Е така од потребата да се дистанцирам од движењето со тарабата на чело кое зема замав и да се декларирам како критичар со најдобри намери за клубот. Или можеби е подобро и да го нагласам тоа дека критиките не ми се со задни намери и не се водат по тарабата.
Коп, ако смешните од Редс ги согледуваш и доаѓаш овде да контаминираш со ист вид на отров коментари во вид на лична катарза тогаш тоа не е во ред. Иако за волја на вистината се многубројни таквите загадувачи. Еве имаме таква привилегија да го читаме Скаузерот. Па човече он леб и паштета ке јаде до крај на живот само Џонсон и Локи да играат. Ама кај него ми се допаѓа што има карактер за таков потег на еден многу шмекерски начин да бидеш во константност позади него.
Е сега кога ми кажа веќе дека имало сменето три формација ја оплеска начисто. Па каде бре човече ти гледаш позиција на играч. Каде гледаш играч со јасна и конкретна работа која ја има на терен. Зарем не приметуваш дека постои
хаос во тимот. Никаква дисциплина нема. За ова може да се развие дебата почнувај од систем на избирање на играчите и како што напоменав претходно, системот по заслуги непостои. Е за вакви залажување се нервирам кога ке спомне некој. Какви црни три формации човече.