Денес стандардно, по Партизанска, чопор пајаци се движат (како и секој ден) и подигаат коли (нормално, ги подигаат тие што смеат*, а и после секој ден лов, више и нема толку коли кои се паркираат на места од кои они подигаат). Застануваат на семафори и поминуем тука на пешачки, али едниов застанал баш на пешачки, па пешаците го заобиколуваат. Доаѓа ред на мене да поминам, го заобиколувам, застанувам и му викам да го отвори прозорчето.
Отвара и ми вика:
- И ти ли исто ќе ми збориш за тоа зашто сум застанал на пешачки? (пошто изглеа, у пролаз, му мрчеа неколкумина, со право, секако)
- Не бе ја не сум ситничар.Само да ви кажам дека, сеа поминав кај Јаја Паша и таму имате пуна капа за подигање. Со еден ден цел буџет ќе напуните.
- Ааа, не. Се плашам таму да идам.
- Свака част на искреност.
па си породужив.
И нема баш многу што да се каже, кога самиот тој што е задолжен за спроведување на оваа репресија, признава дека тоа го прави двоаршински.
* види го мојот пост погоре