Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
пајаците дигаат коли во Козле,
http://a1on.mk/wordpress/archives/416500

Дел од жителите на Козле пријавувале во полиција мислејќи дека некој им ги украл возилата додека не добијат одговор дека возилото им е на платото под железничката станица и за да си го земат треба да платат.

Акцијата на пајак службата ги вознемири граѓаните. Вработените на прашањето зошто им ги подигаат автомобилите од пред домовите одговарале дека така им е наредено без да посочат од кој.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Дневник е објавен голем напис во кој директорите на зонашите велат: Паркинзи имало многу ама „ несовесните возачи не сакале да се фатат за џеб “
http://dnevnik.mk/?ItemID=F7E239762D79AF48BC4BEB57C498B6A9
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во написот од Дневник во претходниот пост # 1249, објавен е и мој коментар.
На тој мој коментар друг читател напишал коментар кој гласи
Do batkava SMRT ZA ZONI I PAJAK VOZILA izgleda ti si od selacive sto parkiraat kade sto stignat inaku nema da zboruvash taka.... Smesno e gospodin nekoj da vozi bmw ili mercedes od 50 000 evra a se ciganci za 50 denari parking...
Eте така напишал овој читател и тоа со латиница:
Овој читател е најверојатно зонаш и тој го искажува своето зонашко мислење.
Според него граѓаните возат коли од 50 илјади евра, а тој им зема на богатите кои се „ циганчат “
И тој и мене и Вас не нарекува „ сељаци “
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
хе хе ....се циганчат за 50 денари...па овој нормален ли е? За паркинг не давам ни 10 денари а камо ли 50 денари. Значи застанувам и го паркирам мојот Мерцедес (додуша од некои 2000 евра) каде ќе најдам прво слободно место без знак за зонско паркирање...и си бркам работа.
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
хе хе ....се циганчат за 50 денари...па овој нормален ли е? За паркинг не давам ни 10 денари а камо ли 50 денари. Значи застанувам и го паркирам мојот Мерцедес (додуша од некои 2000 евра) каде ќе најдам прво слободно место без знак за зонско паркирање...и си бркам работа.
Па сите така правиме бе пријателе..Платив паркинг еднаш во Шутка само,за 100 денара поарно нека седи до колата и нека ми ја чува 3-4 саата..Оти ќе ми ја дигне пајак,или може да не ја видам веќе..
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Зонско паркирање и во Гевгелија
„ Општина Гевгелија, по примерот на неколку градови во државата, одлучи да воведе зонско паркирање за да стави ред особено во централното градско подрачје каде во пазарните и викенд деновите се создава вистински сообраќаен хаос.

Од локалната самоуправа денеска информираа дека за решавање на горливиот проблем, наскоро ќе се распише тендер за изработка на проект за зонски систем на паркирање на автомобилите.

- Во подготовка сме на објавување тендер за организирање зонско паркирање кое ќе се наплатаува затоа што не може некој да узурпира простор со возилото 12 до 15 часа на ден, рече градоначалникот Иван Франгов. “
http://www.press24.mk/naskoro-zonsko-parkiranje-vo-gevgelija

Инаку струмичките зонаши, предводени од убавата Верица се фалат со зонското

„ Во првиот месец од воспоставување на системот за организирано паркирање, на раположливи 713 наплатни паркинг места, јавното претпријатие овозможи повластено паркирање на 242 возила во подрачјата кои се опфатени со зонско паркирање. „
http://24strumica.mk/4155/jp-parkiralista-strumica-prviot-mesec-od-zonskoto-parkiranje-so-pozitivni-efekti/
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
@Смрт за зони и пајак воз. Во Охрид пајаците останаа без мрежи

http://ohrid1.com/13632/drama-vo-centarot-na-gradot-ohrigjanka-so-svoeto-telo-go-braneshe-avtomobilot-od-policijata
ДРАМА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ – ОХРИЃАНКА СО СВОЕТО ТЕЛО ГО ”БРАНЕШЕ” АВТОМОБИЛОТ ОД ПОЛИЦИЈАТА



Во мооментот кога пајакот ги ставил своите канџи врз нејзиното возило, хероината на денот седна врз хаубата на возилото за да ги спречи полицајците да го однесат во ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ.

По подолго натегање пајакот заминал празен, а госпоѓата на сликата со своето возило си замина дома.







:bravobe::aplauz::cuc:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Дневник е објавен напис за зонското во Ѓевѓелија
http://dnevnik.mk/?ItemID=F490DFEFAB1B8341AFC5F46CC0985817[DOUBLEPOST=1419459506][/DOUBLEPOST]Кумановските зонаши ќе купеле уште еден пајак и за тоа наводно ќе плателе 3 милиони денари
( инаку нов пајак чини 100 илјади евра )
http://www.kumanovonews.com/vesti/kumanovo-parking-ce-nabavi-uste-eden-pajak
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
И оваа година се јавија охридските „ богобојажливи “ зонаши:
„ По повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, утре, 7- ми јануари, паркирањето на возилата на сите паркинзи во градов со кои стопанисува ЈП “Билјанини извори“ќе биде бесплатно во двете паркинг зони.
На овој начин ЈП „Билјанини извори“ се приклучува во одбележување на големиот христијански празник.“
Прочитајте... насмејте се....
http://www.ohridnews.com/vesti/79014
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Штип зонското се проширува.
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/11703-2015-01-08-16-14-36
„Во наредните неколку месеци предвидено е да почне наплатата на уште неколку паркинзи, кои се лоцирани околу соборниот храм „Свети Никола“, Домот на културата, како и долж реката Отиња, до паркот Пролет.“
Ова е „ болест “ на сите зонаши
Бидејќи имаат мал приход го прошируваат зонското надевајќи се дека повеќе ќе заработат.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Во Штип зонското се проширува.
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/11703-2015-01-08-16-14-36
„Во наредните неколку месеци предвидено е да почне наплатата на уште неколку паркинзи, кои се лоцирани околу соборниот храм „Свети Никола“, Домот на културата, како и долж реката Отиња, до паркот Пролет.“
Ова е „ болест “ на сите зонаши
Бидејќи имаат мал приход го прошируваат зонското надевајќи се дека повеќе ќе заработат.
Смачено ми е да пишувам една иста работа 1.000.000 пати ама лугето очигледно или не разбираат македонски или не им се миени ушите.......

Значи да расчистиме една работа.Не може да се паркираш тебе каде што ке ти прдне на дебелото месо....За тоа постојат паркинг плацеви кои на твоја штета се наплакаат.....Не може да се паркираш пред Т.Ц Бисер на лента која е за автобуси ,па кога ке дојде пајакот да се вадиш со ефтина финта..А бе на 2 минути се паркирав,па после цела пајак служба да ти биде крива зошто баш тебе те нашле да те дерат.....

Ако си од Скопје,ама изгледа не си,сеуште има диви паркинг плацеви кои на твоја несрека не ти се до дебелото месо а треба да пешачиш 5 минути(денес мерено од паркинг до ГТЦ)......

Ако си решил да бидеш горд сопственик на миленик на 4 тркала,треба да разбереш една работа дека ке треба да го паркираш каде што треба,а не каде што ти прднало тебе на дебелото месо......

Јас колку што сум видел,до сега ниеден пајак нема дигнато прописно паркирано возило макар и да е на див паркинг,а сеуште ги има низ градов.....

Значи или патиш од комплекс на дебелото месо,или не ти се миени ушите........

И за крај престани да пропагираш и да ги гушиш лугето со твоите постови,зошто си навистина оток бе .....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom