ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34
Јаневски од Куманово ми делува физички јас да игра у одбрана а плус има и висина.
Брат за одбрана и неталентиран ракометар можеш за 2-3 сезони да го направиш јак дефанзивец. Ако спомнуваме кошаркари веќе треба да е некој со добра моторика или техника ко тие што ги набројавте. (Мичо на пример

Инаку, вчера Ортега одлично го имаше проучено нападот на Вардар. Целосно им го скрати протокот на топка, го умртвија целосно Душебаев, оној Мирсад Терзиќ секој напад знаеше каде ќе подадат или он или Карачиќ.
Факт е дека нападот на Вардар сеуште не оди под конец и според мене е многу послаб од тој напад што се играше лани. Во сите ЛШ мечеви досега нападот премногу зависеше од Душебаев, односно од неговата 1на1 игра која вчера што заради неговата повреда што заради одбраната на Веспрем беше елиминирана. До душа во второ одлично самиот го реши тоа, решавајќи се на асистенции место на влезови и имаше неколку одлични додавања до Карачиќ и до пикер.
Карачиќ - Started from the bottom now I'm еден од најдобрите средни бекови во светот.

Мислам дека фали уште еден млад играч во бековската постава, на лев бек да „расте“ под Гонзалез заедно со Душебаев. Да го собереа Слискович некако, таа постава со него, Игор и Алекс мислам дека би била преексплозивна дури и за одбрана каква шо има Веспрем.
Затоа што сепак Лацковиќ и Горбок се олд-скул бекови, грамадни шутери кои три секунди се креваат на шут и за кои да имаат ефект (под ефект мислам 5+ гола со 70% прецизност) ситуцијата мора да им биде обработена од плејмејкерот и пикерот.
Тука е една од грешките на Раул вчера, што не го играше Прибак заедно со Горбок. Мислам дека и на минатите мечеви таа соработка се прикажа ко продуктивна. Вчера премногу често ги менуваше Лац и Горбок а играчот кој би можел да им изработи шут - Прибак, скоро и да не играше.
Бев скпетик за Лацковиќ, едноставно човекот е преуништен од повредите кои го заредија и искрено играше над очекувањата сезонава. Се глеа дека гори од желба да си ја врати формата но шансите за тоа се минимални. Дури и неговата одбрана е премногу послаба од онаа која ја играше пред повредите.
Дибиров, ај што не е и самиот во формата од лани ама годинава треба да се истакен дека игра до двајца шутери кои не се баш изразити асистенти. Лани до него на лев бек играа или Прибак или Карачиќ кои со „финта“ навлекуваа играчи и така Тимур добиваше голем простор за влез. Слично и на другата страна, многу ми е жал за Брумен кај кого се глеа дека не е сконцентриран како што го навикнавме, затоа и Шишкарев играше на почетокот.
Се осети вчера тоа неиграње на класичен дефанзивец. Во најголемиот дел играа Лацковиќ и Тоскиќ на 3-4 и Веспрем прелесно влагаше на шест метри. Отсуството на Абутовиќ не влијаеше толку лично заради неговото отсуство во поглед на неговиот перформанс, туку ја имаше и тотално сјебано ротацијата одбрана-напад, што и те како влијае врз играта.
Али, 24 гола не се многу примени, сепак вината би ја префрлил кај нападот, кој што пишав не е течен ко тој лани. Особено па вчера каде и лошиот старт ги уништи и играа ко потресени и понатаму, ја искористивме дури четвртата шанса за израмнување откако што заради технички грешки што заради промашени зицери претходните три пропаднаа. А тоа што Веспрем ни дозволи дури четири шанси за враќање во резултатот, доволно говори дека и тие не беа на највисоко ниво.
Но сепак покажуваат дека се пред се екипа, овој пат не се истакна никој кај нив, имаат одлична кохезија, војничка одбрана која не за џабе ги става во кругот на најголемите фаворити.