беше прогласен за најдобар на мундијалот а не Ноер кој тоа го заслужи бидејки беше надјдобар )Никој не спори за класата на Ноер но сепак едни споредби се прават МЕСИ-РОНАЛДО сите други се небити .Ако одиме по тааа логика дека морало Ноер да земе бидејки бил светски жампион зошто од шпанија не зема никој а доминираше 6 години без конкуренција !
За тренер Диего Симеоне ,тој е човекот што го направи невозможното.Малку повеке срека да имаше во финалињата во Шпанија и Лигата на Шампионите ке ги освоеше .Со мали вложувања од еден просечен клуб Атлетико Мадрид прерасна во опасна конкуренција на Реал Мадрид и Барселона .Вистина е дека и Реал Мадрид со Анџелоти освои Лига на Шампиони ама со преголеми вложувања .
 
Јасно е бе... просечен Меси = најјак Кристијано.
 
Ноер зеде „златна ракавица“ на светското.
Голманите не беа во конкуренција за „златно стапало“.
 
Нека биди просечен Меси = најдобар Кристијано и наредниве 3 години, па ќе видиме дали ќе можите да се фалите со GOAT. :pipi: Место да распука во 1-2 сезони, Роналдо одржува константност каква не сме виделе од никој во фудбалот... ~60тина голови лаганица и тоа е.
 
Сфаќате ваљда дека и двете страни сте страшно субјективни и дека со споредување статистички податоци до утре нема да се договорите кој заслужува,или у превод наградата комотно може да се прекрсти Роналдо-Меси де Оро....

Нема кредибилитет,нема критериуми,класична политика и маркетинг е.

Роналдо ја играл сезоната на животот,а Меси у суштина статистички е ист скоро со него...И ај одете сеа договорете се.

Нема дефиниција на зборот најдобар кај оваа награда и за едните тоа секогаш ќе биде Роналдо за другите Меси.

И двајцата да се цела сезона повредени пак ќе бидат номинирани.[DOUBLEPOST=1417473657][/DOUBLEPOST]
Нека биди просечен Меси = најдобар Кристијано и наредниве 3 години, па ќе видиме дали ќе можите да се фалите со GOAT. :pipi: Место да распука во 1-2 сезони, Роналдо одржува константност каква не сме виделе од никој во фудбалот... ~60тина голови лаганица и тоа е.

Лаганица брат стварно пуни ги Леванте и Севиља а посери се кога најмногу и требаш на екипата...

Малце реални да бевте ќе се залагавте Рамос да ја добие или Ди Марија....Ништо немаше да има од вашата децима без овие двајца.

Ама заслепени сте од статистики и тоа е тоа.Факт е дека у најбитната утакмица за вас лани Роналдо СЕ ПОСРА! Да не израмнеше Рамос ќе беше најголем флоп Роналдо на утакмицата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Нека биди просечен Меси = најдобар Кристијано и наредниве 3 години, па ќе видиме дали ќе можите да се фалите со GOAT. :pipi: Место да распука во 1-2 сезони, Роналдо одржува константност каква не сме виделе од никој во фудбалот... ~60тина голови лаганица и тоа е.
Константност?

Messi is for the 8th consecutive year in the top-3 of the Ballon d'Or, an all-time record.
 
Факт е дека у најбитната утакмица за вас лани Роналдо СЕ ПОСРА! Да не израмнеше Рамос ќе беше најголем флоп Роналдо на утакмицата.
Роналдо играше со painkillers финалето и едвај се движеше, веднаш се ослободуваше од топката и ретко правеше спринтови и продори, ако си го глеал финалето ќе видиш дека играше статист колку да привлечи маркери на себе. А тоа дека лупна 16 гола на патот до финалето нема врска.

А Ди Марија промарши пенал против Дортмунд, каде ќе отпадневме за малку. ;) Ама тренди е да се хејта Роналдо, тренди е да се сака Ди Марија пошто е погрд и поскромен.
 
Заслужува Роналдо да земе. Истите тие што пред некоја година нешто во стил Коентрао > Лам, Пепе > Боатенг сега наеднаш Роналдо играл со слаби играчи на светското.

Не сфаќајте погрешно и не рипајте одма ко кенгури, да најдобар беше за оваа година. Само исти сте ко овие од Барса кога вадеа статистики 2012 дека Меси имал најмногу дадено голови, а Роналдо освоил La Liga. Сега вие го потите за тоа како Роналдо имал дадено еден гол повеќе од Меси. Меси ако ја земе наградата треба колективно да се самоубијат тие што ќе го изгласат. Само се вртите во круг со аргументите

И Ди Мариа последниве 2 месеци да ги одиграше страшно како претходно цела сезона тој требаше да земе. Зашто тој и Рамос се истакнаа за да ја освојат Ла Децима. Роналдо во финалето единствено што даде гол кога беше завршено веќе и рипаше како тој сам да го освоил.

Лично сакам Ноер, ама и пишав вкупната слика од цела година на Кика му нема рамен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom