Barclays Premier League - Season 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?

  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
1536441_10153360669509745_4735174933000680962_n.jpg

Кога сакаш да бидеш како Пеп, а не можеш :D
 
Овие Челзи пак со судии тепале. :pos:Еве сега гледам чист офсајд првиот гол на Коста.
Аииии црвениов :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO: Цццц и после курињо ќе кажува најдобри биле. :notworthy:
 
Не фала, ние не, на Јунајтед им е непреболена љубов, со нив договарајте се.
Гоолема грешка. Јунајтед му е непреболена љубов на Мурињо, нас не боли газот за него. :P
 
Колку само резултатите на Клоп покажуваат дека би бил полошо решение од Венгер. Еден аргумент не му оди во прилог.
Кои резултати на Клоп? Клоп нема ли подобри резултати од Венгер последниве неколку години? Или една лоша сезона, кај што им се дашаваат триста глупости наведуваат на тоа, дека Клоп е некој менаџер што има лоши резултати?
Му оди во прилог тоа, дека со послаб тим има подобри резултати од Венгер.
 
Последната реченица е клучниот дел, а и тоа триста глупости. Не би рекол дека тимот со кој Клоп направи успеси е послаб од овој на Венгер. Тоа што играчите биле земени за релативно мали пари не значи дека се послаби. Сахин отиде во Реал, Геце во Баерн, Левандовски во Баерн, Кагава во Јунајтед, Ројс и Хумелс цел свет ги сакаат, да не беше повредата на Пишчек и тој ќе направеше голем трансфер. Тешко дека станува збор за послаб тим. Можеш тој тим да го споредиш со тимот кога Венгер освојуваше титули, а не со овој. И тогаш Реал и Барса беа доста заинтересирани за играчите на Арсенал, особено за Анри, Кол и Виеира. Познато е дека и Венгер го одби Перез за во Реал во тој период.

После, му ги зимаат сите играчи и он успева да се одржи во врвот без да освои титула така? Па кога ни ги зимаа и нас клучните играчи Венгер сепак успеваше да го одржи Арсенал во врвот со уште поголема конкуренција, а сепак да не освои титула. Каков е тој поголем успех на Клоп?

Еве годинава им се случуваат разни глупости како што ни се случуваат и нас последниве неколку години и гледаме колку е лесно да се одржи тимот во врвот. Ми се допаѓа фудбалот на Клоп, ама сеуште не докажан дека може да го направи Арсенал подобар.
 
Вистински тест и за Симеоне и за Клоп ќе биде кога нивните сегашни или идни клубови ќе им наметнат притисок да освојуваат трофеи секоја година. Играта на нерви е опасна работа. :)
 
https://vine.co/v/O11Umxjwv95

Ние го имаме најдобриот беГ на светот, ама бег во буквална смисла.
Па едно време читав дека зимава ќе си одел од Ливерпул. Точно ли е тоа? Ако е точно сватливо е неговово понашање, проблем е што Роџерс сеуште го игра во прв тим.
 
Овие Челзи пак со судии тепале. :pos:Еве сега гледам чист офсајд првиот гол на Коста.

Аииии црвениов :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO: Цццц и после курињо ќе кажува најдобри биле. :notworthy:
Срцка си :X3:
Гоолема грешка. Јунајтед му е непреболена љубов на Мурињо, нас не боли газот за него. :P
Гоолема грешка, вас ве боли газот од Мурињо. :P
 
Па едно време читав дека зимава ќе си одел од Ливерпул. Точно ли е тоа? Ако е точно сватливо е неговово понашање, проблем е што Роџерс сеуште го игра во прв тим.

Има интерес од Рома, а наводно одбил нов договор од Ливерпул, кој му нудел дупло помала плата од сегашнава. И да си оди, и да не си оди, ова му е шанса да докаже дека сепак вреди нешто, ама со настапиве би бил изненаден и Рома ако сериозно се загрее за него.
 
Последната реченица е клучниот дел, а и тоа триста глупости. Не би рекол дека тимот со кој Клоп направи успеси е послаб од овој на Венгер. Тоа што играчите биле земени за релативно мали пари не значи дека се послаби. Сахин отиде во Реал, Геце во Баерн, Левандовски во Баерн, Кагава во Јунајтед, Ројс и Хумелс цел свет ги сакаат, да не беше повредата на Пишчек и тој ќе направеше голем трансфер. Тешко дека станува збор за послаб тим. Можеш тој тим да го споредиш со тимот кога Венгер освојуваше титули, а не со овој. И тогаш Реал и Барса беа доста заинтересирани за играчите на Арсенал, особено за Анри, Кол и Виеира. Познато е дека и Венгер го одби Перез за во Реал во тој период.

После, му ги зимаат сите играчи и он успева да се одржи во врвот без да освои титула така? Па кога ни ги зимаа и нас клучните играчи Венгер сепак успеваше да го одржи Арсенал во врвот со уште поголема конкуренција, а сепак да не освои титула. Каков е тој поголем успех на Клоп?

Еве годинава им се случуваат разни глупости како што ни се случуваат и нас последниве неколку години и гледаме колку е лесно да се одржи тимот во врвот. Ми се допаѓа фудбалот на Клоп, ама сеуште не докажан дека може да го направи Арсенал подобар.
Ниеден од играчите што ги наброја немал клучна улога во тимот во кој направиле трансфер. 2ца се вратија во Дортмунд, Геце моментално не е некоја битна карика во Баерн, а за Левандовски рано е да се зборува. Ова мислам дека доволно зборува, дека се работи за квалитетен развиен систем на Клоп, а не за некои екстремно квалитетни играчи. Он направи играчи како Суботиќ, Пишчек, Шмелцер, Блашчиковски, Бариос да изгледаат како светска класа играч, а не се ни близу до тоа.
Што ако ги сакаат Ројс и Хумелс, кога и двајцата се ептен склони на повреди и не гарантираат никаков успех со евентуален трансфер.
Па 2 пати освои лига, некој куп, супер куп, финале ЛШ.

Му се случуваат разни глупости. Не може никако да состави тим за утакмица, секогаш игра со крпеници, примање бизарни голови, промашување огромен број на шанси.
Значи нема некоја разлика во играта од минатите сезони, ама може да се искористи клишето и да се каже дека едноставно немаат среќа оваа сезона.
 
Ова што го кажа за Дортмунд, буквално истото можеш да го напишеш за Арсенал. Да не сме играле некогаш со целосен тим, без крпеници, бизарни голови, промашувања, па доволно е да се види последната утакмица со Јунајтед, класична дефиниција на промашувањ шанси и бизарни голови.

Но заминаа некои играчи од нивниот тим, имаат многу повреди, тактиката изненадување веќе не пали кај Дортмунд, а веројатно и немаат многу мотивација со противник како што е моменталниот Баерн.

А нив во Бундесот единствен конкурент им е Баерн, тука да сакаш Премиер да освоиш имаш еден куп „тешки“ тимови да поминеш.
 
Ниеден од играчите што ги наброја немал клучна улога во тимот во кој направиле трансфер. 2ца се вратија во Дортмунд, Геце моментално не е некоја битна карика во Баерн, а за Левандовски рано е да се зборува. Ова мислам дека доволно зборува, дека се работи за квалитетен развиен систем на Клоп, а не за некои екстремно квалитетни играчи. Он направи играчи како Суботиќ, Пишчек, Шмелцер, Блашчиковски, Бариос да изгледаат како светска класа играч, а не се ни близу до тоа.
Што ако ги сакаат Ројс и Хумелс, кога и двајцата се ептен склони на повреди и не гарантираат никаков успех со евентуален трансфер.
Па 2 пати освои лига, некој куп, супер куп, финале ЛШ.

Му се случуваат разни глупости. Не може никако да состави тим за утакмица, секогаш игра со крпеници, примање бизарни голови, промашување огромен број на шанси.
Значи нема некоја разлика во играта од минатите сезони, ама може да се искористи клишето и да се каже дека едноставно немаат среќа оваа сезона.

Нема везе, не можам да должам многу затоа што во секој случај нема да го смениш мислењето. Пишуваш, а не сфаќаш дека истото важело и за Арсенал во некој друг период. За какви клучни играчи збориш? Меси и Роналдо? Па тоа што е Левандовски во Баерн, така и Анри беше во Барса. Значи во период каде што и двата клубови имале одлични играчи, и двајцата тренери имаат идентични успеси. Во период каде што на двата клубови им зимаат клучни играчи, повторно идентични успеси. Тргни ги повредите на страна затоа што тоа уште помалку иде во прилог на Дортмунд знаејќи ја ситуацијата на Арсенал секоја измината година последниве 5-6 години. Ројс и Хумелс се класа играчи. Суботиќ, Пишчек, Блашчиковски се сосема солидни играчи каква што секоја јака екипа имала. Ниту една екипа не е составена од 11 класа играчи. Ти ги направи бетер од Мојсов и Шиков.

Ќе видиме како Дортмунд ќе се извлече од гомнава, со извинење, али Арсенал секогаш се вадел од истата ситуација последниве 5-6 години во многу потешка лига. Сега и трансферите ќе им бидат многу полоши од оние во првата сезона затоа што сите големи клубови ќе обрнуваат внимание на нивната заинтересираност. Еве оваа сезона и не направија некои трансфери за квалитативно да ги заменат заминатите играчи. Може наредниве 7-8 години на Клоп во Дортмунд ќе бидат многу полоши од оние на Венгер во Арсенал.

http://www.goal.com/en/news/15/germ...tmund-stopped-me-joining-real-madrid-gundogan

Гундоган, не Фламини. :)
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom